Се ипразнија, еве гледам од прозоров нема живо пиле надвор истури снег цел ден

Бидејќи живеам во двете од споменатите три балтички држави веќе 10 години вкупно можам да се согласам со селењето. Денеска Летонија од малку над 2 милиони народ моментално живеат околу 1.9 а Литванија од преку 3.5 по последната статистика од пред некој месец живеат 2.8 милиони. Сепак, огромен (не ЦЕЛ) дел од тие се луѓе со ниско образование и луѓе што работат физичка работа. Исто како нашиве вадат бугарски пасош и чистат снег во некоја улица во Германија. Нормално, тука имаш образовани луѓе претежно од ИТ сферата каде што на запад се доста добро платени.
Арно ама, ликов погоре и Вучиќ а.к.а Грујо пробува да го плаши народот и да се направи перцепција дека е лошо, не бива, народ се сели. Од 2008 година па се до 2018, јас уште се чудам како е можно балтичките држави да напредуваат, а не запираат. Секоја година има нешто ново, нешто се дешава. Изградиле повеќе патишта за велосипеди, изградиле повеќе паркови, реновирале стари згради, едноставно СВЕСТА е светлосни години понапред. Сакаш да закажеш термин за возачка? Иди на интернет резервирај си место и време за 5 минути. Не треба да се ебаваш со вадење изводи, курци палци. Сакаш да идеш на одмор од работа кога ТИ сакаш е не кога на шефот му се свиѓа. Се си фунцкионира како што треба. Сабајле има 30 сантима снег ама ги слушаш како уште од 5 сабајле чистат луѓе улици за пешаци и фрлаат песок. Нема ѓубре. Кога ќе нарачам нешто онлајн, нема да се плашам дали некој поштар ќе ми ја украде пратката или не.
А, најдоброто е кога идеш во некоја вукојебина од град во балтиков и споредиш со некој град како на пример Гостивар, или Кочани. И тука све ти станува јасно.
И германци и французи и шпанци исто така се селат во Америка, Канада и Австралија. Тоа неможе да биде и не е аргумент како ЕУ нечини.