За да вратиш 1800 во три месеци треба да се потрошат меѓу 79.000 и 260.000 денари, во зависност колку од производите што ќе ги купите ќе имаат 5%, а колку 18% ДДВ.
Чисто за ориентација, за една фискална од 3.000 денари ако ДДВто е 18% ќе добиете поврат од 69 денари.
Таман работа дека на некој лошо ќе му дојдат 10, 30, 50 евра, но работата е чисто да се има претстава колку "работа" треба за да се стигне до тие пари.
За 12000ден се враќаат 1800ден во 3 месеци. Тие пари од гориво и хранарина се прават без проблем со неколку сметки.
7200ден годишно јас би си ги зел.
Си ја побркал математика. Државата ќе ти врати 15% од данокот на сметки до 30.000ден. Ако тие 12000 ти се сметки за продукти со данок од 18%, ти би добил 12000*0.18*0.15 = 324ден.
Срамота...
Не е така, законот вика ДДВ-то да биде 12.000 за три месеци, не фискланите да бидат 12.000 денари за три месеци. А една фискална може да биде максимум 30.000,оо денари.