Бизнис моделот на Јутуб е да те навлече да гледаш што е можно повеќе видеа, за притоа да ти шитка реклами. Го имаат доведено тоа скоро до перфекција, примарно преку три начини. Одличен search, recommended videos и autoplay што е вклучено по дифолт. Луѓе (па и јас) го користат Јутуб како радио.
Е сега, не мора да користиш Brave за да не те следат. Плус, линков што си го пуштил тука е со fbclid тагче, односно начин да те следи не само тебе, него сите што ќе го кликнат линкот. Иронијата не е изгубена, сигурен сум.
Дури и да користиш Хром, има пар финти што можеш да ги направиш. Првата работа е - провери кој регион ти е одбран на Јутуп. Избери Македонија. Нема да се смени скоро ништо, освен што ќе престанеш да гледаш реклами таргетирани за други земји (и најверојатно затоа гледаш толку многу реклами за Нетфликс). Второ, на било кој браусер што го користиш инсталирај Ublock Origin (и whitelist-ни го carclub.mk, секако) и оп, нема реклами. Јас на андроид боксот што ми е врзан на телевизор ја имам дифолтната Јутуб апликација, без никакви адблокери, и скоро и да не гледам реклами, а јутубот врти со саати.
Сепак, ако ги блокнеш рекламите, се надевам дека си свесен дека во суштина „ги крадеш“ оние кои ти обезбедуваат „бесплатни“ содржини. Односно, пластично - ти слушаш „бесплатно“ музика на јутуб. За да биде таа музика „бесплатна“, мора да има некакви реклами. Иначе, плати си некоја ситна сума пари на некој од стриминг провајдерите и уживај во предностите на музика без реклами.
Also,
https://music.youtube.com 