Автор Тема: Рекла Казала IV: Fury Road  (Прочитано 1798738 пати)

Отсутен Stratro

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 22223
Одг: Рекла Казала IV: Fury Road
« Одговори #4005 на: 28 Август 2018, 13:43:12 pm »

Старата држава сами си ја уништиле генерациите што ја срушиле. Сами побарале помош од Америка и Европа и добиле точно тоа што го барале. Самошто после 10 години војни и 18-20 години глупости на никој од тие генерации не им се допаѓа резултатот што сами си го постигнале, и никој не отворено не признава оти е неспособен за правење пари, додадена вредност и способност да се биде вистински самостоен (и со пари и со дух). Полесно е да се каже Американците и Русите се криви оти сигурно нема да дојдат во дискусијата да кажат не е така.  :)


Луки...


Отсутен Mikius

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 10127
Одг: Рекла Казала IV: Fury Road
« Одговори #4006 на: 28 Август 2018, 14:02:40 pm »
Ќе го изгледам видеото подоцна...

Досега имам изгледано поприлично документарци за војната во yu, и можам да кажам, секој влече на своја страна.

Главна поента имам извлечено дека ако нема плодна почва за конфликт, тешко се остварува било каков план.

Под плодна почва подразбирам, луди глави на челни позиции и некој процент нивни слепи следбеници кои ќе го хушкаат народот, исто мал процент, кој па нема свое мислење, туку паѓа под влијание на туѓи мислења (колку и да се научна фантастика).

Мнозинството кое не влегува во овие категории е немоќно да спречи, направи било што...

Отсутен Deni

  • Photo & Light
  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 54808
  • Махер
Одг: Рекла Казала IV: Fury Road
« Одговори #4007 на: 28 Август 2018, 14:04:00 pm »
Раздели па владеј.

Отсутен Luki Junior

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 4966
  • The Spartan General
Одг: Рекла Казала IV: Fury Road
« Одговори #4008 на: 28 Август 2018, 14:07:45 pm »
Луки...

Тој го имам гледано прв пат во времето кога бев студент. Тогаш уште бев млад и наивен кога верував дека умот, теоризирањето, филозофиите, идеологиите и надмудрувањето се главните движечки сили на општеството, државите, процесите на комуникација меѓу државите, армиите, итн. Но, најглавната движечка сила која ги одредува сите овие работи е моќта за создавање вредност и капитал (било материјален, социјален, воен, инфраструктурен, производствен). Самиот провесор зборува за времињата, настаните и тоа што се случува од неговата западна перспектива. Не тврдам дека е погрешна или невистинита. Јас само тврдам дека тогаш имало плодна почва за некој да “сее“ некакви идеи и имало доволно луѓе да ги купат тие идеи. За да може тој професор колку-толку слободно да живее, да твори, да труби за војна меѓу југославија и америка, да го слушаат млади деца, да го снимаат на камера, да му свети сијалица над глава во некоја универзитетска зграда значи дека некој друг (или група) создале доволно работа, капитал, пари, продукти, вредност за да може овој ист професор да држи лекции на млади луѓе.
Единствен начин да се успее да се биде независен, или да си биедш креатор на твојата иднина како индивидуалец, група, село, општина, народ е да се научиш да правиш пари и вредност. Тоа е единствениот пат и начин да имаш некакво реално влијание во околината и светот. Не дека тоа е лесно, едноставно и изводливо. Ама човек мора да учи, да биде паметен и да се бори. Кај нас ситуацијата во Македонија е таква каква што е само заради мнозинството. Мнозинството е група на злобници, рекетари, мрзливи луѓе, користољубиви кои попрво би убиле човек со нивните дејствувања и активности, отколку да пробаат да создаваат работи кои имаат објективна вредност зад границите на родната држава.


Нејќе работата политика, сака мозок, многу работа, ред и дисциплина.
Fehlende Pferde Sterken sind mit Wahnsinn ersetzt.

