Не може да биде им добро со 20 до макс 30 илјади, сеедно што се пари без пот. Да тоа е повеќе е од тие што го немаат ни тоа, но како да го завртиш работите тоа не се доволно пари за нормален живот. Некои од нив го разбираат ова но немаат друг избор. Поголемиот дел од нив не го разбираат ова. Задоволни се од тоа, затоа што се мрзливи и неуки. Не разбираат и дека утре ако (кога) ќе се свртат работите, дека ќе останат без клати врата зимај плата работата, и дека тогаш конечно ќе треба нешто вистински да сработат за да заработат. На жалост тогаш многу од нив ќе угинат како паразити кои остануваат без домаќин, вошки кои некој со чешел за вошки ги исчешлал од вошливата коса.
Доволно сликовито се објаснив за тебе Мики?
Ти бачка, си тој кој не разбира. И патем, мнозинството од народот не работи во админстрација. Тезата на Луки е погрешна, тоа е лесно проверливо со статистички податоци. Луки е малку необјективен кога вака сака да верува дека сите што вределе избегале надвор од државата, а мнозинството што останале се на државна цицка.
Неретко варијации од ова слушам од иселеници. Ок, од нивна перспектива можеби така изгледа... Само изгледа дека малку се губи перспективата со иселување надвор.