За било која кола нов фар е скап.
Мешаме баби и жаби.
Кога ќе купиш кола кај нас, се гледаат цените на стари резервни делови. За BMW има делови, со лопата да ринеш. Имаш да пребираш.
Ги носат од Германија,Англија за багателни цени и ги растураат и потурено е од делови по отпадите во Тетово, Гостивар и Косово.
За твојата C5-ка фаровите се од 300-400 евра парче па нагоре нови. Valeo сигурно 500-600 евра од фар.
За растурање и за делови како секаде има низ Тетово Гостивар и Косово, тоа е само мит.
И за VW имало со „лопата да ринеш“, ама никако да изринам барам кука и мало резервно тркало 5х112 R15 добри 5 месеци, а ја свртев цела Македонија и се јавив во Косово, едноставно нема и крај
А за Цитроен најдов навистина со лопата да ринам, имав избор како што викаш да пребираш, кога го земав не работеше сензор за паркинг па за 500че решив проблем.
Сменив сет ламела за 300е Valeo за C5-ката, додека за Sachs сет за Кедито ми побараа 450е без замаец. Тоа се 30% повеќе па и не е малку....
Така да во секое време би земал Цитроен или било што друго, пред BMW или VW.