Знае некој како да исчистам флеки од ролон на маици под пазуви.
Пробав со содабикарбона, киселина, сјај, од оние диајвај предлози, неуспешно.
Купив МР. Денкерман за флеки од дезодоранс, џабе 150ден фрлени.
Е сега има друго од Frosch за 100-ка, ама да не ја купам цела хемија за проба, и пак ништо да не направам.
Да му се најди на некој ако го интересира:
Го купив и тоа од Фрош ама не го пробав, 250ден дадени за мадиња голи, ама завршив работа со солна киселина од Интерхем, во Кам шо ја има за 24денари 1Л и ми останаа 900мл.
15-20% HCL, хлороводородна киселина е, го разредив во шишенце со вода 1:1, турив на флеките, оставив 5мин да делува, и со четка малку затрив, и со тушот вкада исплакнав и вмашина. Цут. Бојата не обледе и ништо не изгоре, 4 маици различни бои.
Кој е по хемијата, овој чоек го прочитав: