Автор Тема: Honda Accord, Honda CR-V i Toyota RAV 4  (Прочитано 4975 пати)

Отсутен memory1

  • Почетник
  • *
  • Пораки: 20
Honda Accord, Honda CR-V i Toyota RAV 4
« на: 01 Јуни 2017, 01:14:47 am »
Здраво,
Ми треба совет за избор на возило.

Во план се Honda Accord, Honda CR-V i Toyota RAV4. Сите дизел, 2009 година и нагоре.  Она што ме интересира е нивното одржување и недостатоци.

На што се слаби и што треба да се внимава при купувањето?

Зборуваме за возило кое би го купиле од Германија со километража 200.000 км најмногу.

Благодарам на помошта

Отсутен deksa

  • Редовен
  • ***
  • Пораки: 1032
Одг: Honda Accord, Honda CR-V i Toyota RAV 4
« Одговори #1 на: 01 Јуни 2017, 09:51:54 am »
Не дека не чинат или можеби не вредат, искрено за мене Хондиве се преценети.
Бев едно време загреан за ЦР-В ама добар таков од тоа годиште испод 11 бона нема.

Sent from my Redmi Note 3 Pro using Tapatalk


Отсутен Banzai

  • Blitzqueen
  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 9998
Одг: Honda Accord, Honda CR-V i Toyota RAV 4
« Одговори #2 на: 01 Јуни 2017, 11:36:40 am »
Си држат цена Хондите, и кај нас и во Германија. Мислам дека има и зошто.

Јас до сега сум немал проблем со два Акорди, двата купени нови од Макпетрол. Пу пу да не урочам. Единствено редовен сервис и ништо друго.

Таткото на девојка ми исто има Акорд, 230.000 мислам дека има поминато, исто така без ниту еден проблем надвор од потрошен материјал.

Ако знам дека и половната Хонда што ќе ја купам ќе биде погодена како овие што ги знам, би дал повеќе отколку за конкуренцијата кај која цело време има нешто што заебава, ситно или крупно сеедно.
Иначе моето и искуството на блискиве е само со бензинци Хонда. Сега има еден нов ХРВ дизел, али рано е за него да кажам искуство.
За вкусовите не се дискутира, по нив се плука.

Присутен Carpathian Lord

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 13926
Одг: Honda Accord, Honda CR-V i Toyota RAV 4
« Одговори #3 на: 01 Јуни 2017, 12:31:21 pm »
Дизелот 2.2 беше прогласен за мотор на годината. Како се покажал меѓу време не знам.

Ама пре би одел на бензин кога веќе би гледал Хонда. За жал кај нас повеќето се дизели (увезените).

Отсутен ghost555

  • Јуниор
  • **
  • Пораки: 140
Одг: Honda Accord, Honda CR-V i Toyota RAV 4
« Одговори #4 на: 01 Јуни 2017, 13:18:20 pm »
Си држат цена Хондите, и кај нас и во Германија. Мислам дека има и зошто.

Јас до сега сум немал проблем со два Акорди, двата купени нови од Макпетрол. Пу пу да не урочам. Единствено редовен сервис и ништо друго.

Таткото на девојка ми исто има Акорд, 230.000 мислам дека има поминато, исто така без ниту еден проблем надвор од потрошен материјал.

Ако знам дека и половната Хонда што ќе ја купам ќе биде погодена како овие што ги знам, би дал повеќе отколку за конкуренцијата кај која цело време има нешто што заебава, ситно или крупно сеедно.
Иначе моето и искуството на блискиве е само со бензинци Хонда. Сега има еден нов ХРВ дизел, али рано е за него да кажам искуство.

Како се цените на делови (редовен сервис и други пропратни делови како ламела,потисна) споредено со германскиве ?

Отсутен deksa

  • Редовен
  • ***
  • Пораки: 1032
Одг: Honda Accord, Honda CR-V i Toyota RAV 4
« Одговори #5 на: 01 Јуни 2017, 14:18:02 pm »
БМВ и Мерцедес > Хонда и Тојота > француски, германски и италијански.
Некаде 30-35% поскапи од германските.
Пред да купам кола го правев тоа истражување за потрошен материјал (ламели, потисни, плочки, дискови и слично) и стигнав до тој резултат.

Sent from my Redmi Note 3 Pro using Tapatalk

Отсутен Banzai

  • Blitzqueen
  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 9998
Одг: Honda Accord, Honda CR-V i Toyota RAV 4
« Одговори #6 на: 01 Јуни 2017, 14:31:22 pm »
Како се цените на делови (редовен сервис и други пропратни делови како ламела,потисна) споредено со германскиве ?

Ламела и потисна сеуште немам менувано, 100.000 имам поминато. Плочки мислам дека менував два пати, сега и свеќици сменив. Останато е само уље и филтри. Цените на редовен сервис ми се слични како на Леонот 2.0 тди. Имам попуст во Макпетрол, па ми искача многу поефтино, иначе без попуст мислам дека ќе биде тука некаде како редовен сервис на Фолксваген/Сеат.
За вкусовите не се дискутира, по нив се плука.

