Првпат на форумот? Добредојдовте, и погледнете ги правилата!CARclub.mk е достапен и на Facebook како и на Twitter!
Сега бев да ставам, 48 го направиле. Баш се изненадив.Sent from my Xiaomi 15t using Tapatalk
Цитат: kimi makedonski на 07 Февруари 2026, 19:16:50 pmОва е последица на тјунирањата што ги правиш. Не знам што очекуваш ако си играш со параметрите на колата и не оставиш поголема толеранција туку сакаш да извадиш макс перформанси. Што би рекле старите нема и јаре и паре. Не се глупи од фабрика што оставаат поголема толеранција да работи на разно гориво.Мапата е правена да работи заедно со фабричките безбедносни параметри, не да ги заобиколи. Намерно не е туркан моторот до максимум, има простор уште да се крева притисокот од турбините (истиот мотор во M4 GTS вади само 20-30 коњи помалку од кај мене). Плус компјутерот автоматски намалува агол на палење ако декетира лошо гориво/knock, само треба време за адаптациите. Сега откако ја извозев 20ина километри е супер, само првиот пат додека научи ѝ требаше време. Плус мапата е правена врз логови за наше гориво и ревидирана 3-4 пати, не ја ставаше Трајче од струмичко симната од Замунда.Ист проблем од истата бензинска имав еднаш и на фабричката мапа (која што е исто за 98 октани правена иначе), како и на 335ката исто на фабричка мапа.
Ова е последица на тјунирањата што ги правиш. Не знам што очекуваш ако си играш со параметрите на колата и не оставиш поголема толеранција туку сакаш да извадиш макс перформанси. Што би рекле старите нема и јаре и паре. Не се глупи од фабрика што оставаат поголема толеранција да работи на разно гориво.