Слаб бас е слично што и лош бас. Најчесто произведен од мембрана која нема ниту доволен дијаметар, ниту доволна цврстина на удар. Ова често се случува кај компјутерските звучници и басот делува "boomy". „Ignorance is bliss“ е многу релевантно во оваа категорија, зошто додека не слушнеш стегнат бас како треба да звучи нема да знаеш. А откога ќе слушнеш - ќе ти смета ако не е така.
Басот е многу комплексна категорија на звук кој не зависи само од мембраната. Туку директно зависи и од кутијата во која се наоѓа мембраната, а исто така и од собата во која се наоѓа. Затоа треба соодветна еквилизација на конкретен звучник во конкретна соба. Самата соба (или кутија) ќе даде "boomy" момент на одредена фрекфенција и ќе доведе до лош бас. Мора да се слушне, и да се измери барем еднаш кога ќе се стават звучниците.
Оваа еквилизација за едноставниот корисник ја имаат новите засилувачи кои самите се калибрираат. Има микрофонче кое е од нив, и според кое се врши тоа калибрирање од самиот производител. ГИ местиш звучниците во собата, местиш се како што треба. Се става микрофончето на местото (грубо) каде што ќе се седи и се стиска калибрација. Трае 3-5 минути и се калибрира се комплет. Сосе фрекфенции, сосе гласност, сосе каснење се се смети само. Колку е добро изведено зависи од самиот производител. За просечнио корисник тоа е повеќе од доволно.
Секако ако се прави соодветен сетап во некоја соба, ќе се земе уред за мерење, и ќе се види каде ќе настанат тие проблеми со кутијата и собата. Конфигурацијата ќе се калибрира додека не се стигне до една релативно рамна амплитудно-фрекфентна карактеристика, која потоа нема потреба да се чепка ако не се менува самата соба. Басот е особено подложен на ваквите проблеми и затоа го споменав.
Конкретно ако имаме соба која е коцкаста со 3х3х3 метри големина, ќе се јават рефлексии од собата заради паралелните ѕидови. КОнкретно ќе се јават ан 57Hz и на 114Hz. Понатаму тангенцијалните рефлексии ќе се јават на 80 и на 160Hz. Тие се критичните моменти на самата соба. Во тие фрекфенции се потенцијалните проблеми. На пример ако имаме соба со димензии 4м на 3м на 2,5м висина, ќе се јават многу повеќе критични точки, но послаби по јачина. Конкретно осни рефлексии ќе бидат на 42,58,68,85,114HZ и слично. Но, сето ова ќе се покаже на графикот на амплитудно-фрекфентната карактеристика на собата и звучниците и ќе треба да се коригира со соодветен еквилајзер за да се постигне бараната рамност.
Звучниците кои се „2.1 и 5.1 и 7.1“ и „имаат бас“ најчесто проблеми имаат во одделот под 150Hz. Всушност сите звучници имаат проблеми во тој оддел, зошто не е до нив туку е до собата. Но, не само што е до собата туку е и до нив згора на собата. Тие и така се слаби со рамност, а згора на тоа рефлексии од собата и звукот се прави партал. Поготово ако реверберацијата на собата е голема и недампирана ќе се зголеми ефектот на „boomy“ бас кој може да се карактеризира како лош бас и е непожелен.
Во најмала рака треба да се земе да се измери карактеристиката и со еквилајзерот во соодветниот плеер да се коригира колку толку одговорот на звучникот. Конкретно AIMP или Winamp имаат еквилајзерче кое е горе-долу доволно за просечниот корисник да добие задоволителен квалитет на звукот од некои просечни звучници.