Автор Тема: Рекла Казала IV: Fury Road  (Прочитано 3018513 пати)

Отсутен marmlad

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 4222
Одг: Рекла Казала IV: Fury Road
« Одговори #4020 на: 28 Август 2018, 16:44:31 pm »
Луки...

Тој го имам гледано прв пат во времето кога бев студент. Тогаш уште бев млад и наивен кога верував дека умот, теоризирањето, филозофиите, идеологиите и надмудрувањето се главните движечки сили на општеството, државите, процесите на комуникација меѓу државите, армиите, итн. Но, најглавната движечка сила која ги одредува сите овие работи е моќта за создавање вредност и капитал (било материјален, социјален, воен, инфраструктурен, производствен). Самиот провесор зборува за времињата, настаните и тоа што се случува од неговата западна перспектива. Не тврдам дека е погрешна или невистинита. Јас само тврдам дека тогаш имало плодна почва за некој да “сее“ некакви идеи и имало доволно луѓе да ги купат тие идеи. За да може тој професор колку-толку слободно да живее, да твори, да труби за војна меѓу југославија и америка, да го слушаат млади деца, да го снимаат на камера, да му свети сијалица над глава во некоја универзитетска зграда значи дека некој друг (или група) создале доволно работа, капитал, пари, продукти, вредност за да може овој ист професор да држи лекции на млади луѓе.
Единствен начин да се успее да се биде независен, или да си биедш креатор на твојата иднина како индивидуалец, група, село, општина, народ е да се научиш да правиш пари и вредност. Тоа е единствениот пат и начин да имаш некакво реално влијание во околината и светот. Не дека тоа е лесно, едноставно и изводливо. Ама човек мора да учи, да биде паметен и да се бори. Кај нас ситуацијата во Македонија е таква каква што е само заради мнозинството. Мнозинството е група на злобници, рекетари, мрзливи луѓе, користољубиви кои попрво би убиле човек со нивните дејствувања и активности, отколку да пробаат да создаваат работи кои имаат објективна вредност зад границите на родната држава.


Нејќе работата политика, сака мозок, многу работа, ред и дисциплина.

Отсутен Deni

  • Photo & Light
  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 55336
  • Махер
Одг: Рекла Казала IV: Fury Road
« Одговори #4021 на: 28 Август 2018, 17:00:46 pm »
Дај ми канта бензин да си ја запалам куќата.

Не бе немој така, не е убаво.

Еве ти 1.000 евра за кантата, но никој да не дознае.

Еве ти ја кантата, терај работа, но никој да не дознае.

Во најкратки црти, во однос на внатрешни и надворешни фактори...

Лоша споредба/метафора. Еве подобра. Имаш мало погонче или отпад некаде кај Момин поток, Качанички пат, и си гориш гуми за разни потреби и/или палиш акумулатори заради оловото. Се труеш и себе, и сите други, но ти лично си правиш пари од тоа - па редовно и упорно го практикуваш труењето. Целиот колектив се труе, но ти профираш... Во случајот со Југославија, цела држава гори ама некој одвнатре профитира - покрај тие однадвор, се разбира. Најпосле треба некој биде марионета за новите газди, а некои со задоволство се нафаќаат да бидат марионети кога за возврат пред сите дома може да глумат газди.
Во случајов Словенија, а делумно и Хрватска масовно и енормно профитираа од распадот како што ниедна возможна држава не профитирала во историјата на оваа планета. Кај нив беа инвестирани огромни средства од унијата заради близината на морето. А по распадот им останаа нивни лични. Да им се наложеше КАКО СЕГА ШТО СЕ НАЛАГА дека при излез од унија "баче" ќе си платиш тоа што си земал заедничко и тоа со камата затоа што не е твое туку е на сите нас. Е тука помогна факторот да ги избутка гнасите да не покрадат на мртво.

Наместо да и се посочи јасно на словенија дека при излез од Унијата ќе треба да исплати 80 милијарди долари/марки кон унијата, во спротивно излез од унијата ќе се третира како загрозување на стабилноста на унијата и ќе биде интервенирано воено со рамнење на теренот и запленување на 90% од територијата на државата кон унијата за исплата на горенаведениот долг.

И за Хрватска ПОТПОЛНО исто.

А така.

Германија си исплаќаше оштета за војната. Британија сега демек ќе излезе и демек ќе плаќа како и да е.

Ама нека се одвои Тексас да видам како ќе биде пречекано тоа. Ама кога профитот на говната западни оди во прилог на раздели па владеј нема гајле може да се отцепува кој од кај сака.

