Автор Тема: Купувам семејно возило до 7000 евра  (Прочитано 1039 пати)

Отсутен blazeff

  • Почетник
  • *
  • Пораки: 7
Купувам семејно возило до 7000 евра
« на: 02 Јули 2017, 16:45:13 pm »
Веќе подолг период сум во потрага по поголемо возило (седан, не караван) што ќе го замени Спаркот.
Она што го барам од возилото е:
1. Доволно голем простор позади за детско седиште и еден возрасен и мало дете
2. Багажник да собере детска количка и останати тракатанци
3. Возилото ќе се вози најчесто во градски услови 15-20 км на ден, просечно 12-15000км годишно
4. Немам преференци за бензин или дизел, битно ми е да не е тромав мотор и пожелно е да има турбо.
Преферирам Тојота Корола, Хонда Сивик, Форд Мондео па и Пасат од 2007 па навака.
Давајте предлози и сугестии.