Благодарение на телефониве што сите ги имаме во џеб, доволно е една слика/видео да се направи и ете доказ дека не е тумбано, кога мењав шофершајбна си сликнав и готово.
немам намера да сликам за да му докажувам на некој да не треба и архива да направам
Кога купуваш на старо сакаш да има историја, да видиш како претходниот сопственик се грижел за аутото, затоа се бара сервисна книшка, фактури/сметки за тоа што е сменето како и фото/видео доказ во случај на сообраќајка/град/фарбање/скршено стакло...(иначе муабетот се сведува на...на паркинг удрив стубче, затоа е фарбана хауба, браник, крило, сменет фар...итн). Во спротивно може само да се нагаѓа и нормално купецот ќе има основ да ја спушти цената. Али никој не те тера...гледам кај нас и на жими мајка се купуе...ќе згазне на тркало ќе ја заклати ,,мајсторот“ аааа коска е, чисто ново, ни да тропне ни да Скрцне, стегната, здрава е за возење (као лечи рак и туберкулоза).