Автор Тема: Рекла Казала IV: Fury Road  (Прочитано 2380597 пати)

Отсутен Power to the people

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 6814
  • Медалист, Олимпијада за Сарказам Перу '98
Одг: Рекла Казала IV: Fury Road
« Одговори #1395 на: 25 Декември 2017, 13:13:26 pm »
Грдосија невидена,
црвен на фаца да бидиш ко ќе ја возиш.

Отсутен Prof. Greenthumb

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 4044
  • MadaFunker
Одг: Рекла Казала IV: Fury Road
« Одговори #1396 на: 25 Декември 2017, 14:03:16 pm »
Ја радо би ја возел грдосијава..





New blood of old school

Отсутен Deni

  • Photo & Light
  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 55107
  • Махер
Одг: Рекла Казала IV: Fury Road
« Одговори #1397 на: 25 Декември 2017, 14:11:02 pm »
Јас до Охрид и назад ја имам возено оваа, а до Дојран и назад Рапид. Одлични возила. Споредено со Линеа која ја возев до Битола и назад, 5 класи над неа и во команди и во ергономија.

Присутен Skywalker

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 4022
Одг: Рекла Казала IV: Fury Road
« Одговори #1398 на: 25 Декември 2017, 14:12:03 pm »
Пријател зема Рапид Спејсбек дизел опремен како Сеатов за 13к. Мислам дека е прилично добра кола за парите.
Lt. Commander Data: "I will always be puzzled by the human predilection for piloting vehicles at unsafe velocities"

Отсутен Diablo

  • Јуниор
  • **
  • Пораки: 465
Одг: Рекла Казала IV: Fury Road
« Одговори #1399 на: 25 Декември 2017, 14:34:11 pm »
Јас до Охрид и назад ја имам возено оваа, а до Дојран и назад Рапид. Одлични возила. Споредено со Линеа која ја возев до Битола и назад, 5 класи над неа и во команди и во ергономија.
Тико е 5 класи над Линеата а не овие.

Отсутен Stratro

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 22224
Одг: Рекла Казала IV: Fury Road
« Одговори #1400 на: 26 Декември 2017, 10:12:42 am »
"Mало нас је, ал смо говна".


Многу гној на фејсбуков.

Нема тема за која не се извадија ножови и пиштоли и не си изнакажаа најгадни гадости едни за други луѓе кои воопшто и не се познаваат кога ќе се сретнат на улица.

Мислам дека е време полека да се гаси ова лајно овде, пошто почнува деструктивно да влијае на сите нас. Уствари за вас не знам, на мене делува многу лошо, веќе од поодамна.

Сите паметни луѓе што ги знам, излезе дека немаат фејсбук.

Сите што ги знам и што ги рачунав за паметни, излезе дека се овде по цел ден и се трансформираат во чудовишта. Инклудинг мајселф.

Пошто во реалниот свет вон фејсбуков - наводно, живот немаше.
Ама живот баш нешто многу и не дојде, како што беше ветено.

И сега сите стада навијачи и присталици, разочарани и изневерени од своите, со закрвени очи и искезени очњаци, ржат едни на други, полни со фрустрации дека не е така како што мислеле дека ќе биде, ама дека сигурно сега е вака безвезе пак заради овие другите, пошто се гомнари откоа постојат и сигурно они нешто заебаваат и затоа не иде као што треба.

Не бе, цимери, до сите нас е. Мало нас је, ал смо говна.

Од која и да било тема спремни сме да направиме порција отров, голема, да има за сите.
И сите кркаат и после како зомбија скокаат од пост на пост и им ги зариваат забите во мозоците на своите довчерашни таканаречени пријатели.
За ништо, за ситница, без повод.
Додуше некои и со повод, лукративен. Ама тие ги разбирам. Не ги сакам ич ама им го разбирам паразитскиот начин на функционирање, удобно позиционирани во нечиј газ.

Не ги разбирам скрибоманијациве кои се во состојба на 16 различни фронта секојдневно да се расправаат истовремено на 16 различни теми, чисто онака, за безвезе.

Ја ете ќутев, си пуштав музичиња, глупи слики, некои мои лични опсервации на теми кои никого не го занимаат, се праев на Тошо и покушавав да добројам до миљарда ама не се добројуе.

