Првпат на форумот? Добредојдовте, и погледнете ги правилата!CARclub.mk е достапен и на Facebook како и на Twitter!
Мамички,како да исчистам запечен лепак од креп-трака на лакирани скали?Ваша,Теа
Цитат: loopz на 31 Јули 2020, 02:54:54 amМамички,како да исчистам запечен лепак од креп-трака на лакирани скали?Ваша,ТеаWD - 40Испрскај. Нека поседи некој си 20 - 30 сек. Триј.
Која намалена побарувачка, кога 60 посто дома седиме, работиме од дома, трошиме секако повеќе.
Нечинат улиците пред се заради лошата подлога. Многу помалку заради центиметрите асфалт. Патот е подлогата (што многумина не го перципираат), а асфалтот е само целофан за да не ја измие дожд таа подлога.Со други зборови зошто центиметрите асфалт се небитни. На лоша подлога и 3цм, и 9цм, и 14цм, и 19цм и 27цм, и 33цм, и 58цм асфалт нема да има разлика. Бидејќи подлогата на места ќе пропадне и колку и да има асфалт врз неа (асфалтот не е структурен дел на патот) ќе пропадне и тој. И ќе се искрши и ќе испука.Од друга страна добра подлога со 3цм асфалт ќе трае самата со декади. Ако се санира секој месец со течен катран каде што е напукнат ќе трае со милениуми тој 3цм. Најинтересното кај асфалт е што е единствен медиум што се рециклира над 100%. Изгреби, стопи, полиј го. Ама неможе тоа ако подлогата не е добра.Втора работа е што немаме комбе за корекции со битумен да вртат 24/7. Ефтинија жива ама треба да ти текне. И сите пукнатини да се санираат брзо. И ќе трае 100 години секој асфалт. Еден пикап и прскалка рачна и толку.(Фотографијата е скриена. Кликни тука за да ја прикажеш..)(Фотографијата е скриена. Кликни тука за да ја прикажеш..)(Фотографијата е скриена. Кликни тука за да ја прикажеш..)П.с. еве како изгледа пат. Асфалтот е многу мал процент од него.(Фотографијата е скриена. Кликни тука за да ја прикажеш..)
Како поминавте со невремето? Ме залупа град кај Кјуби, па по Партизанска... ама првиот бран ваљда, нема страшни последици, малку некоја вдлабнатина, ништо страшно