Ми сменија држава, не сакав.
Ми го сменија ликот на градот, не сакав.
Ми сменија име на улица, не сакав.
Ми сменија таблици, не сакав.
Некој ми сменил презиме во СРМ, дедо ми не сакал.
Ќе ми сменат име на држава, не сакам.
Тоа е мојот став, пишав на секои 10год. што ми се случува.
Јас сум патриот, не го гледам само својот интерес, сакам сите да имаат колку толку фин живот, кој не е условен само од влегување во ЕУ и НАТО, туку и од башибозукот што се случува од "нашите", што е најтрагично.
Inter, ако не ја сфати паралелата со диското, заслепен си.
Заслепени беа и србите, хрватите, босанците, и тоа заслепени беа помалку од 5%, понатаму сите знаеме.
Едно време и јас бев заслепен,
Не ги сакав хрватите беа закана за мојот живот.
Не ги сакав шиптарите, така ме научија.
Не ги сакав бугарите, ми ја зимаа историјата?
Не ги сакав турците, 500 год. ропство?
Не ги сакав србите, едно време беше таков тренд.
Не ги сакав грците, се знае зошто.
Од што не ги сакав, не сакав ни да стапнам кај нив (немаше визер), и така сам си се затворив во ГЕТО.
Што корист од сето тоа?
Лично не ми треба НАТО и ЕУ, но ако мнозинството е за, немам проблем, ако има услов, и ако повторно има мнозинство, не гледам проблем, билетот мора да се плати.