Mojaта теза е следнава. Криминалот и корупцијата во Македонија нема да се намалат со влегување во ЕУ. Како аргумент во мојата теза го нудам фактот дека во Бугарија корупцијата и криминалот значително не се намалија ни откако влегоа во ЕУ.
Второ, а да ѕирнеш кој го регистрирал доменот bbc.com ?
Не за друго ама се сомневам на руска вмешаност. 
И ББЦ, Политико, Гардијан, Германските ЗјиудДојче, Франкфуртер сите имаа напишано дека е истражувач новинар, па после да ги променат статиите дека е водител и дел од управниот одбор.

Читав по бугарските медиуми, па прочитав официјалната прес-конференција на нивното МВР, за на крај да прочитам некои работи од една бугарска пријателка/колешка во внатрешни преписки со други луѓе. Па погледнав набрзина за која телевизија работела, каков капитал има во неа, кои се инвеститорите, на која “групировка“ припаѓаат.

Влезот во ЕУ нема да намали ама баш ништо. Може само да го метаморфозира во поразличен тип на криминал. Затоа што “отворените граници“, повеќето достапни пари отвараат нови видици, предизвици и практично неограничени можности за легален и нелегален криминал.
