Тоа што јас го правам, е дека ја констатирам грдотијата и неубавината на реалноста во која живееме сите... Не само што ја констатирам туку и ја потенцирам, пошто многу овде се прават дека ништо лошо не се случува. Но ти лично за жал гледаш само низ својата призма и сите што не ставаат појас со експлозив да се разнесат на 500 метри далеку од предавниците (и повеќе десетици илјади километри далеку од вистинските причинители), пошто отприлика толку блиску може да стигне, ти таквите ги гледаш како „форумска нинџи“ и „лајачи“.
Пак тресеш платитуди некакви “комични“ оправданија како ти имаш поглед кон големата слика и ја потенцираш преку индивидуални примери кои треба да претставуваат еден резултат на долг политичко-социјален процес кој се случува во позадина, пропратен со твои индивидуално дефинирани начини на мерење и коефициенти.
Друго, се разбира дека ти прво ќе измислиш, после ќе извртиш, за на крај да парафразираш за какви мерки и одговорност зборувам. На крај да избереш пример од екстремистичките начини на делување на терористи/исламски терористи. Тоа е една од карактеристиките на форумските нинџи и лајачи. После пак цацко ти е крив што те восприемаат така, како што те восприемаат. Тоа што го наоѓам за симптоматично е, што уствари ти си за зачувување на македонизмот и сѐ што е македонско, ама користиш аргументација и терористички примери изведени и релативно-успешни од твоите браќа Македонци пред сто години и ги користиш во негативна конотација.
Потпрашање: Дали сакаш да кажеш дека македонците пред сто години со нивните терористички напади, бомбардирања, атентати, убиства и киднапирања всушност го правеле тоа на погрешен начин? Дали требало и тие да “лаат повеќе“ и да им ги отвараат очите на другите луѓе и притоа никако да не превземаат никаква одговорност и да не си ја ставаат главата во торба?
Тоа што јас го правам, е барем малку да ги подразбудам овдешните „не се замарам“ момци - кои во реалност и тоа како се замарани и од државата и од општеството, но се прават на глупи дека тоа не ги засега нив. Тоа барем можам, и да се надевам дека на следните избори ќе се излезе од кругот на двопартискиот систем во кој сме заглавени сите што останавме овде (pun intended).
Тоа што ти го правиш (во ваквите моменти), е да потценуваш и омаловажуваш се што не е некаква физичка акција која е суицидна за секој еден поединец. Да беше Чак Норис Македонец, па нему да му се лутеше зошто не отиде да ги потепа сите... Вака реално можеш само (и треба) да ни се лутиш колективно зошто немаме критичка јавна свест, и зошто упорно не разбираме што е правото на глас, каква алатка е гласањето за барање на правата и потребите.
Работата што ти не може да разбереш е дека средностатистички македонец ќе те заебе и продаде за лична корист без око да му трепне.
пс. Македонските интереси и стратегиски интерести ти се чисти пропагандно-популистичко-дневно-политички глупости што утре да се сменат, другиден ќе имаш трета опција која ќе почне да ја краде државата.