Реалноста е далеку посурова, особено ако живееш во bubble.
Работоспособното население се иселува, особено луѓето кои што имаат некаков занает или специјалност во некоја област.
Од скоро почнаа да се иселуваат и оние кои што беа експлоатирани и платени малку, затоа што видоа дека истата експлоатација е подобро платена на запад.
Плус таму каде што идат - систем, судство, здравство функционираат поинаку отколку тука.
Зенитот на својот работен капацитет го трошат таму каде што ги плаќаат подобро. Не велам дека живеат подобро во целина, но платени се подобро и немаат грижа околу тоа.
Во државава остануваат пензионери, вработени во јавен сектор, вработени во ИТ секотор или оутсорс, или вработени во фирми кои што плаќаат (и ќе мора да плаќаат) надпросечни плати.
Мајстори, механичари, заварувачи, автолакери, пекари, шофери, келнери, молери, магационери речиси и да нема.
Тие што ги има и што знаат што работат почнаа да си наплаќаат колку што мислат дека е доволно за тоа што го работат.
Ако неможеш или немаш да платиш 150 евра за монтажа на клима, нема да имаш клима. Тој што има ќе плати.
Тоа што монтажата чини 150е, а немаш пари да платиш, не е проблем на тој што монтира. Секако ќе има каде да монтира за 150 евра, и со врски ќе го бараат во Јули да дојде да поправи, монтира кога ќе има зорт.
Забавниот дел доаѓа кога и тие Х мајстори кои што работат за 150е од монтажа, ќе решат да си заминат. Затоа што СДСМ, ВМРО, ДУИ и сите останати ќе го поебат и она малку што го држи тој мајстор тука во оваа држава.
Соодветно на темата, примерот ми е со монтер за клими. Истото може да се случи со шофер, мајстор, молер.... Скроз е небитна монтажата и цената во целиот контекст.
Од друга страна пак, ако еден монтер за клими може да заработи 10.000 евра месечно во сезона, зашто никој не сака да работи монтер?
Зашто никој не бара курс за монтирање клими, а бара курс за React, Web Developer и слично, во кои ќе биде подпросечен swetshop работник?
Затоа што повеќето се гомнојадци и никој несака да се испоти и да работи.
Затоа дремете на форум и кукате дека ништо небива, многу е скапо, ВМРО и СДСМ се криви, ама ако треба да запнете и да работите, штама.
Мајсторот што монтира клими не дреме на форум. Цепа 150 евра од клима.