Автор Тема: Рекла Казала IV: Fury Road  (Прочитано 2506133 пати)

Отсутен Jimny

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 3384
  • Доктор наукa по светско признато знаење Џемс PhD
Одг: Рекла Казала IV: Fury Road
« Одговори #17865 на: 24 Април 2025, 13:37:00 pm »
Џимни е освежување на форумов, има добра смисла за хумор, оставете го човекот на мир.

@Џимни, отвори тема за Џимнито и пиши како е на оф роуд. Доста го фалат поради малото меѓуоскино растојание.

Сите ние сме посебни на некој начин многу луѓе многу чуда,мојот мир исклучиво зависи од мене што повеќе се разработува форумот уште подобро секој си има право да си каже што сака - само тој кој не се родил или повеќе нее  со нас нема улога.Ќе отворам тема за Џимнито, па да си го расправиме низ сите елементи – кал, снег, карпи, па и асфалт колку-толку. Тоа со малото меѓуоскино растојание стварно му е џокер карта, се провлекува како маче меѓу препреки. Ќе пишам детали, слики и сè што треба – нека има за љубителите!

Јас имав сосема поинаков план со возилото, бидејќи ми требаше вистински теренец, но во рамки на одреден буџет. И така, јапонецот влета во приказната – а впрочем, и најдобрите теренци се јапонски, одамна е тоа докажано.
Да најдеш теренец со шасија, нов од салон, со сите преноси, а до 25.000 евра – навистина е тешко. Дефендерот и Вранглерот, барем кратките верзии, чинам почнуваат од 50.000 евра.
А Дастер и Лада Нива? Не можат ни да се споредат, ниту се на шасија. Кога ќе ги видиш по 2-3 години сериозно офроуд возење по црни патишта  сè ти станува јасно. Џимнито си држи до себе.

Интересно е што за во град совршено се снаоѓа. А и што би рекол братот Микси  палец секогаш горе, а луѓето со насмевкаго гледаат! Малите дечиња го обожаваат, со мамичките сликање без престан, ахах.(Да појасниме нема допирана врска со Г-класа) ваквиот ретро модел им бил и во 90тите на јапонците.

Што се однесува до удобноста – нема баш многу. Возењето е тврдо, ама со 5-степен мануелен менувач ќе крене и до 150–160 км/ч (со малку или повеќе  бучава типично за јапонците). Најубава вожња му е од 80 до 110.
Најголема мана му е резервоарот – иако пишува дека е 40 литри, реално не собира повеќе од 33–34 литри. Во ситуации кога ќе заглавиш во снег или кал, добро би дошол барем 50-литарски.
Потрошувачка? Па, сè уште е ново,(чинам 4год старо) но под 10 литри по црн пат што е сосема одлично, а на асфалт околу 6,5 л/100 км. само на асфалт. Гориво само BS95  исклучиво од Лукоил.

Одржувањето е многу смешно и ефтино за него, со оглед на тоа каква намена има возилото. Сакав јас, инаку краток Патрол да купам, ама 20 илјади евра не ми се даваа за возило старо 20 години.
Јас планирав со мојата госпоџата вака да патуваме по планини и да снимиеме влогови/видеа, пошто Македонија е баш планинска и има убави места. Во Бугарија го запознав овој човек, он со жена му и ќерка му патуваат низ Бугарија и се снимаат. Споделувам негов канал, ако треба нека го избришат не правам реклама него само покажувам како јас планирам со возилото да правам . Јас сакав ваков контекст да направам и се надевам дека ќе успееме наскоро и во тоа.https://www.youtube.com/watch?v=O1BawZax7g8

Супер си е возилото сега за сега кој може да си дозволи нема да згреши!