Затоа сега ја да ви кажам на сите што имам да ви кажам, па после нек си ебе матер све:

- вие сите што се мачкавте со бои и себе и се' околу себе, врескајќи дека не смее да е така како што е - наеднаш откоа се ухлебивте и станавте естаблишмент, почнавте со истите демагогии као и оние против кои шаравте и се деревте;

- вие пак сите останати што исто така се бојосувавте и себе и се' околу себе, врескајќи дека не смее да е така како што е - откога не ве ухлебија ни овие за кои се деревте и навивавте со месеци - сеа ќутите и смрдите, сеуште во долгови до гуша и без никаква опција за излез од кризата на повидок, сепак потајно надевајќи се дека набрзо ќе биде макар мааалку подобро, ако не за сите барем за вас, иако длабоко во себе знаете дека тоа не е во ред и дека така нема да биде подобро и дека пак ќе треба да искачате по улици.
Или нема да треба?
Пошто еве, прошлиов пут искачавте со месеци и слабо нешто фајде од тоа.
Или ако сепак треба - за кого овојпат?
За невдомените куќни миленичиња?
Патетични сте.

- вас другите, шо ве ранеа со сендвичи и "сладоледи од најубавите" и ве шетаа оградени како мечки по митинзи, наеднаш ви дојде од газот во главата дека апсење луѓе не е заебанција иако 10 години со ќеиф гледавте како се виткаат нечии раце и со пиштол во уста се спружуваат луѓе со лисици да лежат во кал со саати, пошто тоа ве праеше да се осеќате некако супермоќни?
Сеа одеднаш стана ладно и неиздржливо у Шутка и у Идризово?
Над 1000 луѓе со години гнијат таму "зато што је кофер празан" и вас сеа ви текна дека е нечовечки да се апси за политички цели, затоа што некој не се слагал со режимот? Или тогаш не изгледаше така?
Тогаш коа се сликавте како бакнувате ками ем леворвери облечени во црни маици, со стероиди во напумпаните истетовирани рачиња што не фатиле молив од трето оделение, со прек поглед полн со непокор и гордост на античкото потекло на Исус, сино Божји и прф брачет на Ацета.
Тогаш беше: - Ако, нека гнијат, маме да ебам нимно комунистичко, така?
Е па да, така, ама сеа исто така ќе праите петиции, ќе се потпишувате, ќе се собирате по стотина луѓе да крекате на ладново, ќе ви откажуе агрегатчето, ќе ве дупат со струјата, ќе ве заебаваат истите оние џандари што до вчера ви беа синови и ќерки а сеа се клети душмани, ќе ве свиркаат и псујат километатски колони коли што им го заебавате сообраќајот- и све вам је то џабе, бато.
Договорено си е све тоа.
Тие што треба да бидат пуштени низ вода, ќе бидат пуштени низ вода, тие што треба да пројдат неказнето, ќе пројдат неказнето, тие што треба да ги снема, ќе ги снема.
Вие неколкумина сте ми чудни шо сеуште изигравате топовско месо за една шака најобични бандити и непрокопсаници, кои во секое време се спремни и вас да ве жртвуваат ако згусти.
А плус и што цело време знаевте дека се шака бандити и дека се договорени, ај бар да не знаевте.
Али тоа ти е.
Инает е единствениот збор за кој не постои превод во странските речници. Ендемска психопатолошка особина.
Јбг.

Сеа на следниов конгрес ќе се изглодате како хиени кој да биде Калиф уместо Калифа, пошто на досегашниот калиф месијанската фаза му заврши и сеа ќе си го вози Пунтото додека не дојдат да го повозат со службено возило. Од домашните служби.
Се сеќавате едно време како Војводата почна место п да користи б, па наеднаш по графитите вие сами го пишувавте БЕДЕР?
Или не се сеќавате?
И на Панорама не се сеќавате?
Ќе се сетите, полека, без брзање.
Можда бак ќе ви биде бартиски лидер.

- вие оттаде Вардар, најдите ми во кој дел од Куранот пише дека мујезинот треба да се пушта од УСБ да го пее езанот на лаптоп уклучен у "Lab Gruppen" појачало од 4 x 2500w и звучници кои можат да го издржат тоа? И тоа од 15 места одеднаш, сите различно и у различни интонации, неколку пати во денот?
Сфаќате ли дека недостоинствено звучи тоа, навредливо за Оној кому му пеете?
Настрана ние каурите, еве нас кој не ебе.
Дајте бе малку посериозно тоа, не е рели ова, па ај сеа која џамија ќе купи поголем разглас.
Сте биле некогаш или барем скоро во Сараево?
Таму човекот искача и пее во живо, на суво, колку што треба да го чуе кругот верници околу него, за да не се меша со другиот од кругот на другата џамија.
И многу природно, достоинствено и убаво звучи тоа.
А глупо би било да ме убедуете дека они таму се помали верници од вас овде и затоа си пеат тивко, нели?
Еве, ако решите да го регулирате ова, слободно побарајте ме да ви помогнам да се испроектира систем за синхронизирање, кога ќе почне - све и секаде да свири исто и одеднаш и стварно да звучи као глас од небото а не вака, како селски рингишпил.
И да, ружен ви е плоштадот, овој новиов.
Добро, дефинитивно е поубав од овој овде, кај Кенан шо е.

