Автор Тема: Квалитет на горивата во МК  (Прочитано 578834 пати)

Отсутен Deni

  • Photo & Light
  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 54984
  • Махер
Одг: Квалитет на горивата во МК
« Одговори #3330 на: 31 Декември 2022, 21:43:46 pm »
На ланче е матизот, нема гајле.
Матизот е на ребраст нема ланче
Аееее...

Отсутен Vladeee

  • Редовен
  • ***
  • Пораки: 2215
Одг: Квалитет на горивата во МК
« Одговори #3331 на: 02 Јануари 2023, 21:29:53 pm »
Некој да сподели искуство со дизел од новата Shell бензиска кај Пинтија?
>>>>><<<<<

Отсутен Leon-cist

  • Јуниор
  • **
  • Пораки: 778
  • .
Одг: Квалитет на горивата во МК
« Одговори #3332 на: 04 Јануари 2023, 11:30:04 am »
Вчера направивме мал сервис на колата на стариот...
Како што иде редот сите филтри за цена од 1800 денара (Motaquip) и 4литри кастрол.
Прв пат гледам филтер за гориво да е црн и со ломоштија внатре згора на тоа и мали ситни зрнца како песок или така нешто, а нафта точено со години наназад само во лукоил. Според сервисерот црн филтер на нафта значи дека некоја гумичка на дизните пуштила па така влегло маслото во нафтен филтер (според мене глупаво објаснување затоа што се работи за познат мотор од 1.9 тди со 77 киловати и го знам неговиот систем на вбризување гориво, згора на тоа и нема очигледна потрошња на масло нели според нашите проценки на 10к км/400мл масло)
Нејсе не му верувам на мајсторот но се мислам на нафтата на лукоил...да не се дешава нешто во последното време..ова го споделувам чисто како подигнување на вниманието околу почестите менувања на филтрите за нафта/бензин и нели околу веќе многу фалениот енергенс на лукоил

VW MK-7 (1.6 тди)

Отсутен yarre

  • Bearing Expert
  • Редовен
  • ***
  • Пораки: 1310
  • www.lagermax.mk
    • LAGERMAX
Одг: Квалитет на горивата во МК
« Одговори #3333 на: 04 Јануари 2023, 12:01:10 pm »
@Leon-cist
Наназад на темата, има барем 7-8 години зборував за приметениот неквалитет на Лукоил и за бензините ( колата на мал гас играше мајтап со нивното гориво а во МП  не) и за дизелот кој ми палеше чек енџин ( ново возило тогаш 2 години старо - 20. ТДИ 177КС )
Нормално, почнав и останав да точам на МП, каде тие проблеми ги едноставно ги снема.
И така долги години без проблем никаков си терав на МП. Е дојде моментот на кризата пред 2 години како беше, те нешто се спремаше несташица, па паники, и тогаш почна бучавата на скроз ново возило  ( купено 3 месеци пред кризата ). Оправдување гледав во можеби посегање во стоковите резерви, па и сомнеж какво гориво би било од таму.
Опцијата единствено практична а не љубовна беше Лукоил. За среќа работите се смирија со првиот резервар. Тестирав и ТТ кај Злокуќани, и таму беше коректно.

Еве, чекам да дотрошам ова внатре што имам, па да дадам возило на колегите тука од форумот да направат Блајнд дејт да напунат од пумпа која они ќе ја одберат за да им кажам од каде е горивото.

Отсутен vele85

  • Јуниор
  • **
  • Пораки: 587
Одг: Квалитет на горивата во МК
« Одговори #3334 на: 04 Јануари 2023, 19:28:30 pm »
Макпетрол во последно време повеќе ги интересира да се конкуренција на Веро и на КАМ него да носат саглам гориво... Жалосно.
Од кога  неделите станаа неработни Макпетрол троши повеќе роба од многу скопски маркети

Sent from my SM-A035G using Tapatalk


Отсутен Mikius

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 10138
Одг: Квалитет на горивата во МК
« Одговори #3335 на: 04 Јануари 2023, 19:30:56 pm »
Макпетрол во последно време повеќе ги интересира да се конкуренција на Веро и на КАМ него да носат саглам гориво... Жалосно.
Од кога  неделите станаа неработни Макпетрол троши повеќе роба од многу скопски маркети

Sent from my SM-A035G using Tapatalk
Не да ги бранам, ама зарем само МП работи у недела?

Отсутен Tischläufer

  • Le Diesel
  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 34097
  • Таков е животот... јебига
Одг: Квалитет на горивата во МК
« Одговори #3336 на: 04 Јануари 2023, 19:36:24 pm »
Макпетрол во последно време повеќе ги интересира да се конкуренција на Веро и на КАМ него да носат саглам гориво... Жалосно.
Од кога  неделите станаа неработни Макпетрол троши повеќе роба од многу скопски маркети

Па многу скопски маркети не работат во недела, а Макпетрол работат, нормално дека повеќе роба ќе троши.

