Автор Тема: [Туторијал] Вградување темпомат на Ford Fiesta mk7.5  (Прочитано 6271 пати)

Отсутен Dule_

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 3010
[Туторијал] Вградување темпомат на Ford Fiesta mk7.5
« на: 23 Септември 2017, 16:21:25 pm »
После долго читање на Англиски, Германски, Руски форуми се одлучив да вградам темпомат во мојата кола.

Првин треба да проверите дали вашата кола има подготовка за вградување на темпомат. Потребно е да се извршат следните 2 чекори

Прв чекор


Потребно е да се извадат пластиките кои го прекриваат столбот од воланот. Најпрвин го вртиме воланот десно за околу 45 степени и го одвртуваме штрафот со штрафцигер торкс Т20 означен на сликата:




Го вртиме воланот на лево додека не го видиме штрафот и тој го одвртуваме.





На крај под воланот кај рачката за отклучување на воланот за подесување го одвртуваме штрафот означен со стрелката:





Го тргнуваме клучот од брава и рачката за подесување на воланот ја ставаме во отклучена положба и воланот може да оди лево/десно, горе/доле.


Ги тргаме пластиките и доаѓаме до ова:


На конекторот означен со црвен круг гледајќи од левата страна потребно е првата жица да е бела додека втората кафено-зелена:








Чекор два


На педалата за кочница потребно е да имате 2 switch-а како на сликата:





Додека на педалата на куплунг еден како на сликата:





Напомена: Иако ги исполнувате овие два чекори не значи дека ќе биде успешна операцијата на вградување темпомат.



Најпрвин ви треба волан со темпомат или само копчињата за темпоматот заедно со пластичната рамка во форма на буквата "V"





После 15 минути откако е извадена негативната клема од акумулаторот почнуваме да го демонтираме аирбегот.

Тоа се прави како на сликата





Вметнуваме прав штрафцигер од едната страна и го притискаме железната пружина (ако може така да се нарече) а со другата рака го повлекуваме аирбегот во правец накај нас (возачот). Го правиме истото и на другата страна и перничето е извадено. Доколку не ви успее од прва пробајте пак бидејќи потребно е прилично силно да се повлече перничето.








Постојат 2 опции кои можат да се направат:

Едната е да се извади цел волан и да се стави другиот волан со темпомат

Втората е да се извади пластичната рамка од воланот заедно со копчињата и да се стави на вашиот волан.

Јас ја направив втората опција.

Со помош на штрафцигер торкс Т10 ги извадив штрафовите означени со црвен круг и ја извадив пластичната рамка и копчињата.








Истото го направив и на мојот волан






Ги ставив копчињата и рамката и ја повторив истата погоре објаснета постапка во обратен редослед за да вратам се на место.

За активирање потребно е да се обратите кај овластен сервисер кој има ford ids и пристап до etis или пак да го направите како мене со elm327 модифицирано со hs/ms switch преку програмата forscan.





Успат си активирав и global open/close.



Доколку имате некои прашања слободно прашајте и ако сум во можност ќе ви одговорам.


Отсутен Deni

  • Photo & Light
  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 54955
  • Махер
Одг: [Туторијал] Вградување темпомат на Ford Fiesta mk7.5
« Одговори #1 на: 18 Февруари 2018, 13:59:51 pm »
Дали лесно се конектираше преку Forscan?

Дали си прибал преку Forscan да менуваш други работи? Конкретно од каде ги наоѓаш кодовите што треба да се сменат.

Многу фина работа е да се исклучи детекцијата на прегорен фар за да може да се користи квалитетен HID, како и за останатите сијалички околу колата да може да се заменат со квалитетни Philips LED. Дали имаш идеја за ваква корекција преку Forscan?

Отсутен Dule_

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 3010
Одг: [Туторијал] Вградување темпомат на Ford Fiesta mk7.5
« Одговори #2 на: 18 Февруари 2018, 15:51:36 pm »
Да, конектирањето оди прилично лесно. Само треба драјвери и програмата forscan со extend license key.

Инаку може да се сменат други работи како на пример auto lock, да се исклучи звучната сигнализација за неставен појас, форсирана dpf регенерација и сл. Кодовите јас ги немам и не го активирав така темпоматот. За репрограмирање на gem (General Electric Module) самите кодови ги пишува со букви, па така наместо да пишувам некој код, cruise control -> disable го сменив во enable. Многу user friendly е оваа програма и прилично лесно може да се средат овие работи.

Моја препорака е да не се чепка преку кодови, туку само тоа што го дава програмата.

А за исклучување на детекција на прегорен фар не сум сретнал до сега.

