Дечко, твојот проблем се решава за 20 мин, само ем не знаеш да провериш, ем не сакаш на мајстор да отидеш.
Проста е работата:
-ако менуваш свеќици, кабли, бомбина и нема никаква промена, тогаш немаш проблем со искра.
-ако пумпата работи, имаш 3 бара притисок во рампа, 2.5 со вакум, ондак не е до довод на гориво.
-ако после возење ги извадиш свеќиците и сите имаат иста боја, во твојов случај ќе бидат катран црни ондак не е до дизни пошто никогаш се откажуваат сите дизни оддеднаш.
Проблемот твој ќе да е во електроника и тоа некој сензорите што го контролираат количеството на гориво: маф сензор, сензор за температура на усис (ако го има) и сензор за температура на вода и ламбда сонда.
Најверојатно не чини или жиците или самиот сензор за температура на вода пошто викаш дека на загреано ти корне на бензин и не работи како што треба. Што значи дека колата ти работи со дефектен сензор за температура на вода и тогаш ECU-то чита безвезе температура, некогаш и -20 степена и константно работи во warm up режим (зголемено количество на гориво дур да достигне 75-80 степена моторот), што значи дека на загреан мотор колата се дави во бензин.