Моите што ги извадив Данлоп имаа околу 4-5мм шара и немаа никакви пукнатини. Ама за да престане буката колку толку треба убаво да ги загрееш на автопат со поагресивно возење, кочење за колку толку да добијат некакви способности. АБС-от на влажно се вклучуваше на поагресивно кочење.
А да ги гледаш ќе речеш имаат уште 40-50к км за возење. На мојата кола поминаа околу 55к километри. Не би ги купил со мои пари и нови да се.
пс. За гастарбајтерските муабети, заминав од Македонија на 1ви Септември 2005та година. 20 години подоцна уште ги има истите муабети за издајници, предавници, што се враќате назад, што мајка барате во странство, итн. Дваесет години менталниот склоп се нема поместено ни еден цм напред.
Машала, 20 години поминаа ко вчера.
Барем за тие 20 години, ако уапа германско државјанство – за тебе нема зима, ќе кркаш јака пензија. Господ нека дава здравје. Само, немој да очекуваш прогрес – 2005 платата беше 10.000, денес после 20 години е 18.000. Напред нема, само назад со залет.
Тука си обезбедил млада до 30 години, ќе кажеш „германски пензионер сум 3 во 1“, има да гребе по тебе ко мачка 🐱. Јас цело време им зборувам на омладината – абре, бегајте горе, годините бргу ќе поминат, тука нема ништо. Како млад пензионер ќе цепаш, гладен и без пари, ни мајка те нема да те сака. Нели, Луки, стар лисец си ти 😅🍸.
Да се отвори тема „CarClub членови – странски пензионери“, па да донирате пари за да може да се одржува форумот, лесно да се качуваат слики и видеа. Вас не ви треба линеарно покачување, вас ве радува кога ќе видите нашинци по светот успешни и реализирани.
Со гнедло во грло, тоа е поттик и мотивација за идните генерации да се одважат и да заминат. За жал, обичниот граѓанин е најмалку ценет во Мкд. Ене го градоначалникот на Центар – по Дебар Маало сега асфалтираат улички во 21 век и збориме за канти за смет и чистење депонии во центар на град. Дури сега даваат униформи за децата по школите… немаштија.
Џабе што ти имаш, кога комшијата нема. Не да го жалиш, ама животните околности на сите се различни. Порано сите заедно – ќе дојде комшија, ќе седнете, ќе гледате спорт, формула, кошарка, децата на игралишта. Сега – отуѓено. Некој ќе купи кола, сите ќе се радувавме. Ако јас немам, ќе ме провозиш и јас од срце се радувам; ако јас купам, пак ќе служиме еден на друг и ќе се радуваме ако немам пари или зафали па соберат 2-3 ица помогнат збориме тогаш половњави па вратиш друга емоција беше . Ако одиш на одмор, ќе му дадеш клуч од дома – знаеш дека нема да те краде ке провери недај боже за недела дена да не пукне цевка или остало..
Не ги кривам луѓето никогаш – народот нема вина. Народот се снаоѓа како знае, дали во рамки на држава или со иселување. Срамно е што 30 години немаме академии, немаме спортисти, не постоиме во основни работи. А не дека не сме талентирани. Немора сите да бидеме ѕидари и мајстори. Некои може да бидат кошаркари, тенисери, фудбалери.
Замисли твое дете – од мало тренира, па утре потпишува договор во НБА тим или евролига. Ќе го гледаме, ќе се радуваме. Ќе дојде, ќе инвестира од своите милиони во игралиште во свое мало– тоа ќе биде мотивација за град, за држава абе за сите репрезент спортот генерално е најдобар амбасадор на држава
Луѓето не си заминуваат само поради неправда, туку и од немаштија. Пола наши деца во Германија играат во 3–4 лига, газат и имаат простор да покажат потенцијал. Во Австрија исто. Никој напатен народ не го прашал што му треба – пари нема. А за нас, обични луѓе, мора да се најде чаре за напред.Каде човек со 300,400 евра ке му обезбеди на дете иако е талент некои потреби нема разбери нема другар мој висок 2,05 крилен центар немаше пари за патики нема татко да му даде мајка нема страшен играч ништо отиде таа генерација и не само он и други сите завршија исто..
Понекогаш човек е тажен од сето ова. Спасот е печалбата надвор од својата држава.
Затоа, Луки – браво. Почит и восхит. 🙏🇲🇰