Автор Тема: Совет и препорака за возило до 5000еур.  (Прочитано 69880 пати)

Отсутен volenos

  • Јуниор
  • **
  • Пораки: 360
Одг: Совет и препорака за возило до 5000еур.
« Одговори #135 на: 28 Септември 2017, 04:13:06 am »

[/quote]Само што се вратив од Крива Паланка. Најмногу од сите ме разочара Бравото една посериозна и видлива голема гребаница на лева задна врата и неколку други гребаници по крила и браници ентериерот беше катастрофааа доста излижан волан исто така и навлаката од мењачот пластиките и тапацирот од вратите ептен крцкаше и нервираше искршени пластики од самите отвори од каде што лади климата и многу тешко запали со многу верглање очигледно не била палена подолг период најстрашно беше што штракаше самиот мотор како трактор одкако се загреа штракањето не престана за цената не прашувајте 4700.
[/quote]
Убаво ти реков јас дека браво под 5000 убаво нема. И јас сакам да начекам некое па макар било и крилце фарбано и со гребаници. Внатре да ми е сочувано бидејќи ентериерот му е врв.
Гледаш тоа со опремата 5200 му бараа, а удрено целото. Нормално дека кога удрено е 5200 здраво за 4700 и убаво нема. АКо не е тајна кое си го гледал од 4700 во Паланка. ИМа ли линк до него

Отсутен MarceCvarce

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 9225
Одг: Совет и препорака за возило до 5000еур.
« Одговори #136 на: 28 Септември 2017, 08:20:29 am »
штом стигнавте до Паланка за коли, со среќа

таму една саглам кола нема, ама буквално една нема

Отсутен MecheTo

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 14717
  • Пудингот на шоферството
Одг: Совет и препорака за возило до 5000еур.
« Одговори #137 на: 28 Септември 2017, 08:22:48 am »
Ама Стилото е донесено за негов близок човек,со камион,со 150Ккм за 2800е со се давачки...Затоа уште работат плацевите.
God created Turbo Lag to give VTECs a Chance! :D

Отсутен MarceCvarce

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 9225
Одг: Совет и препорака за возило до 5000еур.
« Одговори #138 на: 28 Септември 2017, 08:25:19 am »
дааа, бе не прочитав.

топ е значи. Среќа што носат по плацевиве за нивни луге, пошто само тие коли се продаваат.

јас денес да одам таму и друга да гледам ќе биде за негов чоек пак.

а па коа ја носел за негов чоек од Бугарија барал со екипа од Фиат спремна да ја провери колата

Отсутен N0naMe

  • Јуниор
  • **
  • Пораки: 173
Одг: Совет и препорака за возило до 5000еур.
« Одговори #139 на: 28 Септември 2017, 08:38:25 am »

Само што се вратив од Крива Паланка. Најмногу од сите ме разочара Бравото една посериозна и видлива голема гребаница на лева задна врата и неколку други гребаници по крила и браници ентериерот беше катастрофааа доста излижан волан исто така и навлаката од мењачот пластиките и тапацирот од вратите ептен крцкаше и нервираше искршени пластики од самите отвори од каде што лади климата и многу тешко запали со многу верглање очигледно не била палена подолг период најстрашно беше што штракаше самиот мотор како трактор одкако се загреа штракањето не престана за цената не прашувајте 4700.
[/quote]
Убаво ти реков јас дека браво под 5000 убаво нема. И јас сакам да начекам некое па макар било и крилце фарбано и со гребаници. Внатре да ми е сочувано бидејќи ентериерот му е врв.
Гледаш тоа со опремата 5200 му бараа, а удрено целото. Нормално дека кога удрено е 5200 здраво за 4700 и убаво нема. АКо не е тајна кое си го гледал од 4700 во Паланка. ИМа ли линк до него
[/quote]Земи ги како последна опција плацевите од Паланка тоа ти е мој најдругарски совет све на све седнавме и провозевме 7 возила од кој само едно можам да кажам дека не беше лошо али беше постаро годиште со ептен висока цена али да бидам искрен вредеше за тие пари преостанатите 6 дека КРШЕВИ невидени.Иако навидум беа добро исполирани, можеби и ке прогледаше низ прсти каросериски али што се однесува до моторот, и ентериерот скоро да немаше некое без еден куп забелешки околу моторот со страшни штракања нерамномерно работење шумови и итн ентериерот им беше за никаде илижани волани (кај некој од возилата беа и многу добро тапацирани воланите а го дознавме и дечкото кој што ги работи шала на страна ако ви треба вакво нешто дечкото ги работи ПРОФИ) мењачи, исто така за педалите имаат нов трик кај 4 од возилата ги имаа заменето со спортски ама воопште не се вклопуваа со внатрешниот изглед од ентериерот барем според мене.Тапацири на врати одлепени, излижани и  оштетени копчиња од радио, испогребани  дисплеи и итн инаку Бравото го продаваа VIP АUTO плац кој што носи исклучиво скапи и возила од доста поново годиште за разлика од другите плацови али го претеруваат со цените ептен не сум сигурен дали го имаат објавено на интернет али беше единствено Браво немаше на другите плацеви иначе Бравото беше ТИЊА!!.

