Другови и другарице препорачајте добар, саглам, ранец за на грб. Од бит пазар не издржа ни година.
Ќе се користи за секојдневие+книги+пуњачи и остали ствари.
Danke
Jaс овој го пазарив:
http://camouflage.mk/ranec-us-assault-sm-laser-cut
(на сликава е напумпан до даске)

Вреди за сите пари, втора година го носам на работа. Удобен е, онака баш ергномски фино се осеќа на рамења. Има доволно разни прегради, убаво се стега за да не се клацкаат работите внатре (ако не е наполнет). Бојава/шарава што ја избрав не остава да се познаваат многу флеките (не сум го перел досега).

Единствено замерка е што големиот модел од истиот ранец е само малку поскап, а навистина солидно е поголем. Средната величина не ја држат, но малава величина е повеќе од таман за EDC (работите кои си ги набројал).
Јас сум задоволен. Инаку продавницата некој на форумов ја предложи, и ок е, добар избор има за разни outdoor работи. Тогаш подоста работи си изнакупив, треба пак да поминам.
