На темата околу горивата, сум спомнал и порано за ова:
Јас откако е колата во мене, само на Лукоил ставав нафта. По некои прочитани муабети од тука за квалитетот сум се префрлил на Макпетрол, неколку резервари. Најголемата разлика што ја увидов тогаш беше тоа дека колата пали со повеќе верглање.
Периодов, пола година некаде, ставамнафта на Макпетрол или Окта на Партизанска. Истите симтоми, колата повеќе вергла, а особено кога е загреана. Се вратив на Лукоил, веќе втор резервар, помалку вергла, особено кога е загреана.
Јебига, шта чеш, се навикнала на Лукоил и тоа е.
Околку потрошувачка појма неам која ја троши повеќе, не сум мерел. Во глобала и ја знам потрошувачката, знам дека 4.2 градска ми троши...