Отсутен pirat_07

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 8218
  • Rural fuckin society - we live in!!!
Одг: Совет и препорака за возило до 5000еур.
« Одговори #140 на: 28 Септември 2017, 08:49:56 am »
Не ти го дочитав постот ама ме зачуди што си нашол ненашминкана кола, ненамачкана со путер и несредена за продавање во Паланка.
Уште ако не била и уникат, јас би ја земал за ефтино и би и сменил ентериер и би ја средил надворешно козметички.

Паланка ти е богу иза леџа, еднаш имам бидено, пак би отишол на Јоаким Осоговски.
Ама за кола ни време на телефон нема да потрошам.

Отсутен N0naMe

  • Јуниор
  • **
  • Пораки: 173
Одг: Совет и препорака за возило до 5000еур.
« Одговори #141 на: 28 Септември 2017, 08:50:25 am »
штом стигнавте до Паланка за коли, со среќа

таму една саглам кола нема, ама буквално една нема
Колегава се реши да оди до Паланка затоа што негов братучед многу добро стои со газдата од плацот што би рекле ШАЈКИ  се ;D при тоа потегнувајќи и врски од други блиски луѓе до газдата и распрашување од околу за истото возило од сите доби што би рекле зелено светло а и предходно го имал загледано на интернет и бил во мисли дали да се јавува по луѓе во Паланка така и се нафати да оди да го гледа.А бидејќи и јас останав без кола чисто отидов да видам дали воопште има нешто саглам таму али очиглено НЕ!! отидовме со доста искусен мајстор со добри познавања во оваа бранша и по детална проверка и убаво малтертирање на моторот се испостави дека колата и не е лоша.

Отсутен Luki Junior

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 5140
  • The Spartan General
Одг: Совет и препорака за возило до 5000еур.
« Одговори #142 на: 28 Септември 2017, 08:57:56 am »
Кој знае да гледа, ќе си најде во Паланка, Дупница, Враца, Горублјане.

Кој не го мрзи оди до Германија, дава 1000евра плус, па уште 500на за назад и купува добро возило.

Пс. Најјакиот коментар е, па на мобиле.де има такви за 1000 евра.  ;D
Fehlende Pferde Sterken sind mit Wahnsinn ersetzt.

Отсутен MarceCvarce

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 9225
Одг: Совет и препорака за возило до 5000еур.
« Одговори #143 на: 28 Септември 2017, 08:59:51 am »
јас знам Паланчани од другари нивни со плацеви купуваат па колите се канти,

треба да е јасно дека чоекот на плацот нема архива за историјата на колата и не е експерт за возила и не оди да бира кола по кола што да донесе

така да ако тој т.н. газдата на плацот ви рече за мој чоек тој нема пријатели. ;)

Отсутен Tesla

  • Редовен
  • ***
  • Пораки: 1444
  • Eбач на батерии :D
Одг: Совет и препорака за возило до 5000еур.
« Одговори #144 на: 28 Септември 2017, 09:01:11 am »
 Де бре, зарем толкави преваранти се. Могуќе да ја чувал колата за некој познат, па они налетале и ја земале.
Д'г ж'т в'к п'н б'и - Долг жолт волк полн болви.

Zenu dupe krasi a tortu orasi.

Отсутен N0naMe

  • Јуниор
  • **
  • Пораки: 173
Одг: Совет и препорака за возило до 5000еур.
« Одговори #145 на: 28 Септември 2017, 09:02:04 am »
дааа, бе не прочитав.

топ е значи. Среќа што носат по плацевиве за нивни луге, пошто само тие коли се продаваат.

јас денес да одам таму и друга да гледам ќе биде за негов чоек пак.

