Тоа што јас го правам, е дека ја констатирам грдотијата и неубавината на реалноста во која живееме сите... Не само што ја констатирам туку и ја потенцирам, пошто многу овде се прават дека ништо лошо не се случува. Но ти лично за жал гледаш само низ својата призма и сите што не ставаат појас со експлозив да се разнесат на 500 метри далеку од предавниците (и повеќе десетици илјади километри далеку од вистинските причинители), пошто отприлика толку блиску може да стигне, ти таквите ги гледаш како „форумска нинџи“ и „лајачи“.
Тоа што јас го правам, е барем малку да ги подразбудам овдешните „не се замарам“ момци - кои во реалност и тоа како се замарани и од државата и од општеството, но се прават на глупи дека тоа не ги засега нив. Тоа барем можам, и да се надевам дека на следните избори ќе се излезе од кругот на двопартискиот систем во кој сме заглавени сите што останавме овде (pun intended).
Тоа што ти го правиш (во ваквите моменти), е да потценуваш и омаловажуваш се што не е некаква физичка акција која е суицидна за секој еден поединец. Да беше Чак Норис Македонец, па нему да му се лутеше зошто не отиде да ги потепа сите... Вака реално можеш само (и треба) да ни се лутиш колективно зошто немаме критичка јавна свест, и зошто упорно не разбираме што е правото на глас, каква алатка е гласањето за барање на правата и потребите.