Затоа за такви скапи зафати, како вештачки заби и слично, се зима дополнително здравствено осигурување и може да ти покрие или целосно или делумно од трошоците, зависи од полисата. Има доста бесплатни услуги, барем кај стоматолозите, и мислам дека е исто како тука. Тоа што се доплаќа е со повисоки цени од тука. На пример умртвување живец, со машинско полнење или како и да е, со пломбирање, те цела интервенција, на 4ка заб платив 190 еур. Истата работа, но со рачно полнење и од оние црнине пломби е бесплата. Во Скопје за истото што го платив 190 еур во Германија, го платив 2400 денари. Но знам дека кај други стоматолози може и да е поскапо. Овие интервенции во Германија можеш да ги пријавиш за повраток на данок, па дел од парите да си ги вратиш назад.
Во Гевгелија еден куп грци си ги прават заботе, па не се мрчи за тоа. И не гледам причина зашто да се прават кавги за такво нешто и кога македонци кои се отселиле кога ќе дојдат во Македонија го прават тука. Поефтино е, па зашто да не.