а па коа ја носел за негов чоек од Бугарија барал со екипа од Фиат спремна да ја провери колата
Како и да е убаво се испозавртивме околу колата стварно и не беше лоша а и моторот не потфрли беше малтертирана и возена пробана до 180 и јаче  накај Скопје а и таму мајсторов убаво ја крстеше. ::) Еден смешен детал  кога масторов почна да отвара капаци, поклопци да отштрафува црева, грана, и ред други чуда дечково вика ;значи ви давам гаранција дека е најзачувана од сите плацеви што се тука моментално" по што мајсторов му одговори ;добро ке видиме јас ке си ја прегледам пак кола и жена не се пазарат секој ден". ;D

Отсутен zlatkoa

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 3298
Одг: Совет и препорака за возило до 5000еур.
« Одговори #146 на: 28 Септември 2017, 09:09:18 am »
@N0naMe  друже, освен двете возила што ти ги понудија на форумот Тојота Корола - Дизел и Цитроен Ц5 - Бензин/плин, сите други линкови од возила што ги има во темата се многу лош избор.

Најискрено те советувам да отидеш и да ги погледнеш двете возила што ти ги наведов погоре. Самиот ќе увидиш која е разликата споредено со нашминканите кршови што ти ги понудиле во Крива Паланка. За проба пари не се зема и верувам дека членовите од форумов кои што ги продаваат возилата @Luki Junior и @deksa ќе ти ги дадат сите информации што би ти требале за да имаш поголема самодоверба да купиш некое од тие возила. Дури и да не купиш ниедно од тие возила, ќе имаш добра основа за споредба во иднина доколку си гледаш некое друго возило на плац или од оглас. Се разбира ќе имаш и прилика да се запознаеш во живо со @Luki Junior и @deksa и да размениш муабет и искуства за темите околу возилата што те интересираат.

Самиот избираш да си обесиш проблеми на врат во ситуација кога имаш избор кој би ти бил многу по безболен и многу подобар.

Од лично искуство можам да ти кажам дека на плацевите во Македонија (особени на тие во Крива Паланка) се продаваат возила кои што имаат избегано на пресата во отпад. Дури и тие што се малку "подобри" што на прв поглед немаат маана, после извозени 1000-3000км ќе си го покажат вистинското лице. Многу имаме дискутирано на форумов околу финтите и методите со кои што се служат продаваќите на плацевите за да го спремат возилото да изгледа стокмено и стегнато за продажба, и верувај по правилна одлука ќе ти биде доколку не купиш возило воопшто отколку да купиш некое "стегнато" возило од плац.

Еве ти мој личен совет како да провериш возило пред да го купиш, твое е дали ќе го примениш или не:

