Македонија е географски поим (и во Библијата се спомнува неколку пати) кој што во поновата историја е составен од Вардарска, Егејска и Пиринска Македонија. Во сегашноста тој географски поим исто така припаѓа на три држави, а вториот по големина дел на Република Македонија. Може ли волку да се согласиме?
Тешкото доаѓа кога се прави муабет за идентитет и националност.
Нашиот јазик е со словенско потекло, сличен со рускиот, украински, белоруски, српски, хрватски, бугарски и да не ги спомнувам останатите. Па од таму доаѓа вечната дебата, што сме ние како народ? Нашата историја била навистина тешка е жална пред се поради малата бројка како население. Самото тоа си носи голем број на ужасни настани низ историјата. За жал, живееме и сме живееле и ќе живееме со соседи кои што секогаш биле многубројни од нас и треба некако да се носиме со тоа.