Да не навлагам за мајмунлакот со девизите при распадот. Тоа па тоа па. Транзицијава наша е мало маче за кражбата што ја направија Словенија и Хрватска од унијата при распадот. Тоа се баснословни бројки. На мртво не покрадоа.

Од целиот циркуз 91ва убедливо и тоа неброено пред вториот профитер има Словенија. Од кражба на девизи, од заплена на невидена индустрија, од територија која не и припаѓа, од растурање на унија без да плаќа пенали од буквално се.

Е затоа на грбот на унијата словенија сега е таму кај што е. А заради западната поддршка не е израмнета со земја од унијата. Паркинг ќе беше да не и го држеа гзот.

Ете тоа е гомното заради кое е распадот направен. Западот само го поддржал внатрешното ѓубре словенија кое се решило да краде од епски размери.

Отсутен Van

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 5405
  • VW Golf MK3 1.9 TDI
Одг: Рекла Казала IV: Fury Road
« Одговори #4022 на: 28 Август 2018, 17:02:38 pm »
Повторно ништо не си разбрал... Аман веќе!

Затоа се палиш на туѓи мислења (очигледно диктирани)!

Oбјасни тогаш, што е тоа што не го разбирам?

Отсутен Mikius

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 10612
Одг: Рекла Казала IV: Fury Road
« Одговори #4023 на: 28 Август 2018, 17:24:41 pm »
Куќата е држава.
Тој што ја пали куќата е внатрешен фактор.
Тој што дава канта бензин (прво као не сака, ама кога гледа дека овој е решен на тој чекор...) е надворешен фактор.

Може и обратно да биде:
Еве ти канта бензин за толку и толку, запали си ја куќата, секако ќе имаш ќар...

И неограничени варијанти...

ПС
Немој да ме прашуваш кој е внатрешен а кој надворешен фактор...
Јас сигурно не сум, а верувам ни ти, ние можеме да бидеме само колатерална штета.
Да се надеваме дека нема да се најде некој УЛАВ да сака да си ја пали куќата :)

Убава тема односно една варијанта е разработена во deep state, мини серијал. Го даваа на некоја тв пролетва...
« Последно менување: 28 Август 2018, 17:30:56 pm Mikius »

Отсутен Stratro

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 22377
Одг: Рекла Казала IV: Fury Road
« Одговори #4024 на: 28 Август 2018, 17:35:04 pm »
Мислев на сите ни е гледан...




...а чекаме и тројка.



« Последно менување: 28 Август 2018, 17:41:51 pm Stratro »

Отсутен Deni

  • Photo & Light
  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 55336
  • Махер
Одг: Рекла Казала IV: Fury Road
« Одговори #4025 на: 28 Август 2018, 17:38:27 pm »
Куќата е држава.
Тој што ја пали куќата е внатрешен фактор.
Тој што дава канта бензин (прво као не сака, ама кога гледа дека овој е решен на тој чекор...) е надворешен фактор.

Може и обратно да биде:
Еве ти канта бензин за толку и толку, запали си ја куќата, секако ќе имаш ќар...

И неограничени варијанти...

ПС
Немој да ме прашуваш кој е внатрешен а кој надворешен фактор...
Јас сигурно не сум, а верувам ни ти, ние можеме да бидеме само колатерална штета.
Да се надеваме дека нема да се најде некој УЛАВ да сака да си ја пали куќата :)

Убава тема односно една варијанта е разработена во deep state, мини серијал. Го даваа на некоја тв пролетва...
Како што гледаш нема таков што НЕСАКА да си ја запали куќата. Сите сакат да ја запалат само се такмичат кој за помалку пари ќе ја запали.

Отсутен nikola_bb

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 5514
Одг: Рекла Казала IV: Fury Road
« Одговори #4026 на: 29 Август 2018, 22:58:21 pm »
Дечки ми треба ваше искуство околу паркинг во Белград. Ќе бидам една недела тамо на некоја обука и ќе престојувам во некое хотелче во Земун. Колеги претходно што спиеле тамо викаат дека на улица се паркира(не е зонско) ако има место нормално. Колку има во ова вистина?  Како се регулирани паркинзиве, мора да има табла ако се наплаќа?

Отсутен nekojtamu

  • Редовен
  • ***
  • Пораки: 1165
Одг: Рекла Казала IV: Fury Road
« Одговори #4027 на: 29 Август 2018, 23:57:21 pm »
Дечки ми треба ваше искуство околу паркинг во Белград. Ќе бидам една недела тамо на некоја обука и ќе престојувам во некое хотелче во Земун. Колеги претходно што спиеле тамо викаат дека на улица се паркира(не е зонско) ако има место нормално. Колку има во ова вистина?  Како се регулирани паркинзиве, мора да има табла ако се наплаќа?
Барај го тишлајфер земунац.

