Оваа тема ми дојде најсоодветна да напишам,да не би отварал нова.
Меганот,не секогаш на одредено полнење гориво повремено знаеше при нагло давање гас да пушти некој дим со бело сивкаста боја.
Овој момент го приметував само навечер кога позади мене има кола,што е и многу нормално бидејќи димот не беше црн и неможев да го приметам денски.
Прво нормално пребарав по интернетов на многу странски форуми и најчестиот одговор беше дека ова може да се случува поради лошо гориво со многу сулфур и бидејќи не може добро да го согори системот го исфарла во вид на чад.
Напомената ми беше дека ова не би требало да се случува кај возила со ДПФ филтер и после подолго пребарување разбрав дека моево возило нема ДПФ филтер.
Овој податок воопшто не ме смири и нормално отидов во Аутомотив да си го решат проблемот иако реално вината не е кај нив бидејки они не можат да влијаат на квалитетот на горивата во нашава држава.
Аутомотив ме примија без проблем,ја ставија колата на тестер,ги проверија сите параметри и установија дека се е во ред со возилото и дека незнаат како можат да ми помогнат.Ми сугериира дека највероватно е од лошото гориво бидејќи не сум ни прв ни последен случај.
Нивни совет беше да ја возам колата почесто на отворено,на повисоки обртаии и тоа е тоа.
Ова го практикував редовно,ама и ова беше времено решение,после неколку дневно возење низ град,колата пак си потчурнуваше,не многу ама едноставно ужасно ме нервираше,дури многу ретко стискав повеќе на гаста само да не го гледам тој дим на ретровизор ноќно време.
Пробав со повеќето адитиви што ги има на пазаров,и тоа поприлично скапи,арно ама ефектот на адитивите беше ограничен односно додека го потрошам тоа гориво со адитивот.
Гориво ставам на Макпетрол и морам да напомена дека не со секое полнење возилото димеше.Очигледно е дека квалитетот на горивото варира и секогаш има различно гориво.
Пробав и со гориво од Лукоил и возилото значително помалку димеше ама сепак го имаше тој момент и поради не достапноста на Лукоил бензиските и поради тоа што имам одредени поволности во Макпетрол продолжив да точам на макпетрол.
Проблемот сеуште си беше тука и јас упорно прашував и досаѓав на многу луѓе ама бев решен да го решам проблемот.
Познаник од Аутомотив кога разбра каков проблем имам ме советуваше,кога ќе бидам при крај со горивото во резервоарот,на пример 15литри да му додадам 10 литри Биодизел гориво и ќе го решам проблемот.
Искрено бев зачуден и скептик бидејќи колку што имам слушано био дизел горивата не се препорачуваат за комонреил дизел мотори и веднаш не го послушав човекот од страв и неверување.
Пак се вратив на златен интернет и пребарував за биодизелот.Колку што можев да прочитам,разбрав дека не е препорачлиово 100% биодизел гориво за комонреил и дека може да биде штетно за дизните.
Разбрав дека раствор во сооднос максимум 50/50 биодизел со обичен дизел е дозволено за комонреил.На бензинските низ европа се продавал и 100% био дизел и растворен био дизел.
На сајтот на Макпетрол прочитав дека нашиов биодизел има само 8% био дизел гориво во нивното таканаречено биодизел гориво.
Уште еднаш се распашав низ странските форуми и ми беше посочено дека 8% био дизел не би направило никаква штета,туку напротив дизните ќе имаат подобро подмачкување и моторот подобро ќе функционира.
Така се решив да пробам па што биде нека биде.Отприлика на 18литри дизел гориво му дотурив 14литри биодизел гориво иако и пумпашот чудно ме гледаше и два пати ме препраша што сакам да ставам.
Значи јас на таа количина гориво сум имал некој отприлика 3% био дизел гориво.
После поминати 30 километри со ваква смеса димењето едноставно го снема и моторот работи многу посмирено.Советот на човекот од Аутомотив беше вистински иако на почеток не му верував и не го послушав а сега сум му многу благодарен.
Како и да е во иднина планирам редовно да ставам одредена колиичина биодизел гориво и се надевам дека нема да му наштетам на моторот.
Ако некој има било какво искуство или познавање за оваа тематика,бидејки моето познавање е скоро никакво,би ми било драго да сподели.
Постов може да се префрли и во друга посоодветна тема доколку ја има.
Ај доста го тупев,касно е веќе
