Види сега, и на вмро многу не му се правеше попис...
ПС
На Ван не му се коментира делот каде реков дема појма од национален интерес 
Да се вклучам тука за да појаснам нешто, затоа што директно бев вклучен во спроведувањето на Пописот 2011 година, ова се фактите, што јавно објавени, што необјавени, што од моето лично и теренско искуство (бев реонски инструктор на 4 мешани тимови во Куманово и тоа пази каде, Диво насеље, градска болница и пазарчето):
- Владата на ВМРО и те како сакаше да се спроведе реален и објективен попис, но истиот беше саботиран во „последната четвртина од натпреварот' од страна на албанското малцинство;
- Направени се многу пропусти во подготвителната фаза, пред се во делот на одржување на соодветните обуки, односно, конкретно во Куманово беше одржана само една, многу слаба обука, без ниаков ефект;
- ВМРО одржа неколку (не)официјални обуки, каде акцент беше ставен на тоа дека мора да се направи реален попис, според сите закони и прописи, и најважно, согласно сите стандарди на Еуростат, а на луѓето/попишувачите им се укажуваше на сите опасности на кои треба да бидат подготвени (закани, потплатувања и др), за да одолеат на истите, заради НАЦИОНАЛНИТЕ интереси;
- беше направена, во добар дел, несоодветна селекција, односно луѓе фаќаа врски за да бидат вклучени во процесот како попишувачи, инструктори и членови на општинската пописна комисија, за државната да не зборам (заради парична надокнада) и притоа бараа „полесни“ места - пописни кругови, читај:чисто македонски етнички средини, за да без проблем и опасност завршат со работата и си земат парички (ебати продадени за торба урда);
- јас се нафатив (затоа што и јас на времето мрчев, како тоа не може да се спроведе регуларен попис, кој смее и може да те уплаши и да ти се закани) на погоре набројаните критични места и секој ден правев пресек со тимовите до кај се и што се, почетокот беше охрабрувачки и се течеше во најдобар ред, ама, малцинството доби насоки да работи според толкувањето на ДУИ и нивни кримогени структури на правилата за попишување, односно затечените семејства дома почнаа да ги попишуваат буквално сите нивни потомци што живеат во странство, спротивно на сите правила, се случуваше, од една куќа да ми донесат по 20 пописници. Имаше случај каде еден попишувач македонец ми се јави од една куќа да ме праша за совет - дали смее да попише луѓе кои фактички не живеат во таа куќа со нивните деца - нормално НЕ му реков - ама не ме пуштаат да излезам ако не ги попишам - ги попиша - ги поништив тие и плус околу 300 други пописници за исти вакви случаеви;
- знам за случаеви каде, прво заради пропуст на власта/организаторите на пописот, етнички срби беа испраќани во местата на конфликтот од 2001, во чајџилница во Ваксинце или Слупчане, не се сеќавам, беа држени попишувачи со наредба да попишат се што ќе им биде кажано, без да одат на терен, понатаму некои сакаа преку Скајп да се попишуваат, некои со копии од документи - ОВА БЕШЕ ОРГАНИЗИРАНО И ОХРАБРЕНО ОД ДУИ, КАКО И ОД СИТЕ ДРУГИ ЧИНИТЕЛИ ОД АЛБАНСКИОТ ЕТНИКУМ;
- ВМРО се обиде со сите напори, прво да се направи се како што треба и да се спроведе правилен Попис, второ, се обиде да го спречи тоа што го набројав;
- кога увидоа од малцинството дека нема да можат да спроведат Попис како во 2002 година (само со албанци и со моливче), се повлекоа од заедничките мешани тимови;
- пропуст или најверојатно политички дил, е тоа што немаше истрага за Пописот, и кривично-правна разврска на целиот случај.
Мислам дека е повеќе од јасно дека Македонија не ја гледаат како татковина, на прво место им се крајно радикално-чисто етнички и национални интереси, па десет празни места, па тогаш се друго.
Ова што сега ни се случи (односно случува од 2014 година) ќе не доведе да бидеме како Босна (кантони, етникуми, федерација), а знаеме колку е Босна функционална држава, само заради нечии болни амбиции да биде премиер по секоја цена (а богами и уцена) и болните амбиции на Димитров, Шеќеринска, нормално како подизведувачи на целиот процес, затоа што Груевски им бркна во око на УСА и ЕУ со Турски тек и поволните кредити од КИна, па по секоја цена меЏународната сакаше да не втера во НАТО (а тоа можеше само со промена на името и откажувањето од накедонскиот идентитет), а допрва ни спремаат секс Бугарите и Албанците, а и Грција не е скроз готова, да не мисли некој дека завршија сите отспаки од наша страна.