Не сакав да навлагам многу во дискусија дали вреди или не, ама во моиве 32 години скијање не можам да разберам кој е меракот да скијаш ако истура дожд и мокар снег.
Прво, ако врне дожд снегот е ужасен за скијање и не гледма ќејф.
Второ, ако врне мокар снег, пак снегот за кратко ќе стане очаен и пак не гледам поента да скијаш, ем ќе направиш пауза, ќе испиеш еден чај па ќе продолжиш.
Ова 20.000 mmH20, освен за екстремни услови и за freeride, каде што пола ден ќе гњуриш во снег, ми нема смисла при нормални услови. А ако не се нормални, стигам до Шапка/Маврово пијам чај и назад. На Алпите и Доломити до сега не сум начекал лоше време повеќе од неколку саати, а на Копаоник главниот проблем не е дождот него -15/20 степени кои траат по недела/две. Боровец неколку пати било сосема ОК без невреме, а на Банско не сум скијал така да немам појма какво е.
На Шапка имам пола живот поминато, ама дожд у зима е мнооогу ретка појава, не се ни сеќавам искрено пошто последниве 10ина години ич не ни одам за скијање, од друга страна на Маврово редовно се случува поради пониската надморска висина.
На глечер од 3.000 м не идеш и онака кога е лошо времето, да не се урочам ама и мојава ефтина јакна и панталони ми држат топло и на -23, на пониско не сум пробал. И тоа зборам без хеланки, џемпери и сл. Само од тие модерните блузи и јакна.
Не викам дека јакната не вреди толку, сигурно си има зашто е толку скапа, ама не гледам практична употреба.