1. Ако хипотетички кога ќе излезе голф 8 и е срање од кола тогаш ќе има славна историја ама не и имиџ. И тогаш нема да живее од нив. Барем така функционираат работите засега. Инаку убаво рече, колата има имиџ и историја А тоа е градено врз неколку работи што ги спомна била добро склопена, не крцка толку после поминато време итн. Многу е едноставна работата. Премиум никој никогаш не спомнал. Мерцедес А. класа е премиум а има повеќе груба пластика него во Голф или други слични автомобили. Ако некој сака намерно да најде негативности ќе најде, и обратно. Ти си читаш хајп и издигнување до божество, јас не го гледам тоа така. Бар, неможам да го најдам.
Хајпот не потекнува само од оваа тема. Го има насекаде. Цел форум полн со про Голф - VAG идеологија. Дека хајпот е претеран не треба да кажувам јас. Јас само го нагласив тоа што го гледам. Има еден куп членови кои го делат моето мислење, но веќе им е преку тенис да се натегаат по темиве. Барем повеќето членови што јас ги знам и со кои комуницирам, веќе не ни сакаат да се вклучат во дискусија токму од тие причини.
Бидејќи колата ми падна во раце доволно време да извлечам заклучоци, истите ги споделив и тука. За да донесам заклучок дали некое возило е добро или не, најчесто тоа го правам врз основа на сопствено искуство. Не споделив нити линкови, нити извадоци од некакви квази сајтови за автомобилизам од странство. Од друга страна повеќето (не сите) од тие што го фалат голфот, немаат седнато да го извозат минимум 1000 километри за да донесат заклучок и да дадат мислење.
Во првиот пост со видеото што ги спомна убавите работи и после трврдиш ги има и кај Леон и кај Октавија. Ги нема. Ако сакаш ќе ти пуштам слики или изгуглај. Има многу ситни разлики каде што се гледа разлика. Можеби не секогаш во квалитет на пластика, туку како е склопено и како го издржал тестот на времето. А она што е најголемата предност на голф според мое мислење е возење при нерамен пат со дупки. Тогаш ја сфаќаш разликата. Ова е мое мислење и нема потреба да се чита како издигнување на голф до божество. На некој едноставно не му се важни ни пола од овие работи што ги спомнуваме на форум. Едноставно збориме за предности и недостатоци. Високата цена на голф на пример е исто така недостаток исто како што октавија нема изолација испод гепек.
Споредбата ја направив со Леон и Октавија затоа што и тие возила ги имам возено и можам да дадам отворено мислење базирано на искуство си истите, не базирано на Ју туб видеа и статии од интернет.
Кога веќе почнавме, Голфот што го возам 1.6ТДИ го споредувам со претходното искуство со: Шкода Октавија 1.2 ТСИ, 1.4 ТСИ.1.6 ТДИ, 2.0 ТДИ, Сеат Леон 1.6 ТДИ, 1,4 ТСИ.
Извини Влатко ама голфот не е повеќе кола од било кој директен конткурент од горе наведените. Речиси ниту едно од горниве возила не рика како магаре на 140км/ч. Тивкоста и рафинираноста на ТСИ моторите е светлосни години пред оние на дизелот што го возам во Голфов. Па дури и 1.2 тси е фантастично тивок мотор.
Во врска со видеото и звукот. Многу е тешко да знаеш како е навистина во реалноста гледајќи видео на јутуб али ти верувам. Дизелот дефинитивно е погруб особено во забрзување и возење во поголеми брзини. ТСИ е неколку пати потивок од ова. Дефинитивно.
Видеото е мое, јас го снимив. Не е рандом видео од youtube.
Имам еден куп материјал од таков тип со повеќе возила.
Би ми било многу драго кога ќе се погодат приликите, да размениме лични искуства. Ти да го пробаш мојот голф на пример. 1.6 тди во Голф никогаш не сум го возел, го возев пред некој месец во Ауди А3 со 6 брзини и мене ми остави впечаток на прилично гласен и нерафиниран мотор. Јас ќе се обидам да снимам нареден викенд со мојот голф тси забрзување и вожња на 140км/ч ама не верувам дека квалитетот на видеото ќе биде волку добар. Ако имаш предлог како да се фиксира телефонот некако кажи.
Истиот мотор е и во Ауди.
Фиксирај го мобилниот на потпирачот за глава на совозачко седиште да снима кон шофершајбна со два ластика и вози.