Доктор наукa по светско признато знаење Џемс PhD

Отсутен Jimny

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 3384
  • Доктор наукa по светско признато знаење Џемс PhD
Одг: Рекла Казала IV: Fury Road
« Одговори #17866 на: 24 Април 2025, 17:57:39 pm »
čiji si ti? ☕️
Доктор наукa по светско признато знаење Џемс PhD

Отсутен Tommy

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 7625
Одг: Рекла Казала IV: Fury Road
« Одговори #17867 на: 24 Април 2025, 22:43:05 pm »
Не знам дали тролаш или не, ама ова е Adidas Originals тренерка, јас купив во Косово ваква последниот пат, во Феризај, тоа шопинг селото, или како и да се викаше.
Горниот дел го имам купено пред околу 15 години во Адидас ГТЦ. Сега барам комплет – горен и долен дел од истиот модел, со тоа знакче (Adidas Originals), но без никакви натписи под него. Проверив, сигурно е Adidas Originals како што ти кажа. Ако не ти е тешко, пушти ми линк од каде што си ги купил во Феризај, ако се исти. Ме фати некоја носталгија, цело Скопје го свртев, нема вакви. Фала ти многу

Човек кога ке почне да размислува за тренерки веќе размислува за пропаст-Карл Лагерфелд хахаа..


Во овој круг има доста продавници, во една од нив беше. Не се сеќавам која точно. Барај во продавниците во таа долгата зграда десно.

https://www.google.com/maps/place/The+Village+-+Shopping+%26+Fun/@42.3742699,21.1481912,503m/data=!3m1!1e3!4m6!3m5!1s0x13547fda8b236933:0x1f1da3497f330537!8m2!3d42.3731238!4d21.1489995!16s%2Fg%2F11h04nv6_s?entry=ttu&g_ep=EgoyMDI1MDQyMi4wIKXMDSoASAFQAw%3D%3D


Отсутен riki_staff

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 6015
Одг: Рекла Казала IV: Fury Road
« Одговори #17868 на: 01 Мај 2025, 11:21:45 am »
Некој ако има потреба од кабливе нека ми пише,ќе одат у канта...

Sent from my Redmi Note 12 using Tapatalk


Отсутен shelby

  • Јуниор
  • **
  • Пораки: 131
Одг: Рекла Казала IV: Fury Road
« Одговори #17869 на: 01 Мај 2025, 19:10:03 pm »
Денес на Крива Паланка - Куманово дури 3 радари. Морам да ги пофалам возачите од спротивната лента дека ни блендираа пред секој радар. Ех да бевме вака сложни и за другите работи...

Присутен FiLo

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 6908
Одг: Рекла Казала IV: Fury Road
« Одговори #17870 на: 01 Мај 2025, 19:12:09 pm »
Претпоставувам имало и радар на ограничувањето од 70 каде што од некоја необјаснива причина е само туку така поставен без оправдана причина од 110 на 70 за после 500 метри пак да е 110.

Отсутен shelby

  • Јуниор
  • **
  • Пораки: 131
Одг: Рекла Казала IV: Fury Road
« Одговори #17871 на: 01 Мај 2025, 19:23:35 pm »
Да баш тука имаше одма после знакот за 70 стоеа.

Отсутен nikola98

  • Јуниор
  • **
  • Пораки: 902
  • The best or nothing.
Одг: Рекла Казала IV: Fury Road
« Одговори #17872 на: 01 Мај 2025, 19:46:38 pm »
Претпоставувам имало и радар на ограничувањето од 70 каде што од некоја необјаснива причина е само туку така поставен без оправдана причина од 110 на 70 за после 500 метри пак да е 110.

Се имаш и ти изгорено?  :'(

Отсутен Tommy

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 7625
Одг: Рекла Казала IV: Fury Road
« Одговори #17873 на: 01 Мај 2025, 20:51:05 pm »
Kaде поточно? Ја возев таа траса околу 18:30h, и никаде не видов полиција.

Присутен FiLo

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 6908
Одг: Рекла Казала IV: Fury Road
« Одговори #17874 на: 01 Мај 2025, 21:26:43 pm »
Претпоставувам имало и радар на ограничувањето од 70 каде што од некоја необјаснива причина е само туку така поставен без оправдана причина од 110 на 70 за после 500 метри пак да е 110.

Се имаш и ти изгорено?  :'(

Не, после 3 ипол години по патиштата, веќе ги научив таквите знаци и места дека штом наеднаш дојде знак 50, 60 или 70, а претходно ограничувањето е доста повисоко, одма намалувам, да не сум во зона за висока казна+забрана за возење.

Иначе единствена казна за брзо возење ми е од лани баш на истото место кај што во темата случки со полиција сподели Денде, Буково удолното према Ресен, таму е 70, а ја 118 според моја километража, на радар 113.
Си ја платив одма со картичка, ама најсмешно беше коа го видов од преку пат скриен во дрвото како излегува со радарот, како јас во Assasins creed кога сум се криел да не ме воочат :D

Отсутен shelby

  • Јуниор
  • **
  • Пораки: 131
Одг: Рекла Казала IV: Fury Road
« Одговори #17875 на: 02 Мај 2025, 00:43:59 am »
Kaде поточно? Ја возев таа траса околу 18:30h, и никаде не видов полиција.

Не ми е познат тој крај па не би знаел да кажам каде беа точно застанати. Ние тргнавме кога истури дождот во к. паланка. нешто после 16:00h.

Јас немам досега видено толку полиција на 60-тина километри.

Отсутен Jimny

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 3384
  • Доктор наукa по светско признато знаење Џемс PhD
Одг: Рекла Казала IV: Fury Road
« Одговори #17876 на: 03 Мај 2025, 15:30:03 pm »
Средувајќи во гаражата кај старите, го најдов капакот (пластиката) што оди над моторот се работи за Golf 5. Нема оштетувања, само малку пајажина стоел бог знае колку години. Ако му треба на некого, за само 599 денари, инаку лета во контејнер. Достапно после среда
Доктор наукa по светско признато знаење Џемс PhD

Отсутен riki_staff

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 6015
Одг: Рекла Казала IV: Fury Road
« Одговори #17877 на: 05 Мај 2025, 10:49:56 am »
Некој да има вакво радио од пежо/цитроен да пробам дали ќе фака станици,кај мене не фаќа па незнам дали е до радиото или антената,четврток ке бидам СК за 1 минута би завршил работа,може и ќе го купам ако е дефектно радиото кај мене 😊


Sent from my Redmi Note 8 Pro using Tapatalk


Отсутен Simo - Carrier159

  • Сам свој мајстор
  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 44565
  • Il Moderatore
Одг: Рекла Казала IV: Fury Road
« Одговори #17878 на: 05 Мај 2025, 11:00:42 am »
Некој да има вакво радио од пежо/цитроен да пробам дали ќе фака станици,кај мене не фаќа па незнам дали е до радиото или антената,четврток ке бидам СК за 1 минута би завршил работа,може и ќе го купам ако е дефектно радиото кај мене 😊
(Фотографијата е скриена. Кликни тука за да ја прикажеш..)

Sent from my Redmi Note 8 Pro using Tapatalk



Брцни бакарна жица од позади у конекторот за антена, ако е до антенскиот кабел, ќе фати нешто радиото, пробај и со мануелен тјунинг, на некоја фрекфенција кај што знаеш дека има добар сигнал, Македонско Радио, или некое слично што сигурно има добар сигнал.
Alfa Romeo 159TBi
Alfa Romeo 166 2.5 V6 24v
VW e-up!

Auto ko i svaka Alfa automatski nevalja. Da je najbolji auto na svijetu - opet nevalja jer je Alfa.
Da Alfa nevalja će ti potvrdit SVI koji nikad nisu vozili istu. Jer da valja onda bi je vozili. A kako nisu - nevalja.

Отсутен Filip MK

  • Редовен
  • ***
  • Пораки: 2688
Одг: Рекла Казала IV: Fury Road
« Одговори #17879 на: 05 Мај 2025, 13:46:51 pm »
Некој да има вакво радио од пежо/цитроен да пробам дали ќе фака станици,кај мене не фаќа па незнам дали е до радиото или антената,четврток ке бидам СК за 1 минута би завршил работа,може и ќе го купам ако е дефектно радиото кај мене 😊
(Фотографијата е скриена. Кликни тука за да ја прикажеш..)

Sent from my Redmi Note 8 Pro using Tapatalk



Брцни бакарна жица од позади у конекторот за антена, ако е до антенскиот кабел, ќе фати нешто радиото, пробај и со мануелен тјунинг, на некоја фрекфенција кај што знаеш дека има добар сигнал, Македонско Радио, или некое слично што сигурно има добар сигнал.
Да се надоврзам на муабетот и да ве прашам за мојот „проблем“. На Грандето радиото, односно станиците знаат да се „губат“. Пример излегувам од Скопје и радиото не ја следи френквенцијата на Антена радио, туку мора на друга френкенција да ја барам таа станица. Не ми правеше со други коли вака. Ова ми личи дека е до антена или некое друго чаре да барам
Своерачен потпис ;)