@N0naMe друже, освен двете возила што ти ги понудија на форумот
Тојота Корола - Дизел и
Цитроен Ц5 - Бензин/плин, сите други линкови од возила што ги има во темата се многу лош избор.
Најискрено те советувам да отидеш и да ги погледнеш двете возила што ти ги наведов погоре. Самиот ќе увидиш која е разликата споредено со нашминканите кршови што ти ги понудиле во Крива Паланка. За проба пари не се зема и верувам дека членовите од форумов кои што ги продаваат возилата
@Luki Junior и
@deksa ќе ти ги дадат сите информации што би ти требале за да имаш поголема самодоверба да купиш некое од тие возила. Дури и да не купиш ниедно од тие возила, ќе имаш добра основа за споредба во иднина доколку си гледаш некое друго возило на плац или од оглас. Се разбира ќе имаш и прилика да се запознаеш во живо со
@Luki Junior и
@deksa и да размениш муабет и искуства за темите околу возилата што те интересираат.
Самиот избираш да си обесиш проблеми на врат во ситуација кога имаш избор кој би ти бил многу по безболен и многу подобар.
Од лично искуство можам да ти кажам дека на плацевите во Македонија (особени на тие во Крива Паланка) се продаваат возила кои што имаат избегано на пресата во отпад. Дури и тие што се малку "подобри" што на прв поглед немаат маана, после извозени 1000-3000км ќе си го покажат вистинското лице. Многу имаме дискутирано на форумов околу финтите и методите со кои што се служат продаваќите на плацевите за да го спремат возилото да изгледа стокмено и стегнато за продажба, и верувај по правилна одлука ќе ти биде доколку не купиш возило воопшто отколку да купиш некое "стегнато" возило од плац.
Еве ти мој личен совет како да провериш возило пред да го купиш, твое е дали ќе го примениш или не:
1. Пред да го запалиш моторот да работи провери го и обележи го нивото на антифриз во казанчето за антифриз, нивото на масло на шипка. Земи еден шприц со тебе и повлечи малку антифриз од казанчето. Потребно е истиот да биде бистар и провиден и да нема никакви маслени примеси во него (уље)
2. Запали го возилото да работи во место додека постигне работна температура. Следи го бројот на вртежите, во нормални услови стрелката на обртометарот не треба да игра. Доколку моторот е ладен возилото би требало да работи со 1100 вртежи, и како што постигнува температура таа треба да се стабилизира околу 800 вртежи. Доколку вртежите варираат тогаш возилото може да има неколку проблеми поврзани со сензори, па и некои механички проблеми.
3. Отвори го капачето за долевање масло. Доколку на него има бели наслаги како млеко, тоа е знак дека во маслото има вода. Вода таму не треба да има. Никогаш.
4. Остави го моторот да загрее до температура кога треба да се вклучи перката за ладење. Следи ја состојбата на цревата, види дали има некакво капење или напукнувања. ВНИМАТЕЛНО со рака можеш да провериш дали цревата се тврди или меки. Ако се тврди можно е цревата да се за менување бидејќи се многу стари, или да има зголемен притисок во системот за ладење заради затнат ладилник (хладњак)
5. Откако моторот ќе го изгаснеш и ќе почекаш да се олади провери ја повторно состојбата на масло и антифриз. Провери со шприцот дали антифризот е бистар како пред да го запалиш возилото. Ако не е, тоа значи дека има масло во антифризот и возилото најверојатно има проблематичен дихтунг на глава, или искривена глава (декла) заради прегреаност.
6. Повози го возилото на автопат. Гази го во трета брзина со максимален број на вртежи во период од 10-15 минути. Повремено залетај го во четврта брзина и прави му моторно кочење до речиси 0км/ч. После овој тест провери ги повторно сите работи од точките 1-5. Внимавај моторот ќе биде загреан и не го отварај резервоарот за антифриз пред истиот да се олади. При возњето возилото треба да ја испорачува снагата без сецкања и проблеми. Ако има сецкања и ерори на шалт табла, веројатно ќе имаш работа со дизни, дпф филтри, егр вентили и слично.
7. Додека го возиш возилото слушај дали има тропкања од подвозјето. Доколку имаш континуирано тропање од предницата, возилото има стабилизатори што се за менување. Доколку тропкањата се периодични и не се случуваат на секоја дупка тогаш најверојатно баферите на амортизерите се оштетени, заедно со лежиштата.
8. Доколку при возњето возилото се љуља чудно и му треба многу време да се смири, или доколку во свиок малку ти бега и треба да корегираш со воланот тогаш амортизерите ти се сигурно за менување. Пробај го наједноставниот тест на стискање на возилото врз тркалата. Кога ќе го притиснеш возилото истото треба да се смири после 2-3 осцилации нагоре надолу. Ако се љуља континуирано, амортизерот е отиден.
9. Провери ги споевите, односно зазорите помеѓу вратите, хаубата гепекот. Сите растојанија на око треба да се симетрични од левата и десната страна. Под хаубата дали има премини на боја или дали во просторот на моторот е иста нијанса како каросериската. Ако не е, возилото е фарбано и покрај тоа што изгледа стакло стегнато. Исто така возилата што имаат ганц нови штопови или фарови а се стари 10-12 години имале некоја потреба истите да им ги сменат. Самиот знаеш кога се менуваат штопови и фарови.
10. Во гепекот провери дали лимот кај резервната гума е целосен и нее виткан. Ако видиш дека дупката за резервната гума е малку со чудна форма и лимот е згушван па исправан, можно е возилот да било удрено од позади па пеглано, извлекувано.
11. Провери ги пневматиците, види дали имаат рамномерна шара. Ако забележиш истрошеност од внатрешна или надворешна страна на пневматикот, тогаш возилото има проблем со геометријата на подвозјето, можеби му треба центрирање, а можеби и е нешто посериозно.
12. Пушти ги сите потрошувачи во кабина. Клима, брисачи, долги светла, магленки, задни светла за магла, заден брисач, греач на задно стакло. Следи ја волтажата кај акумулаторот. Ако напонот изнесува над 12.6 волти без да додаваш гас, кога ќе додадеш гас напонот треба да се движи во опсегот 13.5-14.7 волти. Тоа значи алтернаторот е во ред.
13. Кога возилото е запалено во место стави го во најисок степен на пренос и пушти го кумплунгот. Ако моторот веднаш изгасне, ламелата и потисната плоча се во добра состојба и ќе имаш уште возење со нив. Еден од параметрите за неисправна потисна плоча е тврдиот кумплунг и нивото на кое што кумплунгот отпушта. Ако кумплунгот е тврд и "фаќа" многу горе, ламела и потисна плоча треба да ти бидат на списокот за менување.
Има уште еден куп други ситни проверки, но ако сите од горенаведениве проверки се во ред, возилото би требало да те служи добро, и веројатноста да се зафркнеш со купување на крш возило е мала. Се разбира дека ќе постои ризик ама барем ќе се заштититш делумно од проблемите кои што можеш да ги дијагностицираш.