- вие па, припадниците на најнавредливата заедница во резерватов наш заеднички: - До сеа оној ви беше 102,3% крив што сте биле неразвиено подрачје, така бар ви беше сервирано од тие 300 (триста) НГО што ги имате, што ви ги исцицаа сите 10 милиона евра што за 10 години ви ги дадоа за унапредување на заедницата а со нив не е закрпена ниедна дупка на џадето.
Еве сеа кокаколата више не е модерна, спотерајте ги овие новиве да се направи истрага и да ви даат отчет кај се отидени парите што се дадени а ви ги нема.
Нема никад да ви дадат, ај погодите зашто....
а у меѓувреме уште ќе умираат деца по улици од дување лепак и од секакви типови злоупотреба.
Само вие седите си на ушите и слушајте таму, да не пропуштите некоја л'жга од тие што дневно ви ги сервираат.

- вие ЛГБТ, супер сте али дај бе малку олабаите, ни пола не сте толку битни колку што замишљате дека сте, смешни сте малку коа се маате со замислени ветрењачи као Дон Кихот, а и некад сте па и многу напорни. Ако си лик као шо треба, потпуно ми е свеедно дали имаш кур, пичка или декла од Томос Аутоматик и што праиш со гореспоменатиот уред у твоето слободно време. И не го/ја дрвите више толку, аман, у реду је.

- вие со гризнатите деца и отруените кучиња и севкупно сите мрчатори и морализатори на темава, ова е мојот рептилско простачки социопатско манијачки став и баш ме заболе што мислите за него и ај живи леп пробајте да видите дали не го мислам сериозно ова:

сценарио 1:
мало дете од мое окружење бива нападнато и сериозно изуједано од нечие (или ничие) љубимче.

a) Ако се испостави дека детето било криво, детето попија 6 конца у ургентен, тетанус, куќен притвор и саглам ќотек од ко ќе оздрави, да никад више не му текне да злоставља куче.

б) Ако се испостави дека е кучка и дека очекува принова и дека не го изуједала, него само го грицнала за да го уплаши пошто обезбедува терен за малите, онда јбг, никому ништо, инстинкти се тоа, сите кучиња го прават. Детето го водиш на лекар, па на сладолед или нешо така и не го шеташ таму некое време додека не се окучи госпожата. После идете да си играте со кутрињата од ко ќе потпораснат и им носите да јадат, за да му се возобнови на детето вербата и љубовта кон кучињата;

в) Ако испадне дека е веќе полудено куче на некоја маалска скотина која го јача на недужни пролазници спремајки го за борби:
- прво се збринуе детето;
- од коа е све во ред, не се пријавуе у полиција, не се дига галама, не се објавуе на фејсбук, не се алармираат сите фиктивни здуженија за заштита на животни, пошто ништо од све тоа. Се збира мала али одабрана екипа, се чека погоден момент и во тишина и во темница кучето се неутрализира по кратка постапка а сопственикот трајно се онеспособува за слични дејности со нешто подолга постапка. Постојат варијации на оваа тема у кои не би завлегувал, али се исклучително функционални.

Значи не се фрла отров и не се доведуваат у опасност сите живи суштества во близина на расфрланиот отров, ало гомнари, јасно ли е?
Прецизно, брзо и селективно се локализира и елиминира проблемот и готово.

сценарио 2:
Налетуваш на сцена у која група срциња мамини и татини после школо онака чисто од забава злостављаат улично куче, кое ништо не им праи, како примерот од прееска, кај што му ставаат запалена петарда во устата, која експлодира и му ја разнесува вилицата на кучето, кое сега најверојатно е глуво, слепо и ќе умре од шок, искрварување или евентуална инфекција.
Види, тука завршува според мене целата педагогија на светов. Не прифаќам приказни од типот дека треба да им се даде шанса да се рехабилитираат, па тоа се само деца, па зар ние не сме праеле такви работи? Не бе, не сме праеле! Тие што праеле и тоа многу побезазлени работи, многу лошо проаѓале после. Од целото друштво. Тоа не се особи со нормална психа и имаат вроден или стекнат проблем кој нема да исчезне, него напротив, ќе прерасне во малтретирање луѓе. Тој тип на однесување треба да се санкционира во соодветна установа и толку, нема фаќање врски, ама знаеш ли чив син/ќерка е тоа, па види, се јавија од таму и таму и рекоа така и така...нонононо. Енде.

