Дефинитивно имаме најнеквалитетни горива на балканот. Гориво не сум ставил уште во Албанија, секаде на друго место имааат поквалитетни горива за истата цена.
Впрочем до скоро бев убеден дека Србите имаат понеквалитетни горива од нас, но за жал се уверив во спротивното.
Имено викедов бев до Кикинда, до таму поминав 710 Км од Велес и точно пред влезот во Кикинда на бензиска пупма на OMW наточив гориво.
Резултаот беше 46 литри за поминати 710 км или 6,47 литри нс 100 км. Се разбора на тргање од Велес на Лук Оил го накркав до даска резервоарот.
Во кола бевме тројца без товар и се возевме на автопат со просечна брзин од 130 до 150 км на час.
На враќање имавме товар од околу 80 кг, такаречено човек плус. Брзината на возење и назад се движеше во тие граници но пред влезот на Велес повторно свратив на Лук Оил и ми наполнија 37 литри гориво...иако уште според покажувачот знаев дека е дефинитивно помалку потрошено
?
За истата километража со човек фазла такаречено 9 литра помалку е навистина премногу!
Колата во лер работи многу помирно да не речам преде!
Мислам дека подобар показател од ова за тоа колку ни се мршник горивава нема.
СРАМОТА какво ѓубре ние возиме!!!! Арам да им се парите!