Автор Тема: Авто-турнеја низ Македонија  (Прочитано 2081 пати)

Отсутен balanar

  • Редовен
  • ***
  • Пораки: 2293
Авто-турнеја низ Македонија
« на: 13 Април 2018, 16:01:39 pm »
Првично, сакав да ги пишам мислењава во темата Убави места во Македонија, но ќе бев оф-топик.
Бидејќи и форумов е CarClub, да споделам една турнеја која ми беше на ум подолго време, а беше реализирана во мај 2016 година. Солиден дел од градовите воопшто не ми беа посетени никогаш.

Поминати сите градови (плус знаменитости) во Македонија, задржување по час-два, зависи. Поминати 1350 километри и 4 ноќевања. За двајца потрошено околу 11000 денари вкупно. Рутата е помината со Фиат Браво 1.9JTD (105hp) кое потроши некаде околу 80 литра, мислам дека се фаќа околу 6 во просек.
Еве ја и рутата визуелно:





1. Кочани
2. Виница
3. Македонска Каменица
4. Делчево
5. Пехчево
6. Берово
7. Струмица
8. Валандово
9. Дојран (ноќевање)

10. Богданци
11. Гевгелија
12. Демир Капија
13. Неготино
14. Кавадарци
15. Прилеп
- Маркови Кули
- Трескавец
- Зрзе
16. Македонски Брод
- Пештера Пешна
17. Кичево
18. Крушево (ноќевање)
- Македониум
- Спомен куќа Тоше Проески
- Св. Преображение
- Мечкин Камен

19. Демир Хисар
20. Битола
- Хераклеа
21. Ресен
- Отешево
- Стење
22. Охрид (ноќевање)
- Св. Наум
- Залив на коските
- Самуилова тврдина
- Св. Јован Канео
- Плаошник

23. Струга
24. Дебар
- Св. Ѓорги Победоносец
- Елен Скок
- с. Јанче
- Св. Јован Бигорски
25. Гостивар
- с. Вруток
26. Тетово
- Шарена џамија
27. Скопје (ноќевање)

28. Велес
29. Свети Николе
30. Куманово
- Кокино
31. Крива Паланка
32. Кратово
33. Пробиштип
34. Радовиш
- Хотел Бел Камен
35. Штип
« Последно менување: 13 Април 2018, 16:11:56 pm balanar »

Отсутен MartinAlfista

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 17600
  • Alfa Romeo Corruption 1.4 Turbo
Одг: Авто-турнеја низ Македонија
« Одговори #1 на: 13 Април 2018, 17:22:23 pm »
Секоја чест за ова, цело време зборам дека државата си ја знаеме помалку од странците што одат на секакви тури и шетања.

Сега следно ти е дел по дел да ја шеташ територијата, ама подетално :)

Отсутен nikola_bb

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 5081
Одг: Авто-турнеја низ Македонија
« Одговори #2 на: 13 Април 2018, 19:26:39 pm »
Бел камен веќе некое време не работи

Отсутен balanar

  • Редовен
  • ***
  • Пораки: 2293
Одг: Авто-турнеја низ Македонија
« Одговори #3 на: 14 Април 2018, 00:41:17 am »
Работеше во 2016  ;D