Еве ти мој предлог за браникот. Земи од продавнициве за бои и лакови сунѓерче за шмирглање, кое е замена за шмиргла 600ка. Апсигувај го со сунѓерчето и вода, у превод-водено шмирглање, ќе го исушиш и после сушењето ќе го избришеш со крпа и алкохол. Одма по тоа, ќе го прснеш со прајмер (ти го препорачувам сивиот на Renco) една рака помини го, можеш и две, не е никаков проблем. После прајмерот нека исуши добро, ќе го апсигуваш пак со сунѓерчето и вода. Пак пребришуваш и прскај после слободно со бампер спреј. Ќе дојде како ново и што е најважно ќе држи, пошто оваа постапка ми е пробана и испадна најефикасна и тоа на лип од преден браник, ни камчиња на автопат не го оштетуваше. Со лесно!
Sent from my Redmi 4A using Tapatalk