Отсутен n1kola

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 6841
  • French diamond
Одг: Квалитет на горивата во МК
« Одговори #3337 на: 04 Јануари 2023, 19:46:03 pm »
Толку сте/сме домаќини, наместо на време да си испазариме за Недела.

Мада и Германија е исто, во Недела само  еден Лидл работи и е секогаш полн, најчесто млади и некој запустени луѓе, ретко има нормален народ да пазари  :)

Отсутен Mikius

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 10138
Одг: Квалитет на горивата во МК
« Одговори #3338 на: 04 Јануари 2023, 20:01:24 pm »
Толку сте/сме домаќини, наместо на време да си испазариме за Недела.

Мада и Германија е исто, во Недела само  еден Лидл работи и е секогаш полн, најчесто млади и некој запустени луѓе, ретко има нормален народ да пазари  :)
Хаха, неколку пати што сум отишол во ВероЏамбо во Недела ден, посебен сој луѓе се тоа.
Се се у некаков грч, забрзани, отсутни у погледот, пунат колички као да е судниот ден, зрачат со беслрупулозност додека грабаат од рафтови, борба за леб од Специјал, возниот парк на паркинг опасен...
Гледам да предвидам се што треба за викенд само да не ги гледам зомбињата со златни часовници во Недела :)

Отсутен зоки-златен

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 7062
  • хаУс мајстор
Одг: Квалитет на горивата во МК
« Одговори #3339 на: 04 Јануари 2023, 20:08:51 pm »
Не знам за вас, ама јас репарирав дизни. Се сомневам во горивото, изваден е примерок и ќе се испитува, по добивање на резултатите, поопширно да не зборам без везе.

Присутен kire95

  • Редовен
  • ***
  • Пораки: 1834
Одг: Квалитет на горивата во МК
« Одговори #3340 на: 04 Јануари 2023, 20:49:28 pm »
Баш ме интересира последен период приметив чудно работење на старт затресување и како да не звучи океј после пар секунди се губи ова третпат се дешава се сомневам во гориво следен резервар ке пробам на друга пумпа... Не знам дали ставате некакви адитиви за дизните?

Отсутен darkserial

  • Јуниор
  • **
  • Пораки: 789
Одг: Квалитет на горивата во МК
« Одговори #3341 на: 04 Јануари 2023, 22:11:58 pm »
Баш ме интересира последен период приметив чудно работење на старт затресување и како да не звучи океј после пар секунди се губи ова третпат се дешава се сомневам во гориво следен резервар ке пробам на друга пумпа... Не знам дали ставате некакви адитиви за дизните?
Wynn's Diesel Extreme Cleaner, crnoto pakuvanje, 1000 i nesto denari, imas makpetrol, lukoil..
VW Golf 5 1.9 TDI - 77kw - 2005

Отсутен Mikius

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 10138
Одг: Квалитет на горивата во МК
« Одговори #3342 на: 04 Јануари 2023, 22:16:05 pm »
Баш ме интересира последен период приметив чудно работење на старт затресување и како да не звучи океј после пар секунди се губи ова третпат се дешава се сомневам во гориво следен резервар ке пробам на друга пумпа... Не знам дали ставате некакви адитиви за дизните?
која пумпа?

Присутен kire95

  • Редовен
  • ***
  • Пораки: 1834
Одг: Квалитет на горивата во МК
« Одговори #3343 на: 04 Јануари 2023, 23:52:18 pm »
Jas na mp imam toceno samo. Ne znam dali e od gorivo ili nesto drugo ali ne se slucilo postojano 3 pati do sega kako zatresuvanje na palenje da ne sogoruva fali gorivo cuden zvuk i za par sekundi normalen zvuk na motor doaga, dizel da napomenam

Отсутен FiLo

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 6614
Одг: Квалитет на горивата во МК
« Одговори #3344 на: 05 Јануари 2023, 00:22:03 am »
Со 95ка бензин на Макпетрол еве веќе втора недела ладен старт наутро нема никаков проблем, пали уште на прво верглање без проблем.

Со лукоил 95ка не палеше од прва, најчесто од трето верглање палеше. На загреан мотор или до максимум неколку часови од последното возење, палеше и со Лукоил 95ка од прв обид, ама подолго ако отстоеше, воглавном преку цела ноќ го имав овој проблем.

Друга разлика нема, само со палењево е разликата макпетрол 95 вс лукоил 95 бензин.