сценарио 3:
Налетуваш у моментот кога идиотот расфрла храна со отров.
Штознам, тоа е веројатно еден од оние непосакувани клучни моменти во животот кои наеднаш ти ја менуваат целата животна патека. Го најадуваш гмизавецот со тоа што го расфрлал, се јавуваш во полиција, си седнуваш до него и додека он го доживејува точно она што им го наменил да им се случи на кучињата, чекаш да дојдат да те одведат на доживотна или така нешто...не е ни битно после.

Ете, почитувани, јас сеа за сеа толку имав да ви кажам.

Профилот ќе остане активен уште некое кратко време, а после ќе го деактивирам на неодредено, се надевам на што подолго ако веќе не издржам да биде засекогаш.

Коментирајте што ви е воља на погоре напишаново, вреѓајте, повраќајте, псујте, ваш избор, тоа е тоа, нема лажи, нема преваре.
Месинџерот ќе остане уклучен поради деловни контакти кои е глупо да ги прекинам затоа што ми скурчил фејсбук.

Отидов да си го најдам изгубеното време. Останете со здравје, се надевам дека ќе се сретнеме во живо.

На кој му требам, ќе ме најде.

Секое добро,
Т.

Отсутен Ipkisija Meskosa

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 8948
  • Пичлеме
Одг: Рекла Казала IV: Fury Road
« Одговори #1401 на: 26 Декември 2017, 12:34:13 pm »
Фалбаџиите на фејсбук:

Отсутен Deni

  • Photo & Light
  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 55107
  • Махер
Одг: Рекла Казала IV: Fury Road
« Одговори #1402 на: 26 Декември 2017, 12:38:48 pm »
Епа само што ги зел, нестасал да купи нови.

Отсутен Stratro

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 22224
Одг: Рекла Казала IV: Fury Road
« Одговори #1403 на: 26 Декември 2017, 12:40:27 pm »
Eфтини колор принтери има на денешно време.
Топ се.

Отсутен Дибидус

  • Редовен
  • ***
  • Пораки: 1758
  • Veritas Vos Liberabit
Одг: Рекла Казала IV: Fury Road
« Одговори #1404 на: 26 Декември 2017, 14:14:49 pm »
@Stratro дај линк од статусот погоре.
Brains are awesome. I wish everybody had one.

Отсутен Banzai

  • Blitzqueen
  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 10000
Одг: Рекла Казала IV: Fury Road
« Одговори #1405 на: 26 Декември 2017, 14:25:55 pm »
На Тоше Поп Симонов е мислам, прееска го изгуглав.

Не поштувам многу фејзбук паметњаковичи, не го ни прочитав искрено :)
За вкусовите не се дискутира, по нив се плука.

Отсутен Power to the people

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 6814
  • Медалист, Олимпијада за Сарказам Перу '98
Одг: Рекла Казала IV: Fury Road
« Одговори #1406 на: 26 Декември 2017, 14:31:09 pm »
Се е за лајкој

Отсутен Stratro

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 22224
Одг: Рекла Казала IV: Fury Road
« Одговори #1407 на: 26 Декември 2017, 16:04:14 pm »
Дали е колумна или фејсбук паметњакович, исто е.
Битно е што има да каже, а не каде.

Отсутен Banzai

  • Blitzqueen
  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 10000
Одг: Рекла Казала IV: Fury Road
« Одговори #1408 на: 26 Декември 2017, 17:05:38 pm »
Го прочитав сега дома и не знам што има во колумнава што треба да ни ги отвори очите?

Барем 1000 пати претходно истото е кажано од 2000 различни луѓе кај нас и у околинава.
За вкусовите не се дискутира, по нив се плука.

Отсутен howitz

  • Редовен
  • ***
  • Пораки: 2273
Одг: Рекла Казала IV: Fury Road
« Одговори #1409 на: 26 Декември 2017, 17:06:42 pm »
Треба да престанат сите да ја оправаат државата и да си ја гледаат работата во која се најдобри.
За вкусови не се расправа, по нив се плука.