А иначе ни цвета демократијава, вчера на протестите беше школски пример за тоа..
Баш школски пример, многу треба да се вратат во основно. Еден куп печатни грешки по транспарентите, ама најјак беше оној пред Собрание на блокадата „МАКЕДОНИА“
Исто после протестите имаше наплив на емоции:
(Фотографијата е скриена. Кликни тука за да ја прикажеш..)
(Фотографијата е скриена. Кликни тука за да ја прикажеш..)
Порано шарени, сега овие, во државата цело време само протести, а власта ја заболе цефката, ќе пушти милицајци и ајт со здравје.
Шо би рекол Цацко: Абре, епа Македонче
И една идеја од мене, да се пошалиме
(Фотографијата е скриена. Кликни тука за да ја прикажеш..)
Да де, сите се неписмени се излезени на протест..закржлавени националисти треба да им се земат граѓанските права..и полицијата да ги здроби од ќотек..wait средена е таа работа.
Јас кажав:
Порано шарени, сега овие, во државата цело време само протести, а власта ја заболе цефката, ќе пушти милицајци и ајт со здравје.
Шо би рекол Цацко: Абре, епа Македонче
Ме заболе мене и за едните и за другите што се тепаат за некое помочано работно место (никој нема да ме убеди дека не е за тоа), притоа овозможувајќи уште поудобно да се сместат некои лакоми газој во фотељите.
Ни од едните сум добил нешто, ни од другите, ниту пак сум побарал... напротив, ми ја искрадиле и така сиромашната земја во која сум се родил и прават што ќе им текне, како од чеизот да си ја донесле.
А тоа дека вчера незнам што се случило, па бруталност, па пичкеси материни... да не се правиме слепци, знаеме од кои е направен нередот, кои се хулиганите...
А кога полицијата толчеше студенти, во ред беше...
Или толку крепи хард дискот, малку нови случувања, старите веќе се надснимани, порано мед и млеко, сега одеднаш ужас без крај.
Ради заебанција се уклучвам во вакви бранења на државата, јуначки мегдани и величења на „овие“ или „оние“ и покрај целата мизерија како светла точка го гледам фактот дека ми остана барем грам достоинство и можам со двете очи да ги видам случувањата.
П.С. Иаако твојот пост е повод за мојот пост, не е причина. Причината е што преку Марко ми дојде да читам препукувања овде на форум, место на кое сме помогнале, ни помогнале, сме научиле, сме се дружеле, сме пијале, сме се смееле... дозволувате да запустите такви ствари, умешност.
Ако со тоа добиете подобар живот, се извинувам, продолжете даље.