Sent from my Redmi 5 Plus using Tapatalk


Отсутен Luki Junior

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 5261
  • The Spartan General
Fehlende Pferde Sterken sind mit Wahnsinn ersetzt.

Отсутен Van

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 5405
  • VW Golf MK3 1.9 TDI
Одг: Рекла Казала IV: Fury Road
« Одговори #4029 на: 30 Август 2018, 10:59:17 am »
Цитат
“China has stolen our intellectual property, held American companies hostage until they disclose their trade secrets, and manipulated their markets in a strategic manner to rip off American jobs and industries.” Or as Republican Sen. John Cornyn of Texas said, “We simply can’t let China erode our national security advantage by circumventing our laws and exploiting investment opportunities for nefarious purposes.”
Хехе, какви крокодилски солзи...  ;D
Убаво им беше додека ги онадеа, додека кинески работници ја работеа работата на американските работници но за 30 пати помалку пари. Што мислеа газдите од Америка, дека газдите од Кина нема да ја искористат шансата да ја копираат технологијата која се произведува во нивните фабрики?

Нејсе. Интересен напис, иако површен. Не ја ни загребува површината над вистинските настани, и причините зошто се случува трговската војна.

Отсутен vlatko.klp

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 6707
Одг: Рекла Казала IV: Fury Road
« Одговори #4030 на: 30 Август 2018, 11:04:37 am »
Трговската војна се случува пошто Македонија треба сега да влезе во НАТО а русите и кинезите се против и затоа доналд им става високи акцизи на нивните добра и услуги. Проста е работата.

Отсутен Mikius

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 10612
Одг: Рекла Казала IV: Fury Road
« Одговори #4031 на: 30 Август 2018, 11:23:19 am »
Колку сме јаки ;D

Отсутен Luki Junior

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 5261
  • The Spartan General
Одг: Рекла Казала IV: Fury Road
« Одговори #4032 на: 30 Август 2018, 11:46:13 am »
Нејсе. Интересен напис, иако површен. Не ја ни загребува површината над вистинските настани, и причините зошто се случува трговската војна.

Па не е напишан за кандидирање за нобелова награда. Напишан е од обични луѓе за обични луѓе. Затоа што групата обични луѓе секогаш ја плаќа сметката на крај. Ова ти е противаргументација за сите тие што се обидуваат да му закачат длабоки значења и интелект на портокаловиот орангутан.
Fehlende Pferde Sterken sind mit Wahnsinn ersetzt.

Отсутен Van

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 5405
  • VW Golf MK3 1.9 TDI
Одг: Рекла Казала IV: Fury Road
« Одговори #4033 на: 30 Август 2018, 12:57:02 pm »
Ех, ама мора да признаеш дека никој не очекуваше дека токму тој ќе биде потус - од тој аспект јас лично признавам дека (баш заради тоа) донекаде се надевав на некаков пресврт во случувањата. Не очекував пресврт, ама се надевав... Но се разбира, наивно е да се очекува дека американската надворешна политика може да зависи од еден човек, дури иако тоа е потус-от. Како што гледаме во минативе пар години, истото важи дури и кога за потус имаат ексцентрик кој не е дојден директно ниту од една, од нивните две партии.

Дури и несвесно и индиректно, сепак е само марионета во системот кој е така направен да дури ни потус-от не може да смени ништо. Сите обиди да изврши било која од реформите кои ги ветуваше, му се блокираат или од сенатот (и од двете партии подеднакво, се разбира), или па индиректно се блокирани од десетиците агенции и разни структури на моќ во системот кој е така поставен да дури ни потус-от не знае што се се случува позади кулисите. Тие структури на моќ, влади во сенка, тие работат независно од официјалната структура на власта - и директно не одговараат на никој или поточно никој од официјалната структура на власт. Затоа малтене е сеедно кој е актуелен потус.

Напишан е од обични луѓе за обични луѓе. Затоа што групата обични луѓе секогаш ја плаќа сметката на крај.
Неоспорно. Но останувањето во незнаење обично повлекува последици како плаќање на сметката (која други ја направиле и потрошиле). Тоа е причината зошто мојот коментар беше таков каков што беше.

Отсутен zlatkoa

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 3356
Одг: Рекла Казала IV: Fury Road
« Одговори #4034 на: 30 Август 2018, 15:14:57 pm »
Има нафта во Малешевијата.