Еве ти го документот од јули 2012та. Напросечна цена на барелот од 105 $ и просечен курс на доларот од 50,3628 денари.
http://www.erc.org.mk/odluki/ND-C%2030%2007%202012%20-%20ODLUKA%20ZA%20CENI%20NA%20ND%20so%20obrazlozenie.pdf
Цените биле:
Така цената на ЕУРОСУПЕР БС-95
изнесува 82,50 ден/лит и на ЕУРОСУПЕР БС-98 изнесува 84,00 ден/лит. Малопродажните цени на
ЕУРОДИЗЕЛ (Д-Е V) и на Екстра лесното масло за домаќинство (ЕЛ-1) се зголемуваат за 3,00 ден/лит во
однос на цените утврдени согласно Одлуката од 16.07.2012 година. Така цената на ЕУРОДИЗЕЛ (Д-Е V)
изнесува 71,50 ден/лит
1. Taка да разликата во цената на еден барел не е 30%. Туку негде 17%
2. Акцизата за дизелот тогаш била 3 денари пониска. Односно и ако сега ја тргниме разликата во акцизата за да стигниме до 71.5 ден за литар дизел цената ќе треба да стигни до некои 99$ за барел по сегашниот курс на доларот.
Ај вака да упростиме еднаш засекогаш пошто преку куриров од политика.
Цената зависи од
1. Просечна цена на нафтата на светскиот пазар за последни 14 дена (2018 - 80 долари барел 2012 - 124 долари барел)
2. Курсот на денарот во одност на доларот за последни 14 дена (2018 - 53 денари долар 2012 -46 денари долар)
3. Референтните цени на нафтата на светскиот пазар за последни 14 дена (2018 - 14,235 долари/тон а мазут 31,487 долари/тон - 2012 - 47,000 долари/тон а мазут 21,150долари/тон)
Значи разликата во 2018 и 2012 во одност на референтната цена на нафтата на светскиот пазар е огромна и од таму разликата на бензинот тогаш кој бил преку 85 денари и денеска е околу 75 денариб+ курсот на денарот + цена на нафта/барел
Еве како тоа изгледа од 2012 година
Просечната цена на сурова нафта на светскиот пазар во изминатиот 14-то дневен период
изнесуваше 119,030 $/барел и е за 4,10% пониска од просечната цена на сурова нафта (124,125 $/барел)
по која беа формирани тековните цени на нафтените деривати.
Курсот на денарот во однос на доларот во изминатиот 14-то дневен период изнесуваше 46,9722
ден/$ и е за 0,66 % повисок од курсот на доларот (46,6652 ден/$) по кој беа формирани цените.
Референтните цени на нафтените деривати на светскиот пазар во споредба со изминатиот
четиринаесетодневен период бележат намалување кај бензинот во просек за околу 3,96 % или за 47,55
$/тон, кај дизелот намалување во просек за околу 2,09% или 21,15 $/тон и кај мазутот намалување во
просек за околу 2,44 % или за 17,80 $/тон, поради што во структурата на цените на нафтените деривати е
извршено соодветно прилагодување.
Неможе да го земеш само едниот фактор и според тоа да се водиш.