1. Пред да го запалиш моторот да работи провери го и обележи го нивото на антифриз во казанчето за антифриз, нивото на масло на шипка. Земи еден шприц со тебе и повлечи малку антифриз од казанчето. Потребно е истиот да биде бистар и провиден и да нема никакви маслени примеси во него (уље)
2. Запали го возилото да работи во место додека постигне работна температура. Следи го бројот на вртежите, во нормални услови стрелката на обртометарот не треба да игра. Доколку моторот е ладен возилото би требало да работи со 1100 вртежи, и како што постигнува температура таа треба да се стабилизира околу 800 вртежи. Доколку вртежите варираат тогаш возилото може да има неколку проблеми поврзани со сензори, па и некои механички проблеми.
3. Отвори го капачето за долевање масло. Доколку на него има бели наслаги како млеко, тоа е знак дека во маслото има вода. Вода таму не треба да има. Никогаш.
4. Остави го моторот да загрее до температура кога треба да се вклучи перката за ладење. Следи ја состојбата на цревата, види дали има некакво капење или напукнувања. ВНИМАТЕЛНО со рака можеш да провериш дали цревата се тврди или меки. Ако се тврди можно е цревата да се за менување бидејќи се многу стари, или да има зголемен притисок во системот за ладење заради затнат ладилник (хладњак)
5. Откако моторот ќе го изгаснеш и ќе почекаш да се олади провери ја повторно состојбата на масло и антифриз. Провери со шприцот дали антифризот е бистар како пред да го запалиш возилото. Ако не е, тоа значи дека има масло во антифризот и возилото најверојатно има проблематичен дихтунг на глава, или искривена глава (декла) заради прегреаност.
6. Повози го возилото на автопат. Гази го во трета брзина со максимален број на вртежи во период од 10-15 минути. Повремено залетај го во четврта брзина и прави му моторно кочење до речиси 0км/ч. После овој тест провери ги повторно сите работи од точките 1-5. Внимавај моторот ќе биде загреан и не го отварај резервоарот за антифриз пред истиот да се олади. При возњето возилото треба да ја испорачува снагата без сецкања и проблеми. Ако има сецкања и ерори на шалт табла, веројатно ќе имаш работа со дизни, дпф филтри, егр вентили и слично.
7. Додека го возиш возилото слушај дали има тропкања од подвозјето. Доколку имаш континуирано тропање од предницата, возилото има стабилизатори што се за менување. Доколку тропкањата се периодични и не се случуваат на секоја дупка тогаш најверојатно баферите на амортизерите се оштетени, заедно со лежиштата.
8. Доколку при возњето возилото се љуља чудно и му треба многу време да се смири, или доколку во свиок малку ти бега и треба да корегираш со воланот тогаш амортизерите ти се сигурно за менување. Пробај го наједноставниот тест на стискање на возилото врз тркалата. Кога ќе го притиснеш возилото истото треба да се смири после 2-3 осцилации нагоре надолу. Ако се љуља континуирано, амортизерот е отиден.
9. Провери ги споевите, односно зазорите помеѓу вратите, хаубата гепекот. Сите растојанија на око треба да се симетрични од левата и десната страна. Под хаубата дали има премини на боја или дали во просторот на моторот е иста нијанса како каросериската. Ако не е, возилото е фарбано и покрај тоа што изгледа стакло стегнато. Исто така возилата што имаат ганц нови штопови или фарови а се стари 10-12 години имале некоја потреба истите да им ги сменат. Самиот знаеш кога се менуваат штопови и фарови.
10. Во гепекот провери дали лимот кај резервната гума е целосен и нее виткан. Ако видиш дека дупката за резервната гума е малку со чудна форма и лимот е згушван па исправан, можно е возилот да било удрено од позади па пеглано, извлекувано.
11. Провери ги пневматиците, види дали имаат рамномерна шара. Ако забележиш истрошеност од внатрешна или надворешна страна на пневматикот, тогаш возилото има проблем со геометријата на подвозјето, можеби му треба центрирање, а можеби и е нешто посериозно.
12. Пушти ги сите потрошувачи во кабина. Клима, брисачи, долги светла, магленки, задни светла за магла, заден брисач, греач на задно стакло. Следи ја волтажата кај акумулаторот. Ако напонот изнесува над 12.6 волти без да додаваш гас, кога ќе додадеш гас напонот треба да се движи во опсегот 13.5-14.7 волти. Тоа значи алтернаторот е во ред.
13. Кога возилото е запалено во место стави го во најисок степен на пренос и пушти го кумплунгот. Ако моторот веднаш изгасне, ламелата и потисната плоча се во добра состојба и ќе имаш уште возење со нив. Еден од параметрите за неисправна потисна плоча е тврдиот кумплунг и нивото на кое што кумплунгот отпушта. Ако кумплунгот е тврд и "фаќа" многу горе, ламела и потисна плоча треба да ти бидат на списокот за менување.



Има уште еден куп други ситни проверки, но ако сите од горенаведениве проверки се во ред, возилото би требало да те служи добро, и веројатноста да се зафркнеш со купување на крш возило е мала. Се разбира дека ќе постои ризик ама барем ќе се заштититш делумно од проблемите кои што можеш да ги дијагностицираш.

Отсутен MarceCvarce

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 9225
Одг: Совет и препорака за возило до 5000еур.
« Одговори #147 на: 28 Септември 2017, 09:09:39 am »
Де бре, зарем толкави преваранти се. Могуќе да ја чувал колата за некој познат, па они налетале и ја земале.

значи не е дека се преваранти невидени, нормално некој знае да одбере некој не.

 ама мислиш дека он ги знае и ги бирал сите коли една по една.

Јас лично мислам дека кола под 300к км нема во Паланка, а може и тоа е малце. Сите вратени без никаква сервисна историја. Барем нека им стоење оригиналната километража ќе знае чоек на шо да си пази.

Не вака земаш кола со 140к за 2800 евра 10 год стара и тоа Стило, и си веруваш дека е тип топ

Отсутен N0naMe

  • Јуниор
  • **
  • Пораки: 173
Одг: Совет и препорака за возило до 5000еур.
« Одговори #148 на: 28 Септември 2017, 09:11:14 am »
Не ти го дочитав постот ама ме зачуди што си нашол ненашминкана кола, ненамачкана со путер и несредена за продавање во Паланка.
Уште ако не била и уникат, јас би ја земал за ефтино и би и сменил ентериер и би ја средил надворешно козметички.