Еве на линкот може отприлика да се види што може да се репрограмира.

https://www.jamessimpson.co.uk/elmconfig-enable-ford-ecu-functions/



Отсутен AUUU

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 7061
Одг: [Туторијал] Вградување темпомат на Ford Fiesta mk7.5
« Одговори #3 на: 18 Февруари 2018, 16:25:15 pm »
Супер туторијал, Браво!

Со здравје да си го користиш и да си крузаш на раат.

Отсутен Dule_

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 3010
Одг: [Туторијал] Вградување темпомат на Ford Fiesta mk7.5
« Одговори #4 на: 18 Февруари 2018, 16:47:21 pm »
Фала фала :)

Sent from my MI 6 using Tapatalk


Отсутен Deni

  • Photo & Light
  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 54955
  • Махер
Одг: [Туторијал] Вградување темпомат на Ford Fiesta mk7.5
« Одговори #5 на: 18 Февруари 2018, 16:51:17 pm »
Јас ова го најдов за фаровите:


Отсутен Dule_

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 3010
Одг: [Туторијал] Вградување темпомат на Ford Fiesta mk7.5
« Одговори #6 на: 18 Февруари 2018, 17:40:45 pm »
Кај мене мислам дека не појавува грешка ама ај баш ќе проверам нареден викенд дали го наоѓа овој код и дали може да се менува.

Sent from my MI 6 using Tapatalk


Отсутен stef_stef

  • Јуниор
  • **
  • Пораки: 303
Одг: [Туторијал] Вградување темпомат на Ford Fiesta mk7.5
« Одговори #7 на: 18 Февруари 2018, 17:52:14 pm »
Кај мене мислам дека не појавува грешка ама ај баш ќе проверам нареден викенд дали го наоѓа овој код и дали може да се менува.

Sent from my MI 6 using Tapatalk



Да не имаш лиценца за форскен? Јас ја користам бесплатната и никогаш не сум се заинтересирал да побарам лиценца

Отсутен Dule_

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 3010
Одг: [Туторијал] Вградување темпомат на Ford Fiesta mk7.5
« Одговори #8 на: 18 Февруари 2018, 18:03:56 pm »
Бесплатна е лиценцата. Еве тука имаш како да генерираш сам лиценца:

http://forscan.org/forum/viewtopic.php?f=5&t=836

Отсутен Carpathian Lord

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 13874
Одг: [Туторијал] Вградување темпомат на Ford Fiesta mk7.5
« Одговори #9 на: 19 Февруари 2018, 01:16:06 am »
Кај Опел само менуваш рачка (5 минути) и активираш преку OPCOM (2 минути).

Со се кафе пиење, 15 минути работа :D

Отсутен Bauer

  • Редовен
  • ***
  • Пораки: 1213
Одг: [Туторијал] Вградување темпомат на Ford Fiesta mk7.5
« Одговори #10 на: 19 Февруари 2018, 10:49:00 am »
Супер работа си завршил колега

Јас не осеќам потреба од темпомат, дури коа возам кола со темпомат не го користам. Така да не би чепкал кај мене во фиестата.

Отсутен Dule_

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 3010
Одг: [Туторијал] Вградување темпомат на Ford Fiesta mk7.5
« Одговори #11 на: 19 Февруари 2018, 11:35:02 am »
Фала :)

Бев минатото лето до лефкада и сфатив дека морам да ставам темпомат. Ептен корисна работа е.

Sent from my MI 6 using Tapatalk


Отсутен Deni

  • Photo & Light
  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 54955
  • Махер
Одг: [Туторијал] Вградување темпомат на Ford Fiesta mk7.5
« Одговори #12 на: 26 Февруари 2018, 11:23:45 am »
Кај мене мислам дека не појавува грешка ама ај баш ќе проверам нареден викенд дали го наоѓа овој код и дали може да се менува.

Sent from my MI 6 using Tapatalk


Дали провери?

Отсутен Dule_

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 3010
Одг: [Туторијал] Вградување темпомат на Ford Fiesta mk7.5
« Одговори #13 на: 26 Февруари 2018, 12:52:18 pm »
Да, не го наоѓа овој код. Најверојатно зошто не е canbus бидејќи кога ќе изгори сијаличе не јавува на инструмент таблата.

Sent from my MI 6 using Tapatalk


Отсутен Deni

  • Photo & Light
  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 54955
  • Махер
Одг: [Туторијал] Вградување темпомат на Ford Fiesta mk7.5
« Одговори #14 на: 26 Февруари 2018, 13:18:45 pm »
Аааа е да... Нема изгледа.