Ова со забраната на движење во шуми „со кое стопанисува ЈП Национални шуми“ има некоја мапа некаде да се види кои се гранците?
Водно смеете да одите?
Мапа немам видено, дефиницијата е само шума.
Водно не смеј, имаше вест дека се запира автобуската линија и жичарата.
Иако мислам е ова намерно за луѓето да не си собираат огревни дрва, ова време од годината сите
земаат огревни дрва па гледаат да дрпаат преку соработници кои препродаваат приватно, а на
државно нема.
Со кризава луѓето немаат пари за огрев. Затоа би си береле сами.
Односно луѓето да испоцркаат од студ, освен ако не се од подобните граѓани.
Очекувам да има и вооружени престрелки со шумари.
А најнакрај, кој ги мати, рекетари за државата се, прашање е на опстанок.
Имам видено ново седиште на јп шуми скопје, голема инвестиција, нови канцеларии во зградата на нова македонија, преуредиле пристапен пат и подземни гаражи, знаци за присвоени паркинг места и што е најважно НОВИ ЏИПОВИ.
А народот ќе се смрзнува и умира од студ.