...
Како по обичај во твој стил, кажуваш во мое име како јас размислувам, што размислувам и каков е мојот светоглед кон Македонија и нејзините проблеми. Но, јас ти објаснувам културно да престанеш да зборуваш во мое име. Понатаму ти објаснувам аргументирано зошто твоите споделени линкови, чкрбаници од најразлични (алтернативни) “медиуми“ ги земам со голема доза на сомнителност и особено го гледам начинот на аргументација, рационализација и употребата на сопствени и туѓи идеи. Понатаму, ти ги користиш објавените работи на тие “медиуми“ за да си го надоградуваш твоето знаење, твојот светоглед и да си ги потврдуваш твоите идеи и размислувања. Целото тоа е твое лично право, како што е и лично право начинот на кој си ги изразуваш твоите идеи и како такво не ми смета. Единствено нешто за кое ти замерувам низ постовите е да престанеш да ми ставаш зборови во уста, да објаснуваш низ твоите постови како размислувам јас и да го разводнуваш или обезвреднуваш мојот светоглед.
Друго, немаш ама баш никакви информации каква е мојата реалност. Но штом веќе сакаш да ја разглобуваш и толкуваш мојата реалност и светоглед... Интересно е што низ моите постови низ годините тука имам напишано голем дел од мојата реалност, но најверојатно поради сопственото его и тој самопрогласен надвишен интелект, не си ни пробал да прочиташ, уште помалку да ја разглобиш, туку преферираш да ја обезвреднуваш.
Трето, конкретно сврзано со вестите од децентрализираната локална власт. Ако сакаше да зборуваш за реални проблеми, немаше да чекаш некојси “медиум“ да ти ги сервира вестите со проблемите. Поради икс причини и прилики сум имал/и сеуште имам возможности да се борам/соработувам/надмудрувам со неколку гарнитури од локален (па и државен) карактер, во врска со слични проблеми како тие во Општина Сарај и низ другите места од Македонија. Мене ме интересирало и ме удирало по џеб и по мене како човек, па сум видел/прочитал збор два за тие проблеми и конкретни практични решенија. Но... тоа се банални работи, не се интересни за “медиуми“, “портали“ и слични гласила на оваа, онаа, или третата гарнитура. Ги немало во ниедни медиуми, а сепак се работело за долгорочната иднина на животната средина, регулирање на загадувањето и воздухот и долгорочен пристап до чиста и здрава вода за пиење/наводнување. Има милионски суми во евра кои се потрошени, “легално украдени“ и излокани и изгнетени од истите тие луѓе кои ти ги нарекуваш дефокусирани и кои бегаат од реалноста. Понатаму, ко-финансирањето и најразличните концесии финасираат проекти, организации, кои работат и произведуваат слични официјални резултати и извештаи по теркот на твоите постови (или за спротивната страна), наместо да се пренасочат тие пари за развивање практични вештини кај луѓето, да се дообразоваат и доквалификуваат луѓето за да можат да се справат со практичните проблеми кои ги имаат, се финансираат демагози и се измислуваат легални начини за проневера на пари добиени од природните богатства на секоја општина. (Ова се само мал дел примери од реалните проблеми за кои јас се кладам дека не ни знаеш дека постојат.... Аmа сакаше да дискутираш за реални проблеми, па ти набројувам некои кои ги нема во ниеден медиум).
Со други зборови, ако сакаш навистина да ги промениш работите (особено на локално ниво), не чекај некој да ти сервира вести. Сега барем колку-толку има некаква отвореност на сите институции кадешто се објавуваат сите одлуки, донесени решенија, тендери, потрошени пари и сите слични одлуки. Ретроактивно “лаење“ и глумење “ интелектуален авторитет“ не решава ама баш ништо, ниту пак на долг рок е некаква здрава лична сатисфакција дека барем со нешто си го подобрил својата родна грутка и домашно катче.
Од друга страна, како излезе некоја вест која ти се чини бизарна и суреална, или некоја која ти ги храни твоите размислувања за светскиот поредок, стратегиските надмудрувања, се појавуваш во Рекла-Казала. Тоа на мене ми личи на софизам. А тоа пак е парадокс, затоа што самиот ти вложуваш многу време и енергија да бидеш оригинален. И сепак на крај се фатиш со мене и мојот светоглед и пробуваш да ја си ја истушиш маката и неправдата (која според тебе ја има). Последната реченица не ти ја коментирам, затоа што е напишана со цел да ме навреди по некаков начин, за да ме натера да дискутирам на поразлично ниво и начин на кој не сум навикнат да дискутирам.