Момци во трилема сум, ми треба ваше мислење и искуства?
Поради маките со честа регенерација на дпф филтерот собирам разни можни решенија на проблемот и прености/мани на истите.
Прашувам разни компании кои се бават со оваа проблематика и добив неколку понуди:
Чистење на дпф филтерот 4.000ден плус монтажа и демонтажа во зависност од достапноста на истиот од 1500ден-3000ден ---> вкупно 7000ден.
Софтверско исклучување на дпф филтерот - 7000ден.
Комплетно физички вадење на дпф филтерот и софтверско исклучување - 18.000ден.
Оваа последната понуда ми се гледа нај примамлива за да не биде после сиромавиот дупло плаќа, пак да се запуши после неколку км со овие првите две, ама пак од друга страна незнам како ќе поминам на технички ако им текне на овие да заострат мерки.