Ништо не си ме разбрал или не читаш што другите коментираат. Ако не си против такви даноци ондак што пишуваш празни зборови? Каква побогу врска сега има денарот и курсот со еврото? Дајте помалце со теорииве. 27 години Македонија има стабилен курс првин со германската марка па сега со евро и тоа нема да се смени наскоро. Не оди наоколу и не кревај прашина кај што нема.
Ти
мене ми реплицираш со нешто неповрзано на тоа што го кажувам. И уште кажуваш дека не сум те разбрал и дали ги читам другите (третите)...

Ако тоа што го пишуваш се однесува на некој друг, пиши му го на тој некој друг. Што ми пишуваш мене?
Ти почнуваш дека не си против ама ова било само почеток. ОК. И? Што е тука проблемот? Не си ни самиот јасен на што целиш.
И после ти за неразбирање (и нечитање) најде да зборуваш.
Ме мрзи сега во паинт да ти нацртам, затоа еве пак ама читај малку пополека:
- Не се согласувам со никакво зголемување на даноци за личен приход. И никој не треба да се согласи, без разлика што (овојпат) поголемиот данок не ги опфаќа мнозинството - затоа што тоа е согласување со тенденцијата на зголемување на даноци и секакви давачки. Плаќаме даноци и за тие што не плаќаат даноци (гледам во етничките малцинства од руралните но и урбаните средини каде се мнозинства), а паразитскиот државен апарат само вработува нови и нови
гласачи вработени.
- Се согласувам со скалести давачки за разни еко-такси. На пример ако за мојот Голф измерат дека емитира повеќе честички од некој пропишан стандард (соодветен на овдешните услови), тогаш и јас да си платам поскапа регистрација. Но уште повеќе да плати и некој куртон со 15 години понова машина, а 10 пати поиздувана и никогаш правилно нечувана и несервисирана (а за таксисти и слични ич да не зборуваме). Значи да се мери, па соодветно да се наплати. Истото би требало да важи и за скалести давачки за нови/стари аута со снага над некој договорен просек. Нека се наплаќа курчот и нека се двојат парите за подобри сообраќајни услови и справување со последици од сообраќајните незгоди. Или барем да се воведат многу построги законски консеквенци за возачи на разни СУВ-ови и џипови кои ги кршат законите, посебно за повеќекратни сторители, дури и за дела без жртви и големи консенквенци. Превентивно да се делува, а не како сега последувателно (не дека и тоа се прави праведно).
Ете за тоа зборувам, а ако сеуште нешто не (ти) е јасно - повели па прашај.