Паланка ти е богу иза леџа, еднаш имам бидено, пак би отишол на Јоаким Осоговски.
Ама за кола ни време на телефон нема да потрошам.
Јас кога би купувал кола на пример повеќе би обврнал внимание на моторот, и на ентериерот внатре, од надвор каросериски е нормално да има по некоја гребаница нели ипак станува збор за возило старо 11год нема шанси да е во толку безпрекорна состојба макар и да било гаражирано секогаш се наоѓа по некој идиот кој што не пази и ке ти ја оштети на најразличен начин.Дали на паркинг со удар врата во врата, дали самиот газда што ја имал предходно од невнимание  ке ја испогребе возејќи ја покрај некој дрва и слично затоа и ги полираат за да светат полирањето не е трајно со тек на време ако има гребаници на возилото самите ке излезат  а единствено нешто што ме поврзува со Паланка е тоа дека мојте се од таму ништо друго ;D иначе ни јас не би земал кола од таму ниту па би бркал врски  па макар задња да е.

Отсутен N0naMe

  • Јуниор
  • **
  • Пораки: 173
Одг: Совет и препорака за возило до 5000еур.
« Одговори #149 на: 28 Септември 2017, 09:17:20 am »
@N0naMe  друже, освен двете возила што ти ги понудија на форумот Тојота Корола - Дизел и Цитроен Ц5 - Бензин/плин, сите други линкови од возила што ги има во темата се многу лош избор.

Најискрено те советувам да отидеш и да ги погледнеш двете возила што ти ги наведов погоре. Самиот ќе увидиш која е разликата споредено со нашминканите кршови што ти ги понудиле во Крива Паланка. За проба пари не се зема и верувам дека членовите од форумов кои што ги продаваат возилата @Luki Junior и @deksa ќе ти ги дадат сите информации што би ти требале за да имаш поголема самодоверба да купиш некое од тие возила. Дури и да не купиш ниедно од тие возила, ќе имаш добра основа за споредба во иднина доколку си гледаш некое друго возило на плац или од оглас. Се разбира ќе имаш и прилика да се запознаеш во живо со @Luki Junior и @deksa и да размениш муабет и искуства за темите околу возилата што те интересираат.

Самиот избираш да си обесиш проблеми на врат во ситуација кога имаш избор кој би ти бил многу по безболен и многу подобар.

Од лично искуство можам да ти кажам дека на плацевите во Македонија (особени на тие во Крива Паланка) се продаваат возила кои што имаат избегано на пресата во отпад. Дури и тие што се малку "подобри" што на прв поглед немаат маана, после извозени 1000-3000км ќе си го покажат вистинското лице. Многу имаме дискутирано на форумов околу финтите и методите со кои што се служат продаваќите на плацевите за да го спремат возилото да изгледа стокмено и стегнато за продажба, и верувај по правилна одлука ќе ти биде доколку не купиш возило воопшто отколку да купиш некое "стегнато" возило од плац.

Еве ти мој личен совет како да провериш возило пред да го купиш, твое е дали ќе го примениш или не:

1. Пред да го запалиш моторот да работи провери го и обележи го нивото на антифриз во казанчето за антифриз, нивото на масло на шипка. Земи еден шприц со тебе и повлечи малку антифриз од казанчето. Потребно е истиот да биде бистар и провиден и да нема никакви маслени примеси во него (уље)
2. Запали го возилото да работи во место додека постигне работна температура. Следи го бројот на вртежите, во нормални услови стрелката на обртометарот не треба да игра. Доколку моторот е ладен возилото би требало да работи со 1100 вртежи, и како што постигнува температура таа треба да се стабилизира околу 800 вртежи. Доколку вртежите варираат тогаш возилото може да има неколку проблеми поврзани со сензори, па и некои механички проблеми.
3. Отвори го капачето за долевање масло. Доколку на него има бели наслаги како млеко, тоа е знак дека во маслото има вода. Вода таму не треба да има. Никогаш.
4. Остави го моторот да загрее до температура кога треба да се вклучи перката за ладење. Следи ја состојбата на цревата, види дали има некакво капење или напукнувања. ВНИМАТЕЛНО со рака можеш да провериш дали цревата се тврди или меки. Ако се тврди можно е цревата да се за менување бидејќи се многу стари, или да има зголемен притисок во системот за ладење заради затнат ладилник (хладњак)
5. Откако моторот ќе го изгаснеш и ќе почекаш да се олади провери ја повторно состојбата на масло и антифриз. Провери со шприцот дали антифризот е бистар како пред да го запалиш возилото. Ако не е, тоа значи дека има масло во антифризот и возилото најверојатно има проблематичен дихтунг на глава, или искривена глава (декла) заради прегреаност.
6. Повози го возилото на автопат. Гази го во трета брзина со максимален број на вртежи во период од 10-15 минути. Повремено залетај го во четврта брзина и прави му моторно кочење до речиси 0км/ч. После овој тест провери ги повторно сите работи од точките 1-5. Внимавај моторот ќе биде загреан и не го отварај резервоарот за антифриз пред истиот да се олади. При возњето возилото треба да ја испорачува снагата без сецкања и проблеми. Ако има сецкања и ерори на шалт табла, веројатно ќе имаш работа со дизни, дпф филтри, егр вентили и слично.
7. Додека го возиш возилото слушај дали има тропкања од подвозјето. Доколку имаш континуирано тропање од предницата, возилото има стабилизатори што се за менување. Доколку тропкањата се периодични и не се случуваат на секоја дупка тогаш најверојатно баферите на амортизерите се оштетени, заедно со лежиштата.
8. Доколку при возњето возилото се љуља чудно и му треба многу време да се смири, или доколку во свиок малку ти бега и треба да корегираш со воланот тогаш амортизерите ти се сигурно за менување. Пробај го наједноставниот тест на стискање на возилото врз тркалата. Кога ќе го притиснеш возилото истото треба да се смири после 2-3 осцилации нагоре надолу. Ако се љуља континуирано, амортизерот е отиден.
9. Провери ги споевите, односно зазорите помеѓу вратите, хаубата гепекот. Сите растојанија на око треба да се симетрични од левата и десната страна. Под хаубата дали има премини на боја или дали во просторот на моторот е иста нијанса како каросериската. Ако не е, возилото е фарбано и покрај тоа што изгледа стакло стегнато. Исто така возилата што имаат ганц нови штопови или фарови а се стари 10-12 години имале некоја потреба истите да им ги сменат. Самиот знаеш кога се менуваат штопови и фарови.
10. Во гепекот провери дали лимот кај резервната гума е целосен и нее виткан. Ако видиш дека дупката за резервната гума е малку со чудна форма и лимот е згушван па исправан, можно е возилот да било удрено од позади па пеглано, извлекувано.
11. Провери ги пневматиците, види дали имаат рамномерна шара. Ако забележиш истрошеност од внатрешна или надворешна страна на пневматикот, тогаш возилото има проблем со геометријата на подвозјето, можеби му треба центрирање, а можеби и е нешто посериозно.
12. Пушти ги сите потрошувачи во кабина. Клима, брисачи, долги светла, магленки, задни светла за магла, заден брисач, греач на задно стакло. Следи ја волтажата кај акумулаторот. Ако напонот изнесува над 12.6 волти без да додаваш гас, кога ќе додадеш гас напонот треба да се движи во опсегот 13.5-14.7 волти. Тоа значи алтернаторот е во ред.
13. Кога возилото е запалено во место стави го во најисок степен на пренос и пушти го кумплунгот. Ако моторот веднаш изгасне, ламелата и потисната плоча се во добра состојба и ќе имаш уште возење со нив. Еден од параметрите за неисправна потисна плоча е тврдиот кумплунг и нивото на кое што кумплунгот отпушта. Ако кумплунгот е тврд и "фаќа" многу горе, ламела и потисна плоча треба да ти бидат на списокот за менување.



Има уште еден куп други ситни проверки, но ако сите од горенаведениве проверки се во ред, возилото би требало да те служи добро, и веројатноста да се зафркнеш со купување на крш возило е мала. Се разбира дека ќе постои ризик ама барем ќе се заштититш делумно од проблемите кои што можеш да ги дијагностицираш.
Вакво нешто ми требаше ептен ти фала друже иако ке одам со мајстор али сепак едно големо ФАЛА на советиве што се однесува за колите од членовите од форумов знам дека  таа е најдобра варијанта али некако не ми прават мерак како што кажав безброј пати доколку не искочи нешто саглам во догледно време сериозно ке се подразмислам за понудиве.