Автор Тема: Квалитет на горивата во МК  (Прочитано 556536 пати)

Отсутен Power to the people

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 6287
  • Медалист, Олимпијада за Сарказам Перу '98
Одг: Квалитет на горивата во МК
« Одговори #1680 на: 11 Јануари 2016, 07:44:43 am »
Се бара јунак, да напрај споредба со модерен дизелаш и бензинец.  :)


Отсутен Cuore Sportivo

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 17675
  • Alfa155 & AlfaGT
Одг: Квалитет на горивата во МК
« Одговори #1681 на: 11 Јануари 2016, 09:33:05 am »
Сакаш да кажеш се бара будала ..

Отсутен LosiPatista

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 12136
  • Duh sa TDI-jom
Одг: Квалитет на горивата во МК
« Одговори #1682 на: 11 Јануари 2016, 15:16:51 pm »
Дизелашот по правило нема гајле, ќе работи и на бензин, само треба да се прилагоди системот за вбризгување, да не страда од бензинот.

Torsion Beam - The Only Axle You Will Ever Need

Отсутен velestrumf

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 20611
Одг: Квалитет на горивата во МК
« Одговори #1683 на: 11 Јануари 2016, 15:17:58 pm »
Озбилно? А како ќе се потпалува, во отсуство на свеќици?
The numbers thing, the how-fast-can-we-drag-race-a-bunch-of-cars, is the realm of people who think more is better, not better is better. - Matt Hardigree, Jalopnik.

Отсутен LosiPatista

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 12136
  • Duh sa TDI-jom
Одг: Квалитет на горивата во МК
« Одговори #1684 на: 11 Јануари 2016, 15:24:47 pm »
Бензинот е далеку полесно запалив. Мислам дека и во горното видео го има тоа, дизелашот без проблем оди на бензин, само после некое време ќе му настрадат дизни/бош оти нема подмачкување. Нафтата ги подмачкува овие елементи.

Torsion Beam - The Only Axle You Will Ever Need

Отсутен velestrumf

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 20611
Одг: Квалитет на горивата во МК
« Одговори #1685 на: 11 Јануари 2016, 15:26:36 pm »
Абе да, ама мислев, пошо нели нафта се (само)потпалува под компресија, а на бензинот му треба свеќица да се потпали, нема ли тоа да биде проблем, иако бензинот сам по себе е позапаллив?
The numbers thing, the how-fast-can-we-drag-race-a-bunch-of-cars, is the realm of people who think more is better, not better is better. - Matt Hardigree, Jalopnik.

Отсутен Tischläufer

  • Le Diesel
  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 34046
  • Таков е животот... јебига
Одг: Квалитет на горивата во МК
« Одговори #1686 на: 11 Јануари 2016, 15:31:33 pm »
Абе се се потпалува под притисок, дури и водороТ и хелиум, а најубаво деутериум, он боље подмачкува :P

Отсутен LosiPatista

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 12136
  • Duh sa TDI-jom
Одг: Квалитет на горивата во МК
« Одговори #1687 на: 11 Јануари 2016, 15:37:23 pm »
Абе да, ама мислев, пошо нели нафта се (само)потпалува под компресија, а на бензинот му треба свеќица да се потпали, нема ли тоа да биде проблем, иако бензинот сам по себе е позапаллив?
Сам по себе, неколку стотина пати.

Torsion Beam - The Only Axle You Will Ever Need

Отсутен VladeFF

  • Јуниор
  • **
  • Пораки: 83
Одг: Квалитет на горивата во МК
« Одговори #1688 на: 11 Јануари 2016, 16:06:39 pm »
Нафтата во дизел моторот се вбризгува под голем притисок во веќе претходно компримиран воздух исто така под висок притисок во цилиндрите каде што има висока температура поради компримирањето на воздухот. Со самото тоа доаѓа до согорување на нафтата и експанзија. Доколку наместо нафта, би се ставило бензин, истото би се случило, согорување, само што бензинот е позапалив и поексплозивен, па моторот не е предвиден на такви согорувања и експанзии, и е многу веројатно да дојде до сериозно оштетување на моторот.
Кај бензин моторите, тоа е решено поинаку, така што за запалување на бензинот е потребно претходно соединета смеса од воздух и бензин (бензинот е испарлив и брзо се соединува со воздухот) и така спремната смеса со помош на свеќица се пали и прави согорување и експанзија. Во случајот да се стави нафта во бензински мотор, едноставно тој ќе изгаси бидејќи нема да се направи соодветна смеса на нафта и воздух (нафтата не е испарлива како бензинот и не се соединува со воздух лесно) па нема да дојде до запалување на горивото иако има свеќица.
Најновите бензински мотори веќе го вбризгуваат горивото директно во цилиндерот (не како претходно карбураторски или пред влезниот усисен вентил) додека се прави тактот за всмукување на гориво, па при наредниот такт за збивање се меша горивото со воздухот и се прави смеса од воздух и гориво и доаѓа до согорување со помош на свеќичка.

Затоа внимавајте да не помешате гориво, особено ако возите дизел. :)

Отсутен Bumb

  • Редовен
  • ***
  • Пораки: 1196
Одг: Квалитет на горивата во МК
« Одговори #1689 на: 11 Јануари 2016, 16:17:01 pm »
значи пострашно е да стаиш бензин во дизел него дизел во бензин ? Според ова што го кажа бензинот нема да има некако проблем...

Отсутен VladeFF

  • Јуниор
  • **
  • Пораки: 83
Одг: Квалитет на горивата во МК
« Одговори #1690 на: 11 Јануари 2016, 16:23:59 pm »
Па не би требало да има никаков сериозен проблем, освен што ќе изгаси, ќе треба да се тури поголема количина на бензин во резервоар за да се неутрализира нафтата или ако си ставил доста нафта, ќе треба да се испушти од резервоар.
Малку потешко може ќе биде на наредното прво палење со бензин, додека дојде чист бензин. Друго не би требало да има проблем.

Инаку да, пострашно е да ставиш бензин во дизел кола. :)

Отсутен Deni

  • Photo & Light
  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 54920
  • Махер
Одг: Квалитет на горивата во МК
« Одговори #1691 на: 11 Јануари 2016, 16:25:00 pm »
А како дизел? Луѓе намерно ставаат бензин зимно време.

Отсутен VladeFF

  • Јуниор
  • **
  • Пораки: 83
Одг: Квалитет на горивата во МК
« Одговори #1692 на: 11 Јануари 2016, 16:27:15 pm »
Па да, ставаат но мала количина, 10%, 15% за да се олесни палењето и да не замрзне нафтата. Јас зборам да наполниш убаво бензин, како што обично се греши. Да речеме наполниш за 500 или 1000 ден. Тогаш веќе е сериозна работата.

Отсутен Deni

  • Photo & Light
  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 54920
  • Махер
Одг: Квалитет на горивата во МК
« Одговори #1693 на: 11 Јануари 2016, 16:36:12 pm »
Само да не е фул бензин инаку 1000рка ќе се среди.
Точиш нафта до крај. Возиш зошто бензинот е полесен ќе стои погоре едно 50-100км. И пак точиш фул. 3-4 пати така и ќе   се потроши.

Ова зборам ако си некаде кај што неможеш да го извадиш наточеното. Чисто како опција.

Отсутен VladeFF

  • Јуниор
  • **
  • Пораки: 83
Одг: Квалитет на горивата во МК
« Одговори #1694 на: 11 Јануари 2016, 16:37:59 pm »
Можеби, немам пробано, но можеби како опција ќе помогне во некоја ситуација. Добро е да се знае. :)