При крај бев со бензин кога дојдов во Скопје, а претходно точев во Австрија и Хрватска (Ина) 95ка Е5, и Србија (Лукоил) исто 95, само не ми текнува дали имаше означено Е5 или Е10, па наточив за 1000че 95ка на лукоил. После кратко време, ваљда да се допотроши тоа што останало, приметив во лер немирна работа на моторот, секако на загреана кола. Е тука во Скопје доста често има застанување на семафор, па се активира старт/стоп, нешто што во Германија скоро никогаш не ми се дешавало, па не знам дали може таков режим на возење да влијае на немирна работа на моторот. Како и да е, следно ќе наточам или на Макпетрол или можда Гулф, па ќе видам дали уште ќе има таква немирна работа.