Здраво!
Сакам да го почастам мондеото со нови звучници, по повод неговиот 20ти роденден :-)) a и старите веќе прдат некое време.. Колку што гледав по нетов, се работи за 6x8" што се некоја чудна големина на форд, а по големиве маркети има најмногу 6x9" (иако читав дека со мала модификација можат и такви да одговараат). Вратите веќе ги расклопив и ги извадив старите звучници.
Веројатно ке треба да се смени и фабричкото радио, а во тој поглед имам веќе половно Kenwood KDC-W241 што ми седи во фиока. Некој совет за звучници во комбинација со ова радио?
Функционално е, а не е користено подолг период. Буџетот да речеме дека е макс 3000 денари за звучниците. Не ми се трошат многу пари, сакам нормален звук, не дискотека.
Денеска поминав од дуќан (не го запамтив името) на крајот на Ѓорче Петров, таму имаше некој модел на JBL баш 6x8" за 3000 ден и некои од за мене непозната фирма (пак не го запамтив името) за 2000 денари.
Исто, дали освен звучници ке ми биде потребно нешто повеќе (адаптери, чуда), бидејќи се работи за стара кола.
Фала!