Отсутен memory1

  • Почетник
  • *
  • Пораки: 20
Одг: Honda Accord, Honda CR-V i Toyota RAV 4
« Одговори #7 на: 01 Јуни 2017, 21:04:01 pm »
Dali ima information  za nekoi golemi problemi koi gi ima Cr-v? Imam citano odamna deka imase nesto seriozno tamu kako problem ama sega ne mozam da go najdam. Ocekuvano e deka trosocite za odrzuvanje se pogolemi otkolku kaj kola, ama dali ima  nekoi nesekojdnevni problemi?

Отсутен t0m1cA

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 3473
Одг: Honda Accord, Honda CR-V i Toyota RAV 4
« Одговори #8 на: 02 Јуни 2017, 01:19:37 am »
Споро загревање кај дизелот и ДПФ страда на моделите после 2007, нека ме исправи @Luki Junior ако сум грешка.

Отсутен Luki Junior

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 5041
  • The Spartan General
Одг: Honda Accord, Honda CR-V i Toyota RAV 4
« Одговори #9 на: 02 Јуни 2017, 06:59:24 am »
Споро загревање кај дизелот и ДПФ страда на моделите после 2007, нека ме исправи @Luki Junior ако сум грешка.

Не си грешка. За некои генерации на 2.2 моторот имаше и recall за испукана усисна грана. Исто, гледај да нема дпф. Тој е еден од малкуте мотори што исполнува Еуро 4 стандарди без да има потреба од ДПФ.
Fehlende Pferde Sterken sind mit Wahnsinn ersetzt.

Отсутен deksa

  • Редовен
  • ***
  • Пораки: 1032
Одг: Honda Accord, Honda CR-V i Toyota RAV 4
« Одговори #10 на: 02 Јуни 2017, 07:05:01 am »
Ако не се лажам кола без ДПФ иако поседува еуро 4 неможе да се увезе?
Распрашај се за тоа на технички па пиши да знаеме :)
Инаку од јапонските возила би одбрал исклучиво бензин, штета што како што рече Лордот кај нас се носат само дизели од странство, мада се наоѓаат и бензинци од тука.

Sent from my Redmi Note 3 Pro using Tapatalk
« Последно менување: 02 Јуни 2017, 07:14:27 am deksa »

Отсутен deksa

  • Редовен
  • ***
  • Пораки: 1032
Одг: Honda Accord, Honda CR-V i Toyota RAV 4
« Одговори #11 на: 02 Јуни 2017, 07:10:27 am »
http://www.nt.gr еве каталог за цени во Грција, некои цени се како кај нас, нешто поефтино, нешто поскапо.
Како и да е, ќе имаш отприлика претстава да споредиш меѓу брендовите кој и што е поскапо.
Горе десно во аголот одбери English :)

Sent from my Redmi Note 3 Pro using Tapatalk


Отсутен Luki Junior

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 5041
  • The Spartan General
Одг: Honda Accord, Honda CR-V i Toyota RAV 4
« Одговори #12 на: 02 Јуни 2017, 07:11:36 am »
.....

Така беше последен пат кога прашував за да увезувам за мене. Иако одговорот беше нецелосен и тогаш. Зависи некои да, некои не. Најмногу зависи колата моделски кога е произведена, и каква хомологација имала во Европа за време на производството.

А лотарија некако не ми се играше, и на крај си купив блејзин, и не згрешив. Но, ако е џипче, си сака дизел.
Fehlende Pferde Sterken sind mit Wahnsinn ersetzt.

Отсутен deksa

  • Редовен
  • ***
  • Пораки: 1032
Одг: Honda Accord, Honda CR-V i Toyota RAV 4
« Одговори #13 на: 02 Јуни 2017, 07:16:41 am »
Дада дефинитивно дизел за џип е подобра варијанта.
А што да е прецизно кај нас, па ова е сепак Македонија :))
Блејзин 4евер :()


Sent from my Redmi Note 3 Pro using Tapatalk


Отсутен KaZaN

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 3905
  • Шуруп Мајстор
    • Шуруп Мајстор
Одг: Honda Accord, Honda CR-V i Toyota RAV 4
« Одговори #14 на: 04 Јуни 2017, 15:14:40 pm »
Ако не се лажам кола без ДПФ иако поседува еуро 4 неможе да се увезе?
Распрашај се за тоа на технички па пиши да знаеме :)
Инаку од јапонските возила би одбрал исклучиво бензин, штета што како што рече Лордот кај нас се носат само дизели од странство, мада се наоѓаат и бензинци од тука.

Sent from my Redmi Note 3 Pro using Tapatalk
Меривата ми е без дпф, еуро 4. 2004та произведена. Без никаков проблем ја увезов лани во Ноември.

Е сега, од тогаш нааму ако се сменило нешто...