Верно ли е со инфо од Car Vertical, сакам да проверам Corsa D 2011?
Јас баш проверував пред неколку месеци.
Може да се купи/изгенерира репорт и само за една кола, не мора за повеќе и ме кошташе околу 15-тина евра.
Мене ми беа океј податоците што ги видов таму, километрите беа тие што ги имаше колата.
Кон крајот, пред колата да излезе од Европа, малку има неколку ставки во историјата кои што претпоставувам дека ги додаваат со некој си machine learning алгоритам, но добар дел од инфото имаше смисла; Сепак ќе треба да си просудиш плус самиот.
Ако била во некоја сообраќајка каде што осигурањето ја покрило штетата би требало да можеш да видиш потенцијално и по некоја слика.
Лично сметам дека вреди да се пушти репортот пред да се купи колата ако сите други параметри до сега ти се ЗА.
П.С. Репортот на линкот кој што ќе го добиеш истекува за 3 месеци, направи си screenshots, чисто ако сакаш да си го имаш и во иднина.