Ван, кој сака да биде фатен со спуштени гаќи пред камера. И нормално некој друг е крив, во случајот Саша Барон Коен е виновен што тие имаат такви идеи.
Можеби ги снимал под лажни претенции, ама не им ги ставил идеите и мислите во глава.
Друже, нема да ја спорам потенцијалната граница на човечката глупост - единственото нешто покрај Вселената, кое е неограничено (барем според Ајнштајн). Но можеби не го погледа трејлерот oд филмов?

^^
Ти не би се замислил малку дека нешто не е во ред кога очигледно урнебесно нашмикан лик се обидува да ти земе изјава за неговата идеја за промоција на давање на оружје на 3-годишници...

Филмовите на Саша се во најголем дел скриптирани, со мал ламиниран слој од скриена камера дубари. Мислам навистина. Смешна е потребата воопшто да „анализираме“ дали сето ова е скриптирана заебанција според сценарио, или па се „вешто заебани“ политичари/активисти.

Но проблемот на филмот извесно не е тоа дали е скриптиран, или е скриена камера. Туку дека
не е смешен. Мислам ако трејлер не можат да направат да биде урнебесен, што останува за филмот.
Борат и Али Џ не беа наместени.
Да, барем 90% се скриптирани и Али и Борат. Не дека се ништо полоши заради тоа.

Се разбира има и импровизации, ама сите попознати фаци се целосно информирани што се случува, и согласни или заради финансиска надокнада, или заради медиумски публицитет... Што мислиш дека со Памела Андерсон (на пример) не било се договорено (и платено)? Како ја криеле филмската екипа?

Но некои делови навистина се реални далавери, иако воглавно со рандом непознати фаци. Еве еден неуспешен обид на зезање на сопственик на продавница за оружје:

Како и да е, хуморот на Саша беше многу подобар во Али-Џи, Борат, потоа станува се понападно ретардиран без квалитетот на хуморот по кој се одликуваа Али и Борат... Додатно безвезе е што Саша почнува да исполнува нечии политички агенди. Дап, зборувам за укинување на вториот амандман во амерскиот устав, нешто на што повеќето од луѓето надвор од САД не се свесни, за случувањата и активизмот окулу вториот амандман, и затоа не ги разбираат политичките импликации и политичките агенди во филмов. Барем да беше смешно, а содржината очигледно не е, надвор од самата појава на Саша која станува заморна после 15 минути исто па исто.
Борат беше урнебес, трчањето голи и борењето со дебелиот продуцент, ретардирано ама ретардирано смешно. Ова сега е исто ретардирано ама не е смешно.