Отсутен Mikius

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 10127
Одг: Рекла Казала IV: Fury Road
« Одговори #4009 на: 28 Август 2018, 14:23:55 pm »
Помослив дека видеото е осврт на 90/91... па и мојот коментар беше во таа насока...

Ред, мир, дисциплина, и ОДГОВОРНОСТ!

Отсутен Van

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 5231
  • VW Golf MK3 1.9 TDI
Одг: Рекла Казала IV: Fury Road
« Одговори #4010 на: 28 Август 2018, 14:26:48 pm »
Старата држава сами си ја уништиле генерациите што ја срушиле. Сами побарале помош од Америка и Европа и добиле точно тоа што го барале. Самошто после 10 години војни и 18-20 години глупости на никој од тие генерации не им се допаѓа резултатот што сами си го постигнале, и никој не отворено не признава оти е неспособен за правење пари, додадена вредност и способност да се биде вистински самостоен (и со пари и со дух). Полесно е да се каже Американците и Русите се криви оти сигурно нема да дојдат во дискусијата да кажат не е така.  :)
Југославија ниту ја направи народот, ниту па народ можеше да ја уништи - дури и да сакаше, а мнозинството секако не сакаа. Тезата за „плодна почва за сеење раздор“ не држи вода, барем не без сесрдна и активна помош од странски фактор.
Првото, дека Југославија не ја направи народот е премногу извесно. Народите ќе направеа национални држави ако нив никој нешто ги прашуваше. Смешно е ова да се спори. Второто, самоуништување одвнатре - силна држава како Југославија може да се уништи само однадвор. Механизмите за справување со внатрешни непријатели се премногу ефикасни за било кој внатрешен фактор да има шанса за тоа. Повеќе шанса има снегулка да стане снежна топка во пеколот. Дури и една ваква неспоредливо (структурно ама и секако) послаба држава како нашава, ниеден внатрешен непријател не би имал шанса да ја уништи одвнатре - не без активна помош однадвор.

Најпосле премногу факти има за директната вмешаност на странските фактори во распадот на Југославија за да се промовира теза дека државата сама се распадна. Сите тие агенти, воени инструктори, директни мешања, помош во оружје. Целата историја на Америте со рушење на власт во безброј држави, повеќето од тоа многу добро документирано со факти... Наивно е да се инсистира дека луѓето одвнатре ја уништија Југославија. Дека можеле да повеќе да влијаат да се спречи процесот - можеби во теорија, но во реалност практично невозможно кога ќе се земат во предвид ресурсите на противникот.

Цитат
Најголем дел од луѓето од преку барата и во западна европа што имаат некакво влијание најчесто се преокупипрани со правење пари, создавање вредност, и нови пазари. Овие тинк-тенковите се само продолжена рака што филозофираат до недоглед со “што би било кога би било“, за да можат овие што прават пари да продолжат да прават пари во секое можно сценарио, со секој можен лудак на власт во било која точка на планетата. Другите се нормални луѓе со нормални работи што пробуваат да живеат релативно убаво и мирно во замена на нивното време, пари, квалитети и возможности.

Кај нас се сите геостратези што знаат се за секого, колку пари има, колкава воена моќ, каде ќе избијат војни, каде ќе има конфликти

Кога некој има повеќе од потребно пари за секоја година да прави по неколку месеци одмори по места како Бермуда, Хаваи, Малдиви, па да вози по неколку коли за кои ние овде може само да јадеме бурек по форуми, па после уште милион други задоволства... Ваљда таквите во просек имаат помалку потреба и/или желба да бистрат политика?  ;)

Но еј, тоа никако не го намалува правото на било кој тамошен да не се согласува со општиот став и да напише напис, став со лично мислење во некој медиум. Никаде не реков дека тоа е ставот на мнозинството (или малцинството) таму, само дека постојат доволно луѓе кои ете размислуваат така како што е напишано во написот. Најпосле таму на западот не се сите вработени во Стејт Департментот, или во Европската Комисија, па да се прават слепи за реалноста од спроведувањето на агендата за Голема Албанија... А ете токму тоа (а не 3та Светска Војна) е главната поента која јас лично се надевав дека написот ќе ја провоцира да се продискутира, пред да почнат филмовиве со „лажни вести“ и слични повторувања на вообичаената пропаганда од медиумите низ светот (и овде).


едит, интересни коментари има на сајтот веднаш под написот:  :)
https://www.zerohedge.com/news/2018-08-27/how-macedonia-could-push-nato-war
« Последно менување: 28 Август 2018, 14:59:08 pm Van »

Отсутен Mikius

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 10127
Одг: Рекла Казала IV: Fury Road
« Одговори #4011 на: 28 Август 2018, 15:29:43 pm »
Дај ми канта бензин да си ја запалам куќата.

Не бе немој така, не е убаво.

Еве ти 1.000 евра за кантата, но никој да не дознае.

Еве ти ја кантата, терај работа, но никој да не дознае.

Во најкратки црти, во однос на внатрешни и надворешни фактори...

Отсутен Stratro

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 22223
Одг: Рекла Казала IV: Fury Road
« Одговори #4012 на: 28 Август 2018, 15:42:49 pm »
За она што се случуваше до 91 ва, заслугата е заедничка, југословенска, титова.
Она што се случи во 91 ва, распад, војни, придонесот е наш, југословенски....но широко поттикнат од америките.
За кловновите кои ни ја водат државата од 91 ва до денес, одговорноста е исклчучиво наша..македонска.
И тоа не на оние кои НЕ гласаат...
Напротив.



Отсутен Van

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 5231
  • VW Golf MK3 1.9 TDI
Одг: Рекла Казала IV: Fury Road
« Одговори #4013 на: 28 Август 2018, 15:44:35 pm »
Дај ми канта бензин да си ја запалам куќата.

Не бе немој така, не е убаво.

Еве ти 1.000 евра за кантата, но никој да не дознае.

Еве ти ја кантата, терај работа, но никој да не дознае.

Во најкратки црти, во однос на внатрешни и надворешни фактори...

Лоша споредба/метафора. Еве подобра. Имаш мало погонче или отпад некаде кај Момин поток, Качанички пат, и си гориш гуми за разни потреби и/или палиш акумулатори заради оловото. Се труеш и себе, и сите други, но ти лично си правиш пари од тоа - па редовно и упорно го практикуваш труењето. Целиот колектив се труе, но ти профираш... Во случајот со Југославија, цела држава гори ама некој одвнатре профитира - покрај тие однадвор, се разбира. Најпосле треба некој биде марионета за новите газди, а некои со задоволство се нафаќаат да бидат марионети кога за возврат пред сите дома може да глумат газди.

Отсутен Mikius

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 10127
Одг: Рекла Казала IV: Fury Road
« Одговори #4014 на: 28 Август 2018, 15:54:06 pm »
Исто збориме, профитирањето се подразбира :)
Зошто некој би си ја запалил куќата?

Варијации на тема, неограничени...
« Последно менување: 28 Август 2018, 15:59:39 pm Mikius »

Отсутен Van

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 5231
  • VW Golf MK3 1.9 TDI
Одг: Рекла Казала IV: Fury Road
« Одговори #4015 на: 28 Август 2018, 16:04:08 pm »
Нема профит од палење на сопствената куќа. Осигурителните компании никогаш не исплаќаат ни блиску до вистинската вредност (и тоа ако не откријат дека ти си ја запалил). Всушност многу помалку ќе те обештетат во однос на реалната вредност, посебно кога ќе се земат во обзир покуќнината, времето и парите за да се изгради нова куќа, стамбени трошоци некаде на друго место во меѓувреме, итн, итн...  Само ти покажувам дека направи лоша споредба. :)

Отсутен riki_staff

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 5725
Одг: Рекла Казала IV: Fury Road
« Одговори #4016 на: 28 Август 2018, 16:05:26 pm »
Има ли некој у Чаир да ѕирне една кола :D

Отсутен Mikius

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 10127
Одг: Рекла Казала IV: Fury Road
« Одговори #4017 на: 28 Август 2018, 16:18:56 pm »
Нема профит од палење на сопствената куќа. Осигурителните компании никогаш не исплаќаат ни блиску до вистинската вредност (и тоа ако не откријат дека ти си ја запалил). Всушност многу помалку ќе те обештетат во однос на реалната вредност, посебно кога ќе се земат во обзир покуќнината, времето и парите за да се изгради нова куќа, стамбени трошоци некаде на друго место во меѓувреме, итн, итн...  Само ти покажувам дека направи лоша споредба. :)
Повторно ништо не си разбрал... Аман веќе!

Затоа се палиш на туѓи мислења (очигледно диктирани)!

Отсутен marmlad

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 4204
Одг: Рекла Казала IV: Fury Road
« Одговори #4018 на: 28 Август 2018, 16:41:09 pm »
Релевантноста на изворот на кој што е објавена статијата е дискутабилна.

Самиот автор е анонимец и најверојатно е тинејџер или хонорарец од Велес кој што нема што да прави, па лупа статии на интернет.
Сајтот нема импресум, зад него не стои ниту физичко ниту правно лице, туку фиктивна корпорација која нема наведено ни адреса на седиште нити одговорна адвокатска канцеларија која ги застапува.

Фејк њуз, кликбајт како сакаш наречи ги.

Станува збор за лично мислење на авторот, не за вест. Така да коментарите со „релевантност на изворот“ се целосно промашени и непотребни. Ако не согласувате со написот, тоа е ваше право исто како што е ваше правото и да го аргументирате вашето несогласување (како што авторот тоа го направил со линкови). Така и квалификациите како „лажни вести“ се промашени за нешто што не е вест туку лично мислење.

Воедно јас не го бранам ставот на авторот, јас само го пренесов. Но тоа не значи дека за истото не вреди да се дискутира, напротив - само што наместо дискусија за содржината гледам само обиди за дигресија и дисквалификација преку погрешно етикетирање. :)

Авторот нема лично мислење. Текстот му е наменски и напишан со некаква цел.

Изворот е тотално нерелевантен и без никака новинарско, истражувака, колумнистичка вредност.

Натписот е глупост.

Сосема е легитимно правото да пренесуваш вести од интернет кои се напишани од други автори. Исто така е сосема легитимно да донесам разумна одлука дали веста е фејкњус или нешто што заслужува да му посветам време и да го прочитам.

Ти споделуваш статитја која што ти е интересна, јас одбивам да ја коментирам затоа што е фејк њуз.

Која е поентата да има дискусија во случајов?

Многу е по разумно да пишеш свое мислење, и да кажеш "тоа го мислам јас, сакам да чујам што мислите вие" отколку да ставиш линкче од сајтче кое е анален исцедок и да чекаш другите да кажат што мислат.

Скролни ја статијата скроз до долу, и читај ги коментарите од тие што ги имаат напишано. Ете ти дискусија, сондажа на мислење и одлично демаскирање на авторот и сајтот.
Пин поинт разглобено. Браво :)
Особено делот Авторот нема лично мислење. Текстот му е наменски и напишан со некаква цел.. Се е бизнис. Никој нема (и да има, нема да го искаже бидејќи не му носи профит) лично мислење во овие времиња.

Отсутен vladic3110

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 5073
Одг: Рекла Казала IV: Fury Road
« Одговори #4019 на: 28 Август 2018, 16:43:02 pm »
Незнам само на Европа хотелот Отешево газдата шо си го осигура и запали дали не му се исплати :Д
Renault Megane 3 1.6 100hp, Authentique
http://forum.carclub.mk/index.php/topic,19609.0.html