Автор Тема: Рекла Казала IV: Fury Road  (Прочитано 2381364 пати)

Отсутен Power to the people

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 6814
  • Медалист, Олимпијада за Сарказам Перу '98
Одг: Рекла Казала IV: Fury Road
« Одговори #6975 на: 30 Јули 2019, 12:58:15 pm »
Цитат
/ Дали има пречки во нашата држава кои што ви оневозможуваат да се однесувате еколошки и кои се тие? (Факултативно прашање)

Последното прашање треба да биди со штиклирање, не со селектирање, пошто повеќето опции важат.

Отсутен Fic_CC

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 16758
  • Keep it 100
Одг: Рекла Казала IV: Fury Road
« Одговори #6976 на: 30 Јули 2019, 13:37:01 pm »
Средено

Отсутен Ipkisija Meskosa

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 8948
  • Пичлеме
Одг: Рекла Казала IV: Fury Road
« Одговори #6977 на: 31 Јули 2019, 17:19:44 pm »
Цитат
До три илјади евра граѓаните ќе може да добијат субвенции од државата при купување на ново патничко моторно возило, но само по принципот „старо за ново“. А поврат на средства ќе се вршат и за вградување на плински уред во автомобилите и тоа до 50 отсто од сумата која ја потрошиле граѓаните, но не повеќе од 300 евра. Ова се дел од измените на Законот за возила. Не беше кажано од кога ќе стартуваат овие мерки, но ако има пари од ребалансот, ќе стартуваат оваа есен, а ако не, од другата година.

„Првата мерка е мерка за субвенционирање на трошоци за вградување на уред за погон на алтернатвно гориво на постоечките возила. Со оваа мерка ќе се субвенционираат над 1.200 граѓани. Втората мерка е мерката за субвенционирање на купување на нови возила со одјава на старото возило“, рече министерот за економија, Крешник Бектеши.

Во новиот Закон за возила предвидено е и воведување на жолти таблички за таксистите. На тој начин ќе се избегнат несовесните таксисти, оние кои работат на црно, а со тоа ќе се зголеми сигурноста и безбедноста на корисниците на такси превозот, велат надлежните. Дополнително, измените предвидуваат и еколошки мерки. Посебни служби ќе определуваат кој автомобил каква налепница ќе добие, во зависност од еко стандардите кои ги поседува.

Налепниците ќе се издаваат во општините, ќе бидат жолти, црвени или зелени. Министерот вели дека налепниците  не се задолжителни. Но, доколку во деновите кога е енормно загадувањето на воздухот, а властите воведат сообраќаен режим, а на возилото нема никаква налепница, тој автомобил мора да остане паркиран. Во спротивно следува парична казна која допрва ќе се определува.

Отсутен Bicikle

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 10576
Одг: Рекла Казала IV: Fury Road
« Одговори #6978 на: 31 Јули 2019, 18:23:16 pm »
3000 евра ќе ми дат за голфон ?

Отсутен Ipkisija Meskosa

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 8948
  • Пичлеме
Одг: Рекла Казала IV: Fury Road
« Одговори #6979 на: 31 Јули 2019, 19:27:15 pm »
А зошто Голфон да го дајш старо за ново? Голф не старее, кога сакаш можиш да го продајш по цена која ти одговара :)

Присутен vlatko.klp

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 6579
Одг: Рекла Казала IV: Fury Road
« Одговори #6980 на: 31 Јули 2019, 19:32:37 pm »
Мислам од денеска Голф може слободно да се смени со Kia Ceed

Отсутен pirat_07

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 8218
  • Rural fuckin society - we live in!!!
Одг: Рекла Казала IV: Fury Road
« Одговори #6981 на: 31 Јули 2019, 19:53:12 pm »
Добри се чинат меркиве, особено за плинот.

Отсутен Ipkisija Meskosa

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 8948
  • Пичлеме
Одг: Рекла Казала IV: Fury Road
« Одговори #6982 на: 31 Јули 2019, 20:17:57 pm »
Мислам од денеска Голф може слободно да се смени со Kia Ceed
Една Киа не носи пролет вели народната ;D

Отсутен Bicikle

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 10576
Одг: Рекла Казала IV: Fury Road
« Одговори #6983 на: 31 Јули 2019, 22:31:40 pm »
А зошто Голфон да го дајш старо за ново? Голф не старее, кога сакаш можиш да го продајш по цена која ти одговара :)
od dobrodushnost :)

Отсутен Busav

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 3929
Одг: Рекла Казала IV: Fury Road
« Одговори #6984 на: 31 Јули 2019, 23:56:34 pm »
Peugeot 306 1996година 1.4 75 kw на ланче е или каиш? :)

Sent from my FIG-LX1 using Tapatalk

Барам девојка која ке си го продаде бубрегот за да си купам кола :)

Отсутен Nandor The Relentless

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 8893
  • Малерозен дрводарец
Одг: Рекла Казала IV: Fury Road
« Одговори #6985 на: 01 Август 2019, 00:21:12 am »
На преса, братми, на преса :D
Министерство за транс, поп и виски.

Отсутен Fic_CC

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 16758
  • Keep it 100
Одг: Рекла Казала IV: Fury Road
« Одговори #6986 на: 01 Август 2019, 00:23:11 am »
На каиш. Една од најудобните коли за нашиве патишта.

Отсутен Nandor The Relentless

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 8893
  • Малерозен дрводарец
Одг: Рекла Казала IV: Fury Road
« Одговори #6987 на: 01 Август 2019, 00:33:21 am »
Шала на страна, едно другарче имаше баш таква со некои си додатоци како спортски волан што ти ја знам... (ја батали затоа што не можеше да најде ист волан долго време :D)

Ама не можев да одолеам на аналогијата - не знам, може и неговата е на преса :D
Министерство за транс, поп и виски.

Отсутен Busav

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 3929
Одг: Рекла Казала IV: Fury Road
« Одговори #6988 на: 01 Август 2019, 00:33:38 am »
Земав едно од пусти мерак:) 56.000 км има поминато :)

Sent from my FIG-LX1 using Tapatalk

Барам девојка која ке си го продаде бубрегот за да си купам кола :)

Отсутен Nandor The Relentless

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 8893
  • Малерозен дрводарец
Одг: Рекла Казала IV: Fury Road
« Одговори #6989 на: 01 Август 2019, 00:34:38 am »
96 / 56 / 96

Добра си ја одбрал!
Министерство